Posts

Со AMBION TermoPlus ја следиме секоја температура од 0°C до +1000°C

Мониторинг на температурата во индустриското производство

Следењето на температурата е од суштинско значење при индустриското производство за да се намали производната загуба, да се ублажи намаленото производство или да се минимизира појавата на оштетени производи.

Ние во Зонел Софтвер знаеме дека може да се појават голем број фактори кои можат да придонесат за  изложување на вашата опрема или производи на температури што би можеле да предизвикаат многу високи загуби за Вашата компанија. Ние соработуваме со експерти во индустријата за да развиеме соодветни решенија за мониторинг на температура посебно за индустрискиот пазар.

Мониторинг на температура на хемикалии

Ние знаеме дека хемикалиите се многу чувствителни на температура. Одржувањето на безбеден температурен опсег при работењето, складирањето или транспортирањето на хемикалиите е од клучно значење и за безбедноста и за ефикасноста на самите производи.

Во Зонел Софтвер развивме решение за следење на температура со кое ќе се  обезбеди безбедноста на Вашите вработени и производите. Со AMBION TermoPlus  системот за следење на температурата  брзо ќе знаете дали вашите производи се изложени на потенцијално опасни температури.

Мониторинг на температура во автомобилската индустрија

Стабилно решение за следење на температурата е врвен приоритет за автомобилската индустрија. Техничкиот тим на Зонел Софтвер работеше на развивање на решенија за следење на температурата кои обезбедуваат долгорочна стабилност и прецизни мерења на температурата, дури и при екстремни температури.

Од производни процеси до складирање и дистрибуција, AMBION TermoPlus e  решение кое на автомобилската индустрија и помага за да се осигури безбедноста  и квалитетот на производите.

AMBION TermoPlus

Мониторинг на температурата во индустријата каде се користат Бои, Премази и Лепила

Карактеристиките на  процесите во кои се користат бои, премази и лепила се такви да тие се природно чувствителни на температура. Ако овие производи се изложени на температури надвор од одреден опсег, тие може да станат нестабилни, неправилно дејствуваат и генерално да резултираат со компромитирани перформанси на производите.

Многу бои, премази и лепила, исто така, содржат потенцијално запалив и отровен материјал. Одржувањето на овие производи во одреден температурен опсег е од суштинско значење за безбедноста.

AMBION TermoPlus е решение за следење на температурата за да Ве предупреди ако нешто е изложено на екстремни услови кои можат да влијаат врз безбедноста, квалитетот или интегритетот на Вашиот производ.

AMBION TermoPlus

Што преставува AMBION TermoPlus

Напредно решение за следење, евиденција и анализа на температурата во различни индустрии каде се изведува индустриска термичка обработка и каде се чуваат производи осетливи на промена на температурата.

Мерење на температура во реално време до 5 мерни точки. Графички и аналитички извештаи за измерените температури. Анализа на измерените температури во одреден период за одреден сензор (сонда) со можност за филтрирање на податоците по различни критериуми.

Алармирање по пат на електронска порака (e-mail)  или СМС при надминување на предефинирани
критични вредностина температурата.

Време е за акција СЕГА!!!

Побарајте не! 

075/356-233

Тимот кој е одговорен за АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност Ви стои на располагање за презентација на решението и да Ви помогне во неговата имплементација.

5 Предности од користење на систем за мониторинг на температурата и релативна влага

Постојат неколку начини за следење на амбиенталните услови во простгориите за складирање. Најчесто користен начин е употребата на мали, базични логери на податоци. За одредени апликации, логерот за податоци е доволен, на пример, за следење на  температура и  влага во простории, каде што нема опасност од оштетување на производите и едноставно Ви е потребна евиденција за референтни цели.

Меѓутоа, ако имате производи чувствителни на промена на температура и релативна влага, особено ако нема да бидете во просториите 100%  од времето, системот за мониторинг на амбиентални вредности со вклучен аларм кој континуирано ги следи состојбите ќе ви биде од огромна корист.

Постојат многу предности за користење на систем за следење на температурата и релативна влажност, подолу ние составивме 5 клучни фактори кој овој систем го потврдуваат како ефикасен метод за одржување на стабилни услови во просториите за чување на производи осетливи на промена на температура и релативна влага.

1) Заштедете пари

Користењето на систем за континуирано следење на температурата и релативна влага  ќе ви заштеди пари на долг рок, за потрошените акции, отповикувањата на производите итн. Ако постои потенцијален проблем, веднаш ќе бидете известени, пред да биде предоцна.

2) Ефикасно и соодветно

Сите извештаи автоматски се подготвуваат за вас, Вие не морате да мрднете со прст. Сите извештаи ќе бидат испратени до вас секое утро преку е-пошта.

АМБИОН Систем за следење на температура и релативна влажност

3) Достапно од било каде

Моменталните вредности на амбиенталните параметри можете да ги следите на секој уред (лаптоп, десктоп, мобилен, таблет) и од секоја локација. Извештаите и алармите  може да се праќаат директно до вас преку е-пошта и SMS за да не треба да губите време за проверка на секој одделен сензор во различни простории.

4) Лесен за користење

Некои системи за следење бараат  сложена инсталација и одржување што одземаат многу време, но со АМБИОН системот на Зонел Софтвер се е многу едноставно за поставување а неговото користење е многу едноставно и корисниците брзо се прилагодуваат на неговото користење.

5) Поповолно одошто мислите

AMBION Системот е достапен веќе од 490 евра и со големиот број на можни прилагодувања  е достапен за најразлични бизниси од мини маркети со неколку  фрижидери до големи производствени капацитети со голем број на ладилни комори и магацини каде има 100-тина мерни точки.

АМБИОН Системот за следење на температура и релативна влажност нудат пристапна цена, но сигурно решение за оние кои треба постојано да ги следат амбиенталните вредности во сите простории. Се надеваме дека 5 предности што се наведени погоре ќе ви помогнат да го одберете решението кое најдобро ќе одговори на вашите барања.

Ви требаат дополнителни информации?

Ако сакате повеќе информации за АМБИОН системот за мониторинг или имате дополнителни барања за кои сакате да разговарате, Ве молиме слободно контактирајте со нас. Можете да ни испратите порака, да оставите коментар, или да ни повикате на 075/356-233, нашиот тим ќе биде среќен ако може да Ви помогне.

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение. 

Уште еден силен аргумент за Вашата правилна одлука

КАДЕ се наоѓа AMBION на домашниот пазар?

Во следнава табела погледнете само дел од предностите на AMBION, во однос на другите домашни и странски решенија за мониторинг на температура и релативна влажност кои егзистираат на пазарот.

Карактеристики

Домашно решение

Странско Решение

Мониторинг на температура и релативна влажност од повеќе мерни точки во реално време

Софтверска анализа на измерените вредности во одреден период за одреден сензор (сонда)

Генерирање на аналитички и графички извештаи за измерени вредности на одредена мерна точка во одредени периоди

×

Автоматско пополнување на Дневник за измерени температури за HACCP

×

×

Алармирање по пат на СМС и електронска порака (e-mail) при надминување на предефинирани критични вредности

×

×

Самостоен контролер за евиденција на температури и релативна влажност со сопствена меморија и часовник

SD Мемориска картичка во контролерот за складирање на податоците за измерените вредности

×

Можност за мерење на дополнителни амбиентални вредности
(влага, прашина, …)

×

×

Можност за доработки на софтверот по барање на корисниците

×

×

Професионална и брза поддршка директно од тимот на производителот

×

×

Висока Цена

×

АМБИОН – Иновативно решение за безбедна храна

Во Македонија се произведува и се консумира здрава храна и не е голем процентот на штетни емисии во воздухот и во почвата во споредба со соседните земји. Трендот со органското производство, пак, ја зголемува довербата кај потрошувачите за набавка на безбедни производи од животинско и растително потекло. Сепак, компаниите кои се занимаваат со производство на храна треба да посветат поголемо внимание на исполнувањето на одредени стандарди за чување на квалитетот на храната, со што ќе ја зголемат и конкурентноста.

