Posts

Следење нa температура при производството на колбаси

Примена: Следење на температура при производството на колбаси

За да се обезбеди производство на стандардни и висококвалитетни преработки од месо при производство на колбаси треба да се потврди дека температурата за време на производствениот процес се одржува на соодветно ниво за да се елиминира можноста од  појавата на патогените, производствените погони треба да имаат точна  и сигурна опрема за континуирано следење на температурата и алармирање при надминување на дозволените граници.

Позадина:

Преработените месни производи (колбаси) се сметаат за потенцијално опасна храна (ПХФ), имено храна која бара контрола на температурата за да сме сигурни дека имаме производ кој е соодветен за кознумирање од нашите корисници.

Температурата на готвење и ладење за време на процесот на производство на овие производи мора внимателно да се следи и контролира со цел да се почитуваат меѓународните стандарди и прописи (HACCP, ISO, GMP, FDA, BRC, FSIS итн.), За да се обезбеди стандарден и висококвалитетен производ и да се потврди дека температурата за време на процесот се одржува на соодветно ниво за да се елиминираат патогените.

Фабриката за производство  на колбаси треба да има точна и сигурна опрема за следење, вклучувајќи систем за  чување на измерените податоци  и систем за алармирање за да се обезбеди дека температурите за време на производствените процеси се во дозволените граници.

Proizvodstvo na kolbasi

Можни корисници:

Сите преработувачи на месо кој сакаат да ги задоволат највисоките законски стандарди и во исто време да ги задоволат барањата на најпребирливите купувачи.

Клучни предизвици за клиентите:

При производство на колбаси и други месни производ, компанијата треба да ги подготвува своите прехранбени производи во печки за време на производствениот процес со цел да ги уништи паразитите и патогените бактерии, со што ќе резултира со безбедни производи.

Процесот на ладење, исто така, треба внимателно да се следи и контролира. Различни комбинации на време на подготовка и ладење може  да се користат во процесот на готвење, ладење и чување во фрижидери.

  • Фабриките работат секогаш со повеќе печки и повеќе ладилници, што значи дека секогаш има повеќе производи кои го поминале процесот на готвење и чекаат за процесот на ладење. Во овој случај, системот за следење може да се користи за следење на производите по процесот на готвење за да се осигура дека тие се правилно оладени. Внатрешната температура треба да се контролира и да се намали од 55 °C до 26 °C за не повеќе од 5 часа.
  • Температурата на производите исто така мора да се следи додека се складирани во фрижидерите за да се обезбеди внатрешната температура на производот да се доведе од 26 °C до 7 °C за не повеќе од 10 часа.
  • Фабриката мора да има решение за да може да ја потврди вистинската температура во ладилникот секогаш кога постои сомневање за јаз помеѓу температурата од контролерот на ладилникот и реалната температура.
  • Компаниите има потреба од алатка која им овозможува да ја следат температурата на производот во ладилникот и во текот на периодот кога не се во самите објекти со што се потврдува дека нивните производи секогаш се чуваат на соодветна температура

АМБИОН Систем за мониторинг на температура

АМБИОН на компаниите производители на колбаси и други преработки од месо им обезбедува алатка која ги покрива сите нивни барања за континуирано следење на температурата, алармирање, редовно известување и можност за графички и табеларни извештаи за измерените температури. Ова решение во исто време ги пополнува сите извештаи предвидени со стандардите за производство на храна ( HACCP, ISO 22000, итн)

Ако сакате повеќе информации за АМБИОН системот за мониторинг, Ве молиме слободно контактирајте со нас. Можете да ни испратите порака, да оставите коментар, или да не побарате на 075/356-233, нашиот тим ќе биде среќен ако може да Ви помогне.

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение. 

Услови за чување на овошје и зеленчук

Соодветни услови за чување на овошјето и зеленчукот, температура на складирање и влажност, се потребни за продолжување на рокот на траење и одржување на квалитетот на земјоделските производи. 

