Работите со производи осетливи на промена на температура и влага: месо и месни производи, млеко и млечни производи, сладолед, фармацевтски производи. Ако спаѓате во една од овие индустрии тогаш и Вие секојдневно се справувате со предизвикот да организирате соодветен ладен синџир за испорака на Вашите производи до крајниот корисник.
Ладен синџир
Ладниот синџир е динамички процес и обезбедувањето на ефикасен ладен синџир на снабдување од производител до крајниот корисник не преставува едноставна задача.
Логистиката на производи кој се наоѓаат во контролирани услови на температура се соочува со многу предизвици, тука се законските регулативи како и различните барања на различни пазари во светот.
Поради ова денеска производителите и нивните логистички партнери треба да бидат секогаш во тек со најновите технолошки достигнувања за да го гарантираат сопствениот ладен синџир. Исто така и трошоците за одржување на овој ладен синџир преставуваат значаен фактор за кој производителот треба да води сметка во воспоставување и одржување на неговиот ладен синџир.
Мониторинг на температура во ладниот синџир
Соодветниот мониторинг на температурата во сите етапи од еден ладен синџир преставува еден од најважните елементи кои овозможува соодветно следење на процесот на испораката на производите до крајниот корисник.
Мониторингот му овозможува на производителот детална анализа за амбиенталните услови во кои производот се произведува, транспортира и чува се додека не стигне до крајниот корисник.
Мониторингот исто така овозможува соодветно регулирање на законските обврски на компаниите за следење на температурата во ладниот синџир.
Досегашната пракса на застарен начин на мерење на температура со термометри или поединечни логери за мерење на температурата и потпирање на човечкиот фактор при евиденција на измерените вредности е веќе минато и не преставува соодветно решение за модерна компанија од 21 век.
АМБИОН – Комплетно решение за мониторинг на температурата во Вашиот ладен синџир
АМБИОН преставува примарна алатка за следење на температура во голем број на индустрии.
АМБИОН – Не само што ги исполнува сите овие минимални стандарди туку во исто време Ви додава и дополнителна вредност во автоматско пополнување на обрасците кои се предвидени со HACCP системот и дрфуги законски регулативи поврзани со слетење ан температурата а во исто време тимот кои стои зад ова решение Ви стои на располагање во изработка на сите дополнителни извештаи кои ќе Ви се појават во текот на Вашето работење.
Можноста за мониторинг и на други амбиентални параметри, автоматски бекап, интегрирање со Вашиот ЕРП систем, професионална и брза поддршка од тимот на производителот, се само дел од дополнителните вредности кои ова решение го прават најповолно и најмоќно решение во Македонија споредено со сите странски конкурентски решенија.
АМБИОН – Централизиран систем за мониторинг се состои од повеќе компоненти – сензори, контролер, термограф за мерење на темперартурата при транспорт и софтвер за мониторинг. Прецизните сензори ги мерат потребните параметри, додека контролерот ги презема податоците и ги префрлува до софтверот за мониторинг кој праќа аларми за надминати вредности, ги прикажува во реално време измерените вредности, овозможува креирање на различни извештаи и овозможува достапност на податоците од сите компјутери во Вашата мрежа.