По дефиниција стандард е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признато тело, со кој, заради општа и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определни активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување оптимален степен на уреденост во определно подрачје. Сепак, во суштина стандардот значи дека сте се обврзале да креирате квалитет. Сопствениците на компании од прехрамбената индустрија често се во спрега со исполнување на строгите стандарди и своите соништа. Во продолжение прочитајте како стандардите може да работат за Вас. Дознајте како да креирате исклучителен бизнис!

Зошто е важен ИСО 22000?!

ИСО 22000 е систем за управување со безбедност на храната. Овој стандард во себе вклучува анализа за опасности и критични контролни точки (HACCP). Но, исто така вклучува и други управувачки процеси кои допринесуваат за безбедноста на храната. Поедноставно кажано HACCP е дел од ИСО 22000. Правилната имплементација на ИСО 22000 е Ваша обврска кон клиентите како секогаш би имале безбедни и квалитетни производи. Покрај тоа, ИСО 22000 ќе влијае позитивно во повеќе сегменти од Вашиот бизнис. Една од главните придобивки, покрај управувањето си ризиците, е зголемената ретенција на постоечките клиенти. Тоа секогаш е и здрава препорака и можност за нови клиенти. Тоа значи дека автоматски имате поголем пазарен потенцијал. Повеќе за ИСО 22000 стандардот да прочитате тука. Вашите клиенти го заслужуваат најдоброто! Создавајте квалитет!

Како правилно да вршите мониторинг?!

Грижете се за Вашиот бизнис како мајка што се грижи за своите деца! Не можете ниту да размислувате дека имате сериозен бизнис доколку немате целосен мониторинг буквално на секој сегмент од Вашиот бизнис. Еден од најважните сегменти во имплементацијата на ИСО 22000 е мониторингот на температури и релативна влажност. Во управувањето со системот на безбедноста на храната одредени процеси се идентификувани како критични и за нив е потребна континуирано следење и контрола. Што ќе се случува и што ќе се следи зависи од критични граници кои ќе се воспостават. Мониторингот на температури и релативна влажност е основна точка за безбедноста на храната. Мониторингот на подразбира само мерење на температури, туку и систем кој ќе Ве алармира за евентуалните промени на температурите. Можеме да ви помогнеме како да воспоставите беспрекорен систем за мониторинг. Закажете консултативен разговор! 

Ambion System за исклучителен бизнис!

Правилниот мониторинг на температура и релативна влажност е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваа македонските компании во мисијата за исполнување на сите стандарди. Конечно пред Вас е решение кое ќе Ви обезбеди безбедност и квалитет на Вашите производи! Ambion System –  Вашиот чувар на квалитетот! Заборавете веќе на загубите поради расипани производи. Доста ја фрлате Вашата иднина во депонија! Ambion System ќе ве алармира за секое пречекорување на потребните маргини по пат на mail или смс! Доста го трошите драгоценото време на непотребни работи. Имате можност извештајот за HACAPP да се пополнува автоматски! Со помош на Ambion Термограф можете да бидете сигурни дека Вашите производи ќе останат безбедни и со најдобар квалитет и при транспортот. И сето ова ќе можете да го докажете во било кое време. Животот и бизнисот е сплет на можности, препреки и одлуки. Единствено се разликуваме по одлуките кои ги носиме! Донесете победничка одлука!

Создадете Ваши стандарди!

Најважниот стандард сте Вие и Вашата визија за сопствениот бизнис! Креирајте стандард препознатлив само за Вашата компанија! Имаме решение како да создадете исклучителен бизнис! Закажете консултативен разговор!