Нов повик за ИПАРД програмата

ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2019 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2014-2020)

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во првата половина на месец јули 2019 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).

ИПАРД 2 Програмата 2014-2020

ИПАРД 2 (2014–2020) е проектирана на вкупно 106 милиони евра од кои 60 се наменети за кофинансирање инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија, а останатите 56 за изградба на мали системи за наводнување, за изградба на пристапни патишта до обработливите површини и електрификација на полињата. За разлика од ИПАРД 1 каде соодносот на финансирање беше 50:50, во ИПАРД 2 стапката на кофинансирање инвестиции на земјоделски стопанства ќе изнесува 65% за млади земјоделци и 70% за земјоделски стопанства на над 700 метри надморска висина. Стапката на кофинансирање е зголемена на 65% и за инвестиции за основање и модернизација на мали претпријатија и занаетчиски дејности во руралните средини, како и за инвестирање во капацитети за рурален туризам.

Следење на температурата како критериум за воведување на стандарди за производство

Следење на температурата е критична операција за многу повеќе индустрии отколку што претпоставувате. Постојат и многу законски регулативи или регилативи поврзани со имплементација на одредени индустриски стандарди, кои имаат потреба за следење на температурата и, исто така, има потреба од доказ (записи) дека сите релевантни барања за следење на температура се исполнети. Податоците за температурата што се собираат мора да бидат анализирани и презентирани во извештаите до соодветните институции и, исто така, се чуваат во досие за измерените температури по објекти за повеќе години.

АМБИОН преставува примарна алатка за следење на  температура во голем број на индустрии. Производите или средините во  кои треба да се следи температурата, обично се врзани со безбедноста на потрошувачите на еден или друг начин. Без разлика дали тоа е  храна или вакцини, недостатокот од мониторинг на температурата при нивното складирање или манипулација може да биде апсолутно опасно за крајниот потрошувач.

Како што можете да видите, постојат многу различни операции во различни индустрии каде мора да се користи систем  за следење на температурата со многу различни потреби за секоја од нив. Изборот на АМБИОН е вистинскиот чекор, затоа што АМБИОН со својата прилагодливост лесно може да се имплементира во  голем број на сектори кои се подржани со ИПАРД 2 програмата и да одговори на сите предизвици за мониторинг на температура и релативна влажност.

АМБИОН е комплетно македонски производ и поради тоа тој е прифатлив за да го користите при имплементација на Вашите проекти со кои конкурирате во ИПАРД 2 програмата.

Тимот на АМБИОН Ви стои на располагање во имплементација на соодветно решение за мониторинг на температура и релативна влажност