Соодветни услови за чување на овошјето и зеленчукот, температура на складирање и влажност, се потребни за продолжување на рокот на траење и одржување на квалитетот на земјоделските производи.
Откако земјоделскиот производот е веќе собран невозможно е да се подобри неговиот квалитет. Загубите на градинарски култури поради неправилното складирање и ракување може да се движат од 10 до 40 проценти.
Свежото набрано овошје и зеленчук се живи, иако тие веќе не се повеќе на растението. Тие дишат, исто како што луѓето го прават, а нивниот состав и физиологија продолжува да се менува и по бербата. Тие продолжуваат да зреат и, конечно, тие почнуваат да изумираат. Клеточното распаѓање и смрт (стареење) се неизбежни, но може да се забаваат со оптимални услови за чување. Свежото овошје и зеленчук бараат ниска температура (0 до 13 °C) и висока релативна влажност (80 до 95 проценти) за да се намали испарувањето и да се забави метаболизмот и стапката на загуба на вода. Преку забавување на овие процеси се намалува загубата на вода и се одржуваат хранливата вредност и квалитет на овошјето и зеленчукот.
Релативна влажност
Стапката на транспирација (загубата на вода од производот) се утврдува преку содржината на влага на воздухот, кои обично се изразува како релативната влажност. На висока релативна влажност, производство ја одржува продажната тежина, изглед, хранливото својство и вкус, додека пропаѓањето, омекнување и скапувањето се намалуваат. Зеленчукот со висок сооднос на површина во однос на волумен; повредените производи; и недоволно зрелото овошје и зеленчук имаат повисоки стапки на транспирација. Надворешните фактори кои влијаат на стапката на транспирација се температурата, релативната влажност на воздухот, брзина на воздухот и атмосферскиот притисок. Високите температури, ниска релативна влажност и високата брзина на движење на воздухот влијаат на пораст на загубата на вода.
Релативната влажност треба да биде следена во коморите. Систем за мониторинг на релативна влажност е вистинското решение наместо обичен влагометар или пак проценка спрема изгледот на производот.
Контролата на влагата може да се постигне преку повеќе методи:
- Користење на овлажнувачи на воздухот
- Регулирање на движењето на воздухот и вентилација во коморите.
- Користење на бариери за влага за изолација на просторот за складирање и просторот за превоз
- Влажнење на подот во коморите за чување на овошје и зеленчук.
- Користење на дробен мраз за пакување на производите при транспорт
- Прскање на листовите на одредени типови на зеленчук со вода.
Во следната табела можете да ги погледнете оптималните влажност за чување на различни видови на овошје и зеленчук.
Температура
Испарувањето и брзината на метаболизмот се директно поврзани со температура на чување на производот. Повисока стапка на испарување значи побрзо расипување на производите. Пониската температура значи забавување на процесите на испарување, зреење и стареење, со што се продолжува рокот за складирање на овошје и зеленчук.
Ниските температури, исто така, го забавуваат растот на патогените габи кои предизвикуваат расипување на овошје и зеленчук во коморите. Производителите треба да обрнат посебна грижа и внимание на соодветни услови за чување на производите со висока до екстремно висока стапки на испарување. Кај овие производи нивното расипување се случува многу побрзо.
Невозможно е да се даде една препорака за складирање на сите овошје и зеленчук. Климата во областа каде што потекнува култура, локацијата на производните капацитети, времето на берба, зрелоста на производот се важни фактори во одредувањето на оптимална температура. Во табелата можете да ги погледнете општите препораки за чување во ладилни комори на различни видови на овошје и зеленчук.
Комори за складирање
Различните култури бараат различни услови на чување, поради ова разликуваме три различни типови на капацитети за чување на овошје и зеленчук:
- Ладилници (температура 0 до 2 °C).
- Ладно складирање (температура 4 до 13 °C).
- Топло складирање (температури од 13 до 16 °C)
Следење на температурите со помош на Систем за мониторинг на температура е корисен во одредување дали во просториите за складирање се одржуваат соодветни услови за чување на овошјето и зеленчукот. Користењето на Систем за континуирано следење на температура и релативна влажност ќе Ви овозможи оптимални услови за максимална должина на чување на производите и минимизирање на оштетувањата на производот во текот на неговото складирање. Ова ќе влијае врз задоволството на Вашите корисници, помалку расипани производи и можност за флексибилност во чување на производите на подолг рок додека се чекаат соодветни пазарни услови за негова продажба.
АМБИОН – Систем за мониторинг на температура
АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги задоволува сите претходно спомнати барања. Температурата и влагата се следат континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на чување на овошјето и зеленчукот.
АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата и влага. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности.
АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои се чувани производите, анализа на измерените вредности и преземање на соодветни мерки за да се подобрат услови за чување на овошје и зеленчук.
Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение.
[av_button label=’Побарај понуда’ link=’manually,http://ambionsystem.com/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8/’ link_target=” size=’medium’ position=’right’ icon_select=’yes’ icon=’ue854′ font=’entypo-fontello’ color=’theme-color’ custom_bg=’#444444′ custom_font=’#ffffff’ av_uid=’av-2jh8v7′]