HACCP – Воспоставување на процедури за мониторинг

Што преставува мониторингот

Мониторингот претставува набљудување или мерење на конкретни оперативни чекори во процесот со цел утврдување на критичните граници на храната. Оваа активност се препорачува за да бидете сигурни дека Вашите критични контролни точки се под контрола.

Со мониторингот ќе се идентификува, кога постои загуба на контрола или тренд кон губење на контрола, така што ќе може да се преземат корективни мерки.

Треба да се одговори на следниве прашања:

  • Што ќе се следи, набљудува?
  • Како ќе се следи?
  • Кога и колку често ќе се набљудува?
  • Кој ќе биде одговорен за следењето?

Во управувањето со системот на безбедноста на храната одредени процеси се идентификувани како активна менаџерска контрола. Што ќе се случува и што ќе се следи зависи од критични граници кои ќе се воспостават. Конечната температура и мерките на времето се многу важни и треба да утврдите како ќе можете ефикасно да ги следите критичните граници.

Утврдување на системот за следење е важен фактор во развојот на системот за менаџирање на безбедноста на храната. Ако сте избрале опрема за следење на една специфична критична контролна точка, треба да се осигурате дека таа е точна и рутински калибрирана за да осигурате дека ќе бидат исполнети критичните граници. Исто така ќе обрнете внимание при изборот на опремата дека таа е соодветна и за следењето што се прави.

При одлучувањето колку често ќе вршите мониторинг, треба да се осигура дека интервалот на мониторингот ќе биде соодветен за да се обезбеди контрола на опасностите. Вашата постапката за мониторинг треба да биде едноставна и лесно следлива.

АМБИОН - Систем за мониторинг на температура

АМБИОН – Систем за мониторинг на температура

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги задоволува сите претходно спомнати барања. Температурата се мониторира континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на обработка на храната.

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности.

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои е чувана храната, анализа на вредностите и преземање на соодветни промени за да се подобрат безбедносните услови за чување и обработка на храната.

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение.