За решавање на проблемот со труење од храна, индустријата за храна го воведе HACCP стандардот кој налага не само да се следи процесот на спремање на храната во рестораните туку и следење на температурата на локациите каде храната се чува за да се оневозможи појавување на патогени бактерии да навлезат во храната. Иако HACCP системот преставува одлично решение кое ги опфаќа сите фази од функционирањето на еден ресторан, голем проблем преставува сеуште начинот на кој рестораните ги запишуваат температурите и како ги чуваат записите за измерените температури.
Сеуште најголемиот број на ресторани ги чуваат податоците за измерените температури на хартија. Овој начин овозможува да се случат голем број на грешки кои може да предизвикаат проблеми за самиот бизнис и за гостите.
Губење на евиденцијата
Дневникот на измерени температури многу често се чува на неорганизиран начин на хартија во некоја канцеларија, при што не се поставува прашањето дали ќе се случи да се изгуби евиденцијата туку кога.
Отчитувањата не се секогаш правилни
Со толку обврски во еден ресторан менаџерот не секогаш има време и да ги чита измерените температури во одредениот период според HACCP. Оваа обврска најчесто се доделува на некој од вработените при што секогаш треба да се има на ум дали сте спремни безбедноста на храната во Вашиот ресторан да ја доделите на некој од вработените и дали сте сигурни дека температурите се читаат редовно и точно.
Уништени документи
Многу работи се случуваат во кујна, кои може да ја загрозат безбедноста на вашите документи. Без разлика дали од пожари или поплави, еднаш кога документацијата за HACCP е уништена немате никаков доказ за да се покаже на инспекторот во случај на контрола.
Претходните проблеми и можните ризици беа до неодамна редовна појава, но сега постои решение за Вашите проблеми. АМБИОН системот за автоматско следење на температурата на повеќе мерни точки овозможува континуирано следење на температурата на сите локации во Вашиот ресторан каде е тоа потребно. Записите се чуваат во дигитален формат, до нив може да се пристапува локално или преку Веб. Со овој систем записите за измерените вредности нема можност да бидат изгубени како што е случај со архивите на хартија.
Дополнително АМБИОН Ви овозможува аларми со кои ќе бидете веднаш информирани за промените на температурата кои се надвор од дозволените вредности и кои може да предизвикаат расипување на храната Во Вашиот ресторан. Ако Вашиот фрижидер откажал за време на ноќта, ќе добиете навремена информација за тоа и ќе можете да ја спречите навремено штетата настаната од дефектот.
Видовме претходно што се може да се случи со Вашата документација ако не користите систем како АМБИОН. Меѓутоа несоодветното мониторирање на температурата Во Вашиот ресторан може да предизвика многу поголеми проблеми отколку што преставува проблемот на губење на архивата на измерени вредности.
Болен клиент никогаш не се враќа повторно
Проблемите со труење со храна ги бркаат клиентите од Вашиот ресторан еднаш засекогаш. Уште полошо е дека лошата репутација се шири брзо, па многу брзо и пријатели на клиентите ќе Ве избегнуваат. Во ерата на интернетот, секое негативно искуство со ресторан е засилено со коментарите на веб-сајтови како Yelp, а да не зборуваме за приказните кои се шират многу брзо низ Facebook и Twitter. Во зависност од тежината на инцидентот и влијанието на клиентите, ова може да резултира со голем пад во продажбата.
Клиентите кои ќе имаат поголеми здравствени проблеми од храната во Вашиот ресторан може да подигнат и тужби против Вас.
Ако клиентот има некакви медицински трошоци поврзани со проблем со труење со храна од Вашиот ресторан тогаш можете да очекувате и тужба со која ќе бара од Вас покривање на сите медицински трошоци и дополнителна штета настаната од проблемот со расипана храна.
Многу случаи со труење од храна може да го уништат Вашиот бизнис
Ова е најлошото можно сценарио. Ако Ви се повторуваат случаите со труење со храна поради несоодветно чување на храната во Вашиот објект можете да се соочите со затворање на Вашиот бизнис. Еднаш кога приказната ќе стигне во медиумите, корисниците ќе започнат да го одбегнуваат Вашиот ресторан. Ова може едноставно да се избегне со АМБИОН Систем за автоматски мониторинг на температура.
Можеби овие проблеми Ви изгледаат далечни, бидете сигурни дека се случуваат и ќе се случуваат и понатаму. Но благодарејќи на АМБИОН систем за мониторинг на температура можете да ги избегнете ваквите непријатни ситуации во Вашиот ресторан.
За да овозможи квалитетно производство на храна, АМБИОН обезбедува систем за 24/7 континуирано следење на температурата и релативната влажност. Овој систем овозможува моментално предупредување преку e-mail, СМС порака, звучни или визуелни аларми. Ова значи дека членовите на Вашиот тим добиваат известување во истиот момент кога се надминуваат однапред зададените критични врдности. Ова им дава време правилно да се справат со ситуацијата, и да реагираат на начин кој не дозволува нарушување на квалитетот на производите. Нема повеќе рачни проверки на температурите. АМБИОН за Вас континуирано ќе ги следи овие информации и ќе ве предупреди во реално време преку софтвер кој се наоѓа на вашиот компјутерски систем.
Без разлика дали имате неколку фрижидери или повеќе ладилници Вашата компанија има потреба од следење. Не постојат два идентични ресторани, и прилагодување е клучот за да вашиот систем за следење функционира согласно со Вашите потреби. АМБИОН овозможува поставување на различни критични вредности за алармите на ниво на оддели, поединечен фрижидер, одреден период, итн.
АМБИОН системот за следење е флексибилен и прилагодлив. Ова значи дека може да се следи било која локација, од ладилници, до печки, од било која големина. Од еден мал, ресторан, до комплексни ресторани со повеќе локации. АМБИОН е систем за следење кој може да се прилагоди и да се надградува како што расте компанијата и се зголемуваат Вашите потреби за следење. АМБИОН има неограничен капацитет, што овозможува многу едноставо да се прилагоди на различни ресторани со различни капацитети.
АМБИОН е систем за следење на температура и релативна влажност кој постојано ги следи Вашите објекти. Со АМБИОН стравот од проблеми со расипана храна и намалување на нејзиниот квалитет станува минато.
[av_button label=’Побарај понуда’ link=’manually,http://ambionsystem.com/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8/’ link_target=” size=’x-large’ position=’right’ icon_select=’yes’ icon=’ue8d2′ font=’entypo-fontello’ color=’theme-color’ custom_bg=’#444444′ custom_font=’#ffffff’ av_uid=’av-2iuh9l’]