Безбедноста на храната на прво место
Компаниите за производство на храна имаат одговорност да обезбедат услови за производство што ќе овозможат производите што се нудат на корисниците да бидат безбедни и со висок квалитет. Ова вклучува, но не е ограничено на потврда дека нема загадувања, како што се листерија или e-coli. Во последниве години Агенциите за бебедност на храна го сменија нивниот фокус, да се спречи контаминацијата на храната, а не да се реагира на загадувањето, се со цел компаниите да бидат сигурни дека храната доставени до крајните корисници ги исполнува стандардите за безбедност.
За управување со документацијата, процедурите за мониторинг, критичните лимити на контролните точки за следење, и воспоставување на корективни мерки е потребно време и енергија. Воведување на АМБИОН – автоматски систем за континуирано следење ви ослободува повеќе време за да се фокусирате на квалитетот и безбедноста на храната. Со АМБИОН добивате партнер кој го олеснува процесот на следење од почеток до крај, АМБИОН е систем за следење кој го извршува комплетниот процес наместо Вас.
Партнерство за квалитет – АМБИОН – Систем за следење на температура и релативна влажност
Моментално. Флексибилно. Комплетно
За да овозможи квалитетно производство на храна, АМБИОН обезбедува систем за 24/7 континуирано следење на температурата и релативната влажност. Овој систем овозможува моментално предупредување преку e-mail, СМС порака, звучни или визуелни аларми. Ова значи дека членовите на Вашиот тим добиваат известување во истиот момент кога се надминуваат однапред зададените критични врдности. Ова им дава време правилно да се справат со ситуацијата, и да реагираат на начин кој не дозвлоува нарушување на квалитетот на производите. Нема повеќе рачни проверки на температурите. АМБИОН за Вас континуирано ќе ги следи овие информации и ќе ве предупреди во реално време преку софтвер кој се наоѓа на вашиот компјутерски систем.
Без разлика дали имате неколку фрижидери или стотици ладилници Вашата компанија има потреба од следење. Не постојат два идентични објекти, и прилагодување е клучот за да вашиот систем за следење функционира согласно со Вашите потреби. АМБИОН овозможува поставување на различни критични вредности за алармите на ниво на оддели, поединечен фрижидер, одреден период, итн.
АМБИОН системот за следење е флексибилен и прилагодлив. Ова значи дека може да се следи било која локација, од ладилници, до печки, од било големина. Од еден мал, објект, до комплексни објекти со повеќе локации. АМБИОН е систем за следење кој може да се прилагоди и да се надградува како што расте компанијата и се зголемуваат Вашите потреби за следење. АМБИОН има неограничен капацитет, што овозможува многу едноставо да се прилагоди на различни индустрии со различни капацитети.
АМБИОН е систем за следење на температура и релативна влажност кој постојано ги следи Вашите објекти. Со АМБИОН стравот од загуба на производи и намалување на нивниот квалитет станува минато.
[av_button label=’Побарај понуда’ link=’manually,http://ambionsystem.com/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8/’ link_target=” size=’x-large’ position=’right’ icon_select=’yes’ icon=’ue8d2′ font=’entypo-fontello’ color=’theme-color’ custom_bg=’#444444′ custom_font=’#ffffff’ av_uid=’av-279sp2′]