Ова, меѓу другото, беше констатирано на вчерашниот настан во организација на Зонел Софтвер, Стопанската комора на северозападна Македонија, СКСЗМ, и ЦС Констан посветен на стандардите и исправниот режим на чување и на манипулација на храната, како клуч за безбедност на храната.

Според Фатмир Битиќи, извршен директор на СКСЗМ, обуките претставуваат нов сегмент во работењето, со цел да се види колку компаниите се подготвени да бидат конкурентни, имајќи го предвид квалитетот на храна што го нудат.

Гоце Џуровски од „Зонел Софтвер“ појасни дека нивното софтверско решение што им се нуди на компаниите, претставува мониторирање на температурата и на релативна влажност на операторите кои работат со храна и кои можат да наидат на проблеми, како што е расипувањето и неодржувањето на нивото на квалитетот на храната.

„Ова целосно им ги решава сите потреби во согласност со законите, а посебно во однос на ХАСАП-стандардот. Дневникот на температури кои треба да се мери, автоматски ќе се пополнува. Меѓутоа, ова решение овозможува и целосна анализа на она што се работи, во однос на температурата за производот, но ќе се алармира во случај на надминување на одредени вредности“, истакна Џуровски.

Инаку, нехигиенските услуги во производството, немањето на декларации и непочитувањето на стандардите се најчестите поплаки што потрошувачите ги доставуваат до Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Го презентиравме стандардот за квалитет на храната кај малите и средните производители за храна, што е присутен во Баварија, но наоѓа примена и на Балканот. Со овој стандард производителите на храна во регионот имаат можност да добијат полесен пристап до пазарите во ЕУ“, истакна Жан Станоевски од компанијата „Констант“.

Според професорот Мишо Христовски од Факултетот за ветеринарна медицина, во Македонија нема многу штетни емисии, но сепак се произведува здрава храна.

„Трендот со органското производство ја зголемува довербата кај потрошувачите кои сакаат да обезбедат сигурни производи од животинско и од растително потекло. Ценам дека во Македонија има безбедна храна, за разлика од некои наши соседи, како што се Косово и Бугарија“, рече Христовски и порача дека граѓаните можат да им веруваат на институциите и на производителите за безбедноста на храната.

Настанот во Медиумите: Вечер, Утрински Весник, Репортер, Plusinfo.mk, МИА

Чување на овошје во ладилници

Чувањето на овошјето има за цел да го сведе на минимум животниот процес на плодовите и со тоа да ја продолжи нивната трајност. Зимските сорти јаболка и круши чувани во плодочувалишта постепено дозреваат и при тоа го добиваат карактеристичниот вкус.

Складирајќи го овошјето во плодочувалиштата, пазарот се растоварува од одделните овошни видови во сезоната на нивното зреење и се обезбедува рамномерна распределба, подолготрајна потрошувачка и поуедначена цена на плодовите.

Трајноста на чуваните плодови е зависна од повеќе фактори, пред се од интензитетот на процесите кои се одвиваат во плодовите – (транспирација, дишење, физиолошки особини на плодот, степенот на зрелоста при берењето и др.).

apple

Услови за чување на плодовите

За успешно и подолгорајно чување на плодовите во свежа состојба, неопходно е да се исполнат одредени услови и тоа:

– плодовите да бидат здрави, без механички повреди;
– без последици од напад од штетници и болести;
– да се собрани навреме и во што покус рок;
– да се со средна големина и
– да припаѓаат на иста сорта

Условите кои ги смалуваат физиолошките процеси на плодовите и помагаат за одржување на нивниот квалитет со максимална должина на траење (чување) се сметаат за оптимални.

Интензитетот на биохемиските процеси на чуваните плодови главно зависи од температурата и релативната влажност на воздухот во плодочувалиштето. Квалитетот на чуваните плодови значи ќе биде зависен од споменатите фактори и сортните особини. Во исти услови на чување разните сорти нееднакво се однесуваат. Поради тоа постојат и различни плодочувалишта во кои се обезбедуваат оптимални услови за чување на одредената сорта Постојат обични плодочувалишта во кои не се вградени уреди за регулирање на топлотниот и влажниот режим во просторијата. Во нив можат да се чуваат некои зимски сорти јаболка и круши и подолго време (3-5) месеци, а притоа да не се изгуби од квалитетот на чуваното овошје. Денес постојат плодочувалишта – ладилници во кои има контролирана атмосфера. Сортите од оделните овошни видови кои имаат поголеми барања во поглед на условите за чување можат во вакви услови долго време да бидат чувани а при тоа да не изгубат од својот квалитет.

Во ваквите плодочувалишта – ладилници се внесуваат само здрави и чисти плодови класирани, со што се врши и рационално користење на коморите и енергијата за ладење на просторијата и плодовите.

Регулирањето на температурата се врши зависно од принципот на кој работат компресорите. Ладилниците можат да бидат со различни капацитети зависно од потребите. Тие се обично составени од повеќе комори каде се чува овошјето, машинско оделение со уреди за класирање и пакување. Зимските сорти јаболка и круши се чуваат при температура од еден до три степени и 85 – 90% влажност на воздухот. При повеќемесечно чување на плодовите во контролирани услови, загубите во тежина – кало од транспирација не се повеќе од 2-4% наспрема 15-20% загуба од плодовите од истите сорти, чувани во обични плодочувалишта.

Со имплементација на АМБИОН – решение за мониторинг на температура и релативна влажност во Вашите ладилници овозможувате комплетен мониторинг на движењето на температурата и релативната влажност, можност за анализа на измерените вредности во одреден период на одредена мерна точка или на повеќе мерни точки и можност за алармирање во случај на надминување на дефинираните критични вредности на некоја од мерните точки. Алармирањето може да биде преку СМС, електронска пошта или звучен аларм.

Со сите овие предности кои ги нуди АМБИОН ќе овозможите поквалитетно и подолготрајно чување на овошјето во Вашите ладилнци.

HACCP и систем за мониторинг на температура

Согласно Законот за Безбедност на храна сите оператори со храна (месна и млечна индустрија, ресторани, производство на сладолед и др.) треба да имплементираат HACCP. Една од обврските при имплементација на HACCP е и постоење на систем за мониторинг на температура.

Обврска за следење на температурата постои секаде во просториите каде се пакуваат, преработуваат или складираат производи осетливи на температура.

За сите овие локации компанијата е обврзана да води дневници за температура или документирани отпечатоци од термометар за следење кои секојдневно треба да бидат потпишани од страна на надзорникот. Доколку мерењата се евидентираат мануелно, во дневникот треба да се забележи временскиот интервал кога биле направени отчитувањата. Временскиот интервал е различен за различни типови на индустрии и се движи од потреба на запишување на температурата на секои 2 часа до 3 пати дневно за помалите продавници и ресторани.

Сакаме да Ве информираме дека со AMBION – систем за мониторинг на температура ги избегнувате сите проблеми со овој закон.

AMBION – Интелигентен систем за мониторинг на температура и релативна влажност е решение кое Ви овозможува комплетно автоматско регулирање на Вашата законска обврска за следење и евидентирање на температурата.

AMBION Ви овозможува автоматско пополнување на Дневник на температура за HACCP. AMBION ослободува најмалку еден Ваш вработен од обврската од мануелно пополнување на Дневникот на температура а во исто време не дозволува грешки настанати поради човечки фактор при мануелно читање на температурата.

систем за мониторинг на температура

Со AMBION имате можност за мерење и на други амбиентални параметри: прашина, CO2, бучава, светлина … според Вашите потреби.

За сите потребни информации нашиот тим Ви стои на располагање.