Фармацевтските компании, во просек, потребно е да потрошат 15 години и 1 милијарда евра за развој на успешен лек или вакцина. Всушност, на секои 1.000 соединенија првично развиени, само едно успева да го најде своето место на пазарот. Со оглед на овие трошоци и ризици, сопствениците на компаниите за лекови, за да го зачуваат својот интегритет, потребно е да посветат повеќе од кога било внимание кон соодветно складирање и транзит на фармацевтските производи. Мониторингот на температура е клучна алка!
Дистрибуција на ладен ланец: Не толку едноставнo како што изгледа
Зачувувањето на високиот квалитет на Вашите производи зависи значително од тоа како ги одржувате нивните температури на транспорт и складирање долж „ладниот ланец“. Во својата наједноставна форма, производот се испраќа директно од производителот до крајниот корисник или клиент. Во реалноста, сепак, ланецот ретко е толку краток. За дистрибуција обично се потребни многу места за складирање (на пример, аеродроми, пристаништа) и начини на транзит (на пример, авиони, бродови, камиони).
Совет: Прочитајте кои се клучните фактори за успешна трговија со лекови!
Оптимални температури: Кој е потребниот опсег?
Правилната температура на складирање не е само препорака. Тоа е важен услов за да обезбедите оптимален квалитет на Вашите производи во текот на нивниот рок на траење. Лековите и вакцините треба да се чуваат и транспортираат во одреден температурен опсег: помеѓу 2 ̊ и 8 ̊, или помеѓу 20 ̊ и 25 ̊.
Особено, вакцините, инсулинот и производите добиени од биотехнологија мора да бидат заштитени од замрзнување. Дури и краток период на температура под нулата може да предизвика неповратно губење на ефикасноста. Овие производи треба да се одржуваат во тесен опсег на температура над замрзнувањето, но под максималната температура.
Прочитајте: Дали се безбедни лековите и вакцините во Македонија!?
Правилен мониторинг – безбедни лекови!
Производителите на лекови, транспортерите и веледрогериите различно ја мерат температурата. Методите го опфаќаат опсегот од едноставни термометри базирани на жива до софистицирани системи за континуирано следење на температурата. Но, тоа не е изненадувачки со оглед на оскудните упатства и прописи со кои се регулира производството, транспортот и складирањето.
Вашите производи имаат огромна вредност и значење за сите нас. Тие за многу значајни за Вас, за Вашите клиенти и целокупното општество. Премногу значајни за да немате максимална контрола на условите за складирање и транспорт.
Креиравме решение со кое Вашите лекови и вакцините ќе бидат секогаш безбедни! Мониторингот не бил никогаш поедноставен! Закажете консултативен разговор!