АМБИОН Системот за мониторинг на температура наоѓа примена во угостителската дејност во делот на одржување на храната во трите процеси на одржување на храната: топло, ладно или млако.
Сите три процеси може да вклучат одржување на храната, односно топло, ладно или пак млако. Кога постои чекор готвење со кој се елиминираат бактериите, сите бактерии кои формираат спори би требало да се уништени. Ако готовата храна не се одржува на соодветна температура или е отсутна контролата на температурата во соодветно време, формирањето и брзиот раст на овие бактерии претставува голема опасност.
Кога храната се одржува изладена и се подгрева во објектот, постои зголемен ризик од загадување предизвикано од персоналот, опремата, процедурите или други фактори. Штетните бактерии кои се појавуваат во еден производ кој не се одржува на соодветна температура, имаат можност да се размножат во голем број во краток временски период.
Одржувањето на прехранбени производи на температура од или повеќе од 65oC во текот на жешкото одржување и одржувањето на прехранбени производи на или под 4 oC при ладно чување, е ефикасно во спречување на раст на бактерии. Како алтернатива на контролата на температура, постојат активности кога за контрола се користи единствено времето, вклучувајќи и еден сеопфатен систем за мониторинг и означување со што ќе се обезбеди безбедност на храната.
Со тоа колку често се следи температурата на храната во текот на жешкото одржување се одредува каков тип на корективна акција сте во можност да превземете кога не е исполнет условот за температура од или преку 65 oC. Ако критична граница не е исполнета, вашите опции за корективна акција може да вклучуваат оценување на времето кога храната е надвор од температурата, за да се утврди веројатноста за појава на опасности, и врз основа на таа процена, да се одреди дали храната ќе се подгрее или ќе се исфрли. Фреквенција на мониторинг во текот на оваа функција може да значи разлика помеѓу подгревањето на храна до 75 oC или нејзино исфрлање како несоодветен производ.
При утврдувањето на фреквенцијата на мониторингот на температурата на изладените производи, се препорачува да се одреди интервал помеѓу проверка на температурата, со што ќе се осигура, дека опасностите се контролираат соодветно и обезбедено е време за соодветна корективна акција. На пример, ако потенцијално опасни готвени јадења се чуваат во ладилник, како на пример компир салата на салата бар, може да одлучите да поставите критична граница на 4 oC или помалку. Вие исто така може да поставите цел или оперативена граница, пониска од 4oC, со цел да се обезбеди безбедносно перниче што Ви овозможува да го видите трендот на зголемување над 4 oC и да интервенирате со соодветни корективни дејствија.
АМБИОН овозможува поставување на најразлични фреквенции на мониторинг за секоја мерна точка, а во исто време Ви овозможува и поставување на соодветни аларми за секоја мерна точка во секој од постојните процеси на одржување на храната. Ова решение во исто време соодветно ги документира податоците за измерените температури во одреден период и истите можете да ги прегледувате, печатите, гледате графички приказ и да правите други анализи кои ќе Ви овозможат подобрување на процесот на одржување на храната во Вашиот угостителски објект.
За повеќе информации на следниот линк: АМБИОН