Следењето и контролирањето на концентрацијата на СО2 како дел од процесот на планирање за складирање на овошје и зеленчук отвора широк спектар на можности за да се обезбеди оптимален квалитет на производите.

Растенијата и нивните плодови се живи организми со метаболизам. Тие губат вода, се разболуваат и умираат. За да се постигне оптимален квалитет од цвет до овошје или зеленчук за конечен квалитетен производ до крајниот потрошувач, важно е да се подобри процесот на складирање и транспорт. Соодветен пристап за ова е контролираниот мониторинг на концентрацијата на СО2.

Како можеме да влијаеме врз процесот на зреење?

Постојат два типа на овошје: Овошје кое зрее и после берењето и овошје кое не зрее после берењето, односно треба да го соберете кога веќе е зрело.

Малините, на пример, не зреат после берењето, па затоа имаат низок потенцијал за складирање. За разлика од нив, јаболката и крушите може да се чуваат со месеци и постепено да зреат.

За да се влијае и да се намали нивниот метаболизам, неопходно е да се одржува температурата во просторијата за складирање и транспорт на постојано ниско ниво. Други фактори кои влијаат вклучуваат влажност и ниско снабдување со светлина.

СО2

Сензори за мерење на температура, релативната влажност и CO2

Добра вест е тоа што атмосферата (составот на воздухот) каде што се чуваат плодовите можете Вие да ја контролирате. Ова се нарекува контролирана и модифицирана атмосфера. Со додавање на CO2 (јаглерод диоксид), составот на воздухот се менува така што помалку кислород е достапен за метаболизам. Затоа, многу важно е постојано да се следи и контролира концентрацијата на СО2.

Сепак, потребна е претпазливост при ракување со СО2. Бидејќи гасот е без боја и без мирис, луѓето не можат да го откријат нивото на СО2. Ова значи дека истекувањето може да доведе до неконтролирана, зголемена концентрација на СО2, и на тој начин, може да предизвика штета и на луѓето и на растенијата.

Правилната контрола на СО2 има многу бенефиции за Вашиот бизнис:

  • Квалитетот на вашите производи се зголемува,
  • Храната останува свежа подолго време,
  • Се намалува ризикот од здравствени компликации кