Превоз на производи осетливи на промена на температура и влага

Мониторинг на температура и влага

Систем за континиурано мерење на температура и влага во Вашите возила

Печатење на измерените вредности

Печатење на листа на измерени вредности на температура и влага за остварениот транспорт

Чување на измерените вредности

Чување на неограничен број на записи за измерените вредности

AMBION ТЕРМОГРАФ е вистинското решение за Вас

Повеќе за Амбион Термограф

Дали превезувате производи кои се осетливи на температура и влага?
Месо и месни производи, млеко и млечни производи, сладолед, лекови или други производи кои се осетливи на промена на темепратура и влага.
Сакате Вашите корисници да се сигурни дека дека нивните производи се превезуваат во соодветни услови?
Потребно Ви е да имате печатена евиденција за условите под кои се транспортирани производите со Вашите возила?

AMBION ТЕРМОГРАФ е вистинското решение за Вас!

Следењето на температурата и влагата за време на превозот на стока е значајно и задолжително барање за многу индустрии.
Системите за следење на температура и влага се стандарден дел од спецификациите за транспорт на производи во контролирани услови и истите се законски пропишани.

AMBION ТЕРМОГРАФ преставува уред за континуирано мерење на температура и влага на до две независни мерни точки во Вашите транспортни возила. Системот ги запишува и чува измерените вредности и овозможува печатење на листа на измерените вредности и моменталните вредности на температура и влага.

  • Единствени на пазарот

    Најповолно и најмоќно решение во Македонија од овој тип споредено со сите странски конкурентски решенија

  • Законски обврски

    Комплетно регулирање на Вашата законска обврска за следење и евидентирање на вредностите на температура и влага при транспорт на производи во контролирани услови.

  • Корисничка поддршка

    Професионална и брза поддршка директно од тимот на производителот за: совети, дијагноза, гаранција, одржување, надградби. Модификации на системот според Ваши потреби.

  • Комплетна интеграција

    Комплетно интеграција со АМБИОН решението и преку него автоматизирана интеграција со Вашиот постоечки ERP апликативен систем (книговодство, материјално работење, фактурирање, …) со преземање и предавање на потребни информации и податоци.

  • Технички карактеристики

    Интервал на запишување од 1 до 99 минути, Интегриран часовник и календар со сопствена батерија од 3 V, Мерење на температура и влага во распон: -40-80 °C; 0-100 % RH, Функционира со напојување од 12-30V, Вклучи и користи, Кориснички сетирања: Име на фирма, регистрација на возило, фреквенција на проверка