Откако земјоделскиот производот е веќе собран  невозможно е да се подобри неговиот квалитет. Загубите на градинарски култури поради неправилното складирање и ракување може да се движат од 10 до 40 проценти. 

Свежото набрано овошје и зеленчук се живи, иако тие веќе не се повеќе на растението. Тие дишат, исто како што луѓето го прават, а нивниот состав и физиологија продолжува да се менува и по бербата. Тие продолжуваат да зреат и, конечно, тие почнуваат да изумираат. Клеточното распаѓање и смрт (стареење) се неизбежни, но може да се забаваат со оптимални услови за чување. Свежото овошје и зеленчук бараат ниска температура (0 до 13 °C) и висока релативна влажност (80 до 95 проценти) за да се намали испарувањето и да се забави метаболизмот и  стапката на загуба на вода. Преку забавување на овие процеси се намалува загубата на вода и се одржуваат  хранливата вредност и квалитет на овошјето и зеленчукот. 

Релативна влажност 

Стапката на транспирација (загубата на вода од производот) се утврдува преку содржината на влага на воздухот, кои обично се изразува како релативната влажност. На висока релативна влажност, производство ја одржува продажната  тежина, изглед, хранливото својство и вкус, додека пропаѓањето, омекнување и скапувањето се намалуваат. Зеленчукот со висок сооднос на површина  во однос на волумен; повредените производи; и недоволно зрелото овошје и зеленчук имаат повисоки стапки на транспирација. Надворешните фактори кои влијаат на стапката на  транспирација се температурата, релативната влажност на воздухот, брзина на воздухот и атмосферскиот притисок. Високите температури, ниска релативна влажност и високата брзина на движење на воздухот влијаат на пораст  на загубата на вода. 

Релативната влажност треба да биде следена во коморите.  Систем за мониторинг на релативна влажност е вистинското решение наместо обичен влагометар или пак проценка спрема изгледот на производот.   

Контролата на влагата може да се постигне преку повеќе методи: 

  • Користење на овлажнувачи на воздухот 
  • Регулирање на движењето на воздухот и вентилација во коморите.  
  • Користење на бариери за влага за изолација на просторот за складирање и просторот за превоз 
  • Влажнење на подот во коморите за чување на овошје и зеленчук. 
  • Користење на дробен мраз за пакување на производите при транспорт 
  • Прскање на листовите на одредени типови на зеленчук со вода. 

Во следната табела можете да ги погледнете оптималните влажност за чување на различни видови на овошје и зеленчук. 

чување на овошјето и зеленчукот

Температура 

Испарувањето и брзината на метаболизмот се директно поврзани со температура на чување на производот. Повисока стапка на испарување значи побрзо расипување на производите. Пониската температура значи забавување на процесите на испарување, зреење и стареење, со што се  продолжува рокот за складирање на овошје и зеленчук. 

Ниските температури, исто така, го забавуваат растот на патогените габи кои предизвикуваат расипување на овошје и зеленчук во коморите. Производителите треба да обрнат  посебна грижа и внимание на соодветни услови за чување на производите со висока до екстремно висока стапки на испарување. Кај овие производи нивното расипување се случува многу побрзо. 

Невозможно е да се даде една препорака за складирање на сите овошје и зеленчук. Климата во областа каде што потекнува култура, локацијата на производните капацитети, времето на берба, зрелоста на производот  се важни фактори во одредувањето на оптимална температура. Во табелата можете да ги погледнете општите препораки за чување во ладилни комори на различни видови на овошје и зеленчук.  

