ИПАРД 2 Програмата 2014-2020
ИПАРД 2 (2014–2020) е проектирана на вкупно 106 милиони евра од кои 60 се наменети за кофинансирање инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија, а останатите 56 за изградба на мали системи за наводнување, за изградба на пристапни патишта до обработливите површини и електрификација на полињата. За разлика од ИПАРД 1 каде соодносот на финансирање беше 50:50, во ИПАРД 2 стапката на кофинансирање инвестиции на земјоделски стопанства ќе изнесува 65% за млади земјоделци и 70% за земјоделски стопанства на над 700 метри надморска висина. Стапката на кофинансирање е зголемена на 65% и за инвестиции за основање и модернизација на мали претпријатија и занаетчиски дејности во руралните средини, како и за инвестирање во капацитети за рурален туризам.
Приоритет во ИПАРД 2 ќе се даде на проекти поврзани со усогласување со стандардите на ЕУ – при што за инвестиции кои се однесуваат на надоградување за да се постигне усогласување со стандардите на ЕУ кои се однесуваат на безбедност на храната во секторот за млеко и месо ќе можете да ги добиете максималните 30 поени со што ќе ја зголемите можноста за финансирање на Вашите проекти во оваа програма.
Следење на температурата како критериум за воведување на стандарди за производство
Следење на температурата е критична операција за многу повеќе индустрии отколку што претпоставувате. Постојат и многу законски регулативи или регилативи поврзани со имплементација на одредени индустриски стандарди, кои имаат потреба за следење на температурата и, исто така, има потреба од доказ (записи) дека сите релевантни барања за следење на температура се исполнети. Податоците за температурата што се собираат мора да бидат анализирани и презентирани во извештаите до соодветните институции и, исто така, се чуваат во досие за измерените температури по објекти за повеќе години.
АМБИОН преставува примарна алатка за следење на температура во голем број на индустрии. Производите или средините во кои треба да се следи температурата, обично се врзани со безбедноста на потрошувачите на еден или друг начин. Без разлика дали тоа е храна или вакцини, недостатокот од мониторинг на температурата при нивното складирање или манипулација може да биде апсолутно опасно за крајниот потрошувач.
Како што можете да видите, постојат многу различни операции во различни индустрии каде мора да се користи систем за следење на температурата со многу различни потреби за секоја од нив. Изборот на АМБИОН е вистинскиот чекор, затоа што АМБИОН со својата прилагодливост лесно може да се имплементира во голем број на сектори кои се подржани со ИПАРД 2 програмата и да одговори на сите предизвици за мониторинг на температура и релативна влажност.
АМБИОН е комплетно македонски производ и поради тоа тој е прифатлив за да го користите при имплементација на Вашите проекти со кои конкурирате во ИПАРД 2 програмата.
[av_button label=’Побарај понуда’ link=’manually,http://ambionsystem.com/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8/’ link_target=” size=’x-large’ position=’right’ icon_select=’yes’ icon=’ue8d2′ font=’entypo-fontello’ color=’theme-color’ custom_bg=’#444444′ custom_font=’#ffffff’ av_uid=’av-31uu72′]