CO2 веќе неколку години е многу жешка тема главно заради поврзаност со климатските промени и владините политики на таа тема. Оставајќи го ова настрана, контролирање и следење на внатрешното ниво на јаглерод диоксид во внатрешните простории на објектите е важно поради тоа што секој треба да размисли за безбедноста, здравјето па дури и енергетска ефикасност. Еве 5 причини зошто треба во секој случај да го следите нивото на концентрација на СО2 во вашите работни простории.
1: СО2 може да се зголеми многу брзо во слабо проветрени простории
Нивото на концентрација на СО2 може да се зголеми многу брзо во слабо вентилирана канцеларија. На пример, во простор со големина од 3,5 на 4 метри со само едно лице во просторот, CO2 може да се зголеми од 500 ppm на над 1000 ppm за само 45 минути при прекин на вентилацијата.
2: Зголемените нивоа на СО2 директно влијаат врз човековото расудување
Според неодамнешната студија од Школата за јавно здравје на Харвард, јаглерод диоксидот има директен, негативен ефект врз донесувањето на човечки одлуки и расудувањето. Овие влијанија беа забележани на нивоа на концентрација на СО2 на кои повеќето луѓе и нивните деца честопати се изложени во денешно време во училници, канцеларии и домови.
3: Јаглерод диоксидот може да ве убие
Во воздухот обично има концентрација на СО2 од околу 400 ppm и човечкиот здив содржи околу 30,000 ppm. Концентрациите на јаглерод диоксид во воздухот од повеќе од 20,000 ppm можат да предизвика задишување. Концентрациите над 100.000 ppm на CO2 ќе предизвикаат губење на свеста. Вредностите поголеми од 250.000 ppm имаат потенцијал да доведат до смрт. Јаглерод диоксидот може да биде опасен на 1 од 2 начина: со одземање на кислородот во крвотокот или кога делува како отров.
4: Јаглерод диоксидот може да ја намали продуктивноста
Во училницата или канцеларијата, докажано е дека зголемените нивоа на јаглерод диоксид, во опсег помеѓу 1.000 ppm и 2.500 ppm, предизвикува главоболките, го намалуваат нивото на користењето на информациите, ги намалуваат перформансите во целина и го зголемуваат нивото на деконцентрација.
5: Следење на јаглерод диоксидот за енергетска ефикасност
Во текот на последните неколку години, голем број на раководители на објекти се насочуваат кон следење на јаглерод диоксид за т.н Контролирана вентилација. Единиците за вентилација автоматски ја поставуваат количината на внес на воздухот имајќи го во предвид максималниот волумен на канцеларијата. Ова важи подеднакво за канцеларии, простории и училници. Ова е честопати менливо и непредвидливо, што доведува до енергетска неефикасност преку прекумерна вентилација. Следењето на нивото на јаглерод диоксид и автоматизирање на вентилацијата до внесот на воздухот до претходно дефинирани нивоа на СО2, да речеме 800 ppm, ќе доведе до вентилација само кога е потребно. Една неодамнешна студија откри дека мерењето на СО2 при процесот на вентилација ќе заштеди помеѓу 5% и 80% на трошоците за енергија во споредба со фиксно поставени параметри за вентилација.
Колку СО2 е премногу?
Тековните упатства за вентилација сугерираат дека внатрешните нивоа на концентрација на СО2 не смеат да ја надминуваат локалната концентрација на СО2 на отворено за повеќе од приближно 650 ppm. Во добрата практика наведена во “ASHRAE Standard 62,1“ стои дека нивото на јаглерод диоксид во воздухот во затворен простор треба да е приближно 1030 ppm.
Ова се само неколку од причините зошто мерењето на нивото на СО2 во вашиот простор е од голема важност. Може да ја измерите концентрацијата на СО2 во затворен простор со нашето решение за мониторинг на СО2 – AMBION System – решение за мониторинг на амбиентални параметри.
Со ова решение не само што можете да го следите нивото на концентрација на CO2 во Вашите простории на повеќе мерни места, туку можете да дефинирате и аларми за надминати дозволени вредности за секоја од тие позиции. Ова решение Ви овозможува и анализа на измерените податоци за одреден период за секоја мерна точка.
Немојте да одолговлекувате, заштитете се себеси и Вашите вработени, започнете со мониторинг на CO2 во Вашите простории уште денеска. Тимот на AMBION System ви стои на располагање.