Комори за складирање 

Различните култури  бараат различни услови на чување, поради ова разликуваме три различни  типови на капацитети за чување на овошје и зеленчук: 

  • Ладилници (температура 0 до 2 °C). 
  • Ладно складирање (температура 4 до 13 °C). 
  • Топло складирање (температури од 13 до 16 °C)   

Следење на температурите со помош на Систем за мониторинг на температура е корисен во одредување дали во просториите за складирање се одржуваат соодветни услови за чување на овошјето и зеленчукот. Користењето на Систем за континуирано следење на температура и релативна влажност ќе Ви овозможи оптимални услови за максимална должина на чување на производите и минимизирање на оштетувањата на производот во текот на неговото складирање. Ова ќе влијае врз задоволството на Вашите корисници, помалку расипани производи и можност за флексибилност во чување на производите на подолг рок додека се чекаат соодветни пазарни услови за негова продажба.  

 АМБИОН – Систем за мониторинг на температура 

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги задоволува сите претходно спомнати барања. Температурата и влагата се следат  континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на чување на овошјето и зеленчукот. 

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата и влага. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности. 

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои се чувани производите, анализа на измерените вредности и преземање на соодветни мерки за да се подобрат услови за чување на овошје и зеленчук. 

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение. 

Соодветна температура и релативна влажност при суво зреење на месото

Сувото зреење на месо е процес на чување месо без заштитна амбалажа, на температура од 1-4 оС во период од една до пет недели, за да се овозможи контролирано одвивање на природните ензимски и биохемиски процеси кои треба да резултираат со поголема мекост и создавање на специфичен вкус.

Период на зреење – Периодот на зреење варира и во праксата и низ литературата. Минималниот период за зреење и постигнување почетни промени на квалитетот на месото изнесува 14 дена.

meso cold

Температура на зреење – Температурата при складирањето многу е битно да е над температурата на мрзнење на месото (-2 до -3°C), заради тоа што на тие температури сопираат ензимските процеси кои се вклучени во зреењето. Ако температурата е повисока, ензимите кои учествуваат во зреењето ќе го забрзаат процесот, што и не претставува посебен проблем. Сепак, зголемувањето на температурата доведува до зголемување на бројот на микроорганизмите кои ќе го забрзаат процесот на расипување со појава на лош мирис и вкус. Заради тоа одредувањето на идеалната температура е предуслов за доброто зреење на месото. Литературата кажува дека температурата се движи помеѓу 0 – 4°C.

Влажност – Едно од најчестите прашања во врска со параметрите за зреењето е релативна влажност во просторијата за зреење на месо. Високиот процент на влага, во коморите за зреење, предизвикува размножување на бактериите кои предизвикуваат расипување а со тоа и појава на лош мирис и лош вкус. Од друга страна, ако влажноста е на многу ниско ниво, ќе дојде до зголемено губење на водата од површината на месото и собирање на месото. Општ заклучок е дека релативна влажност во коморите за зреење на месо се движи во границите од 75% до 85%.

Мониторинг на температурата и релативната влажност – Мониторингот на температурата и релативната влажност во текот на сувото зреење на место е од огромна важност. Мониторингот овозможува редовно следење на вредностите на температурата и релативната влажност во комората за зреење и навремено реагирање при секоја промена на овие параметри над дозволените вредности. АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност е решение кое овозможува автоматизирано и прецизно следење на овие параметри и нивна анализа што овозможува од процесот на суво зреење на месото да произлезе безбеден и квалитетен производ кој ќе се дистрибуира до крајните потрошувачи.

АМБИОН во медиумите

АМБИОН во медиумите

АМБИОН Системот за мониторинг и контрола на температура и релативна влажност беше преставен во емисијата Храна и Здравје на ТВ Сонце.

Во емисијата беше разговарано за сите решенија на Зонел Софтвер но главен акцент беше ставен на објаснување на карактеристиките на АМБИОН, во кои се индустрии АМБИОН може да се употребува и начинот на продажба на АМБИОН.

Во емисијата исто така се разговараше за важноста за користење на систем за мониторинг и контрола на температурата во индустријата на преработка и чување на храна, посебно како да се обезбеди крајниот корисник секогаш да добие  квалитетен и здрав производ.

Целосната емисија можете да ја погледнете во видеото подолу: