Тимот за развој на Ambion System константно работи на усовршување на нашите решенија како дополнително би го олесниле Вашето работење. Покрај веќе постоечките параметри температура и влага, отсега Вашиот Ambion System има можност и за мониторинг на C02. Мониторингот на C02 е од витално значење во повеќе индустрии. Во продолжение прочитајте зошто се одлучивме да инвестираме во мониторингот токму на овој прематар и зошто е важно да овозможите мониторинг на CO2 во Вашиот бизнис.

Кои се потребите?

Потребата од мониторинг на CО2 е многу важна во повеќе различни индустрии, пред се за квалитетот на производите и безбедноста на персоналот. Ова се дел од индустриите кај кои мониторингот на CO2 e многу значаен:

  • Производство на земјоделски производи

Оранжериите се добар пример за тоа како приносот може да се контролира со CO2. Мониторингот на CO2 значително може да го зголеми приносот а со тоа и профитот на компанијата. Постои точка на концентрација на СО2 каде краставиците или зелената салата растат најдобро. Обезбедување на точна концентрација е клучно за квалитетот на производите. Растенијата за фотосинтеза го користат јаглеродниот диоксид, кој во воздухот е застапен со околу 0,03%. Ако го има во помал процент растенијата во пластениците и оранжериите заостануваат во развојот. Во обратна насока, при поволна температура, светлина и влага, зголемениот процент јаглероден диоксид поволно влијае на процентот на фотосинтезата, со тоа значително се подобрува растот и развојот на растенијата, а со тоа се зголемуваат и приносите.

Доколку Ви се потреби повеќе информации како преку мониторингот на CO2 можете да го зголемите квалитетот на Вашите производи, закажете консултативен разговор тука!

CO2

  • Производство на пијалаци

Особено е важно да се измери нивото на безбедност на јаглерод диоксид во индустријата за пијалаци. Резервоарите за ферментација ослободуваат CO2 од вентилите за ослободување од притисок во случај на прекумерен притисок. Поради ова, постои ризик од истекување на гас од резервоари или цевководите на лентите за флаширање на безалкохолни пијалаци. Бидејќи СО2 е потежок од воздухот, гасот може да се акумулира во местата што не се вентилираат и да претставува сериозен здравствен ризик за вработените. Ова е причината зошто сензорите за мерење на CO2 треба да бидат поставени што е можно поблиску до нивото на подот. Безбедноста на Вашите вработени нема цена. Покажете дека сте одговорна компанија. Обезбедете го Вашиот систем за мониторинг на CO2 уште денес!

  • Системи за ладење

CO2 е исто така познат и како гас за ладење R744 и е многу поповолен за животната средина од многу други гасови претходно користени во ладењето. Широко се користи во супермаркетите и ладилниците за намирници, ладни простории, комори за замрзнување и индустриски ладни складишта. Како и кај сите системи за ладење, истекувањата можат да се појават со текот на времето како резултат на лошите практики на одржување, механичкото абење, случајно оштетување, неправилно инсталирање или едноставно затоа што системите за ладење на CO2 обично работат под голем притисок. Без квалитетен систем за мониторинг на CO2, протекувањето не може да се открие бидејќи CO2 е без мирис и безбоен гас. За да се открие CO2 што е можно побрзо, сензорите треба да бидат инсталирани близу до потенцијалните точки на истекување, како што се вентили, редуктори или пумпи.

  • Каде што има голема фреквенција на луѓе

Присуството на голема маса на луѓе значително го зголемува и присуството на CO2 во просторијата. Затоа многу е важно училиштата, универзитетите, болниците, хотелите… и сите останати установи каде има зголемена фреквенција на луѓе правилно да го мониторираат и контролираат присуството на CO2.

Кое е безбедно ниво на CO2 во една просторија?

250-400 ppm Нормална концентрација на CO2 во надворешна средина
400-1,000 ppm Нормална концентрација на CO2 во внатрешни простории со проветрувања
1,000-2,000 ppm Чувство на поспаност и лош квалитет на воздухот
2,000-5,000 ppm Главоболки, поспаност и чувство на застоен влажен воздух, можно е слаба концентрација, недостаток на внимание, тахикардија и гадење
5,000 ppm Максимална дозволена изложеност на работното место
>40,000 ppm Можно е трајно оштетување на мозокот, кома, па дури и смрт

Ambion како основа за безбедност на Вашите вработени и производи!

Безбедноста и животот на вработените не е нешто со кое смееме да си дозволиме да калкулираме. Исто така, знаеме дека квалитетот на Вашите производи е најголемата вредност која сакате да ја понудите на клиентите. Одлучивме да инвестираме во решение кое значително ќе ја зголеми безбедноста на вработените и подобри квалитетот на Вашите производи. Мониторингот на CO2 не бил никогаш полесен. Пред Вас е ефикасен систем кој ќе Ве алармира по пат на sms или email за секоја промена на присуството на CO2 во воздухот. Отсега ќе имате темелна документација и ќе биде евидентирана буквално во секоја минута промената на количината нa CO2 во воздухот. Не оставајте веќе ништо на случајноста и на факторот грешка. Искористите ги извештаите од Ambion System како гаранција за сигурен квалитет на вашите производи. Закажете бесплатен консултативен разговор!