Секој месец, просечно домаќинство троши околу 250 Евра на храна, од кои најголемиот дел е свежа и замрзната храна од супермаркетите. Поради оваа причина, следењето на температурата во малопродажните ланци е исклучително важно. Температурните недоследности во која било опрема за складирање на храна во овие објекти може да предизвикаат болести пренесени од расипана храна, но во исто време е тешко да се следат овие уреди рачно, бидејќи многу други работи се случуваат во продавницата. Тука настапува потребата од автоматизиран систем за следење на температурата.
Се избегнува расипување на храната и зголемени трошоци
Податоците за температурата може да се собираат секој ден, 24 часа на ден, и без прекини. Ова им овозможува на продавниците да ги гледаат своите податоци со текот на времето и да знаат кога опремата полека почнува да прави проблеми. Маргините на дозволената температура ги поставува клиентот и доколку се пречекорат, нашиот систем автоматски испраќа предупредување до одговорните.
Намалување на потребните ресурси и работна сила
Вработените повеќе не мораат рачно да преземаат, внесуваат и анализираат температурни податоци од понекогаш стотици уреди во супермаркет или ресторан. Ова им ослободува на вработените време да ги работат своите редовни активности, истовремено избегнувајќи човечка грешка.
Усогласеност со безбедносните стандарди
Водењето безбедна евиденција за температурата и влажноста во која се чува храната е од суштинско значење за да се усогласат со клучните прописи за безбедност на храната. Нашето автоматско снимање на податоци ќе ви овозможи да се ослободите од системите за рачно водење на евиденција на хартија.
Следењето на температурата не е само обврска во супермаркетите, малопродажните ланци на храна и рестораните. Тоа е прашање на безбедност и добра деловна активност!
Побарај повеќе информации за тоа што AMBION SYSTEM може да направи за вашиот супермаркет или ресторан