Прехранбената индустрија e многу поразлична од било кој друг бизнис. Тешко е, а сепак неверојатно е задоволството ако стигнете еднаш на врвот. Вашиот ресторан е Ваша творба, Вашата гордост и радост, па зошто не би сакате да соодветно ја следите температурата на вашиот простор за складирање на храна? Многу сопственици на ресторани се одлучуваат за ефтини термометри или мали системи за мониторинг на температура која не се на висина на задачата, и тие обично ја плаќаат цената за тоа.
Ако сакате да стигнете и да останете на Врвот на овој бизнис треба секогаш да ги користите најдобрите решенија во секоја област. Имајќи го ова на ум во понатамошниот текст ќе Ви презентираме само неколку причини зошто треба да инвестирате во врвен систем за мониторинг на температура во Вашите простории за складирање на храната.
Труењето со храна ќе го уништи Вашиот бизнис
Освен ако не сте во овој бизнис долго време, најважна активност е секогаш привлекување на нови муштерии. Главен метод е секогаш методот на реклама преку задоволни корисници. Меѓутоа ако дозволите само еден проблем со болни луѓе поради труење во Вашиот ресторант успехот на Вашиот бизнис ќе биде намален драстично.
Според СЗО, еден од најчестите фактори кои предизвикуваат проблеми на здравјето на луѓето во светот се болести кои се предизвикани од страна на контаминирана храна, како труење со храна. Контаминација на храната може да се случи во процесот на производство, но исто така голем дел од проблемите се предизвикани од несоодветно складирање на храната. Труење со храна може со малку претпазливост да се спречи однапред. Иако постојат многу фактори кои влијаат на труење со храна, сепак најчести фактори се промените на температурата и влажноста на воздухот во просториите за складирање на храната. Ова е само уште еден показател на огромната важност на поседување на соодветен систем за следење на температурата при складирање на храната.
Системите за ладење се случува да откажат
Уште еден значаен фактор што треба да се има во предвид е фактот дека системите за ладење се случува да затајат поради различни причини. Без разлика дали тоа е механика во рамките на самата машина или прекин на електричната енергија или некоја друга причина, секогаш постои шанса дека Вашиот систем за ладење нема да биде во можност да ги задржи соодветните услови за чување на храната.
Ако ова се случува со Вашиот бизнис, треба да се дејствува брзо. FoodSafety.gov вели дека производите како месо, живина и риба може да траат само два часа, ако тие се оставени на температури над 4 степени целзиусови. Инвестирање во системот за следење на температурата, како AMBION ви овозможува да преземете брзи и решителни акции за да се спречи расипување на храната и со тоа да спречите труење со храна кај вашите корисници.
Решението е АМБИОН – Систем за мониторинг на температурата и релативна влажност
За компаниите кои работат со храна и сакаат да го решат проблемот со несоодветно мониторирање на температура и релативна влажност и бараат решение кое автоматски ќе ги алармира надлежните лица при појава на несоодветни вредности одговорот е еден – АМБИОН Систем за мониторинг на температура и релативна влажност.
АМБИОН – Овозможува континуирано мониторирање на температурата и релативна влажност на сите локации каде тоа е потребно. Системот вклучува дигитални сензори (сонди) за мерење на температурата кои имаат прецизност од ±0.5оC што овозможува брза реакција при секоја промена на температурата надвор од дозволените вредности.
АМБИОН овозможува поставување на највисока и најниска критична вредност на температурата и релативната влага на секоја поединечна мерна точка. При секое надминување на овие вредности АМБИОН алармира до надлежните вработени и тоа преку звучен и визуелен аларм но и аларми преку СМС и преку електронска порака. Ова Ви овозможува навремена реакција и намалување на загубите поради расипана храна.
АМБИОН нуди и можности за мониторинг на други амбиентални параметри, автоматски бекап, интегрирање со Вашиот ЕРП систем, професионална и брза поддршка од тимот на производителот, како дел од дополнителните вредности кои ова решение им ги овозможува на компаниите.
[av_button label=’Побарај понуда’ link=’manually,http://ambionsystem.com/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8/’ link_target=” size=’x-large’ position=’right’ icon_select=’yes’ icon=’ue8d2′ font=’entypo-fontello’ color=’theme-color’ custom_bg=’#444444′ custom_font=’#ffffff’ av_uid=’av-260588′]