Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни лица дека во втората половина на месец декември 2019 година се планира да се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и рурален развој на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).

ИПАРД 2 (2014–2020) е проектирана на вкупно 106 милиони евра од кои 60 се наменети за кофинансирање инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија, а останатите 56 за изградба на мали системи за наводнување, за изградба на пристапни патишта до обработливите површини и електрификација на полињата. За разлика од ИПАРД 1 каде соодносот на финансирање беше 50:50, во ИПАРД 2 стапката на кофинансирање инвестиции на земјоделски стопанства ќе изнесува 65% за млади земјоделци и 70% за земјоделски стопанства на над 700 метри надморска висина. Стапката на кофинансирање е зголемена на 65% и за инвестиции за основање и модернизација на мали претпријатија и занаетчиски дејности во руралните средини, како и за инвестирање во капацитети за рурален туризам.

Финансиските средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од ИПАРД Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од декември 2019 година се наменети за финансиска поддршка на следните видови на инвестиции:

Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи:

1. Млеко и млечни производи
2. Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина)
3. Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури)
4. Житарици, мелнички продукти и продукти од скроб
5. Зеленчукови производи и масла и маснотии од животни
6. Шира, вино и оцет
7. Производство на енергија преку погони за преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи .

ИПАРД

Следење на температурата како критериум за воведување на стандарди за производство

Следење на температурата е критична операција за многу повеќе индустрии отколку што претпоставувате. Постојат и многу законски регулативи или регилативи поврзани со имплементација на одредени индустриски стандарди, кои имаат потреба за следење на температурата и, исто така, има потреба од доказ (записи) дека сите релевантни барања за следење на температура се исполнети. Податоците за температурата што се собираат мора да бидат анализирани и презентирани во извештаите до соодветните институции и, исто така, се чуваат во досие за измерените температури по објекти за повеќе години.

АМБИОН преставува примарна алатка за следење на  температура во голем број на индустрии. Производите или средините во  кои треба да се следи температурата, обично се врзани со безбедноста на потрошувачите на еден или друг начин. Без разлика дали тоа е  храна или вакцини, недостатокот од мониторинг на температурата при нивното складирање или манипулација може да биде апсолутно опасно за крајниот потрошувач.

Како што можете да видите, постојат многу различни операции во различни индустрии каде мора да се користи систем  за следење на температурата со многу различни потреби за секоја од нив. Изборот на АМБИОН е вистинскиот чекор, затоа што АМБИОН со својата прилагодливост лесно може да се имплементира во  голем број на сектори кои се подржани со ИПАРД 2 програмата и да одговори на сите предизвици за мониторинг на температура и релативна влажност.

АМБИОН е комплетно македонски производ и поради тоа тој е прифатлив за да го користите при имплементација на Вашите проекти со кои конкурирате во ИПАРД 2 програмата.

Тимот на АМБИОН Ви стои на располагање во имплементација на соодветно решение за мониторинг на температура и релативна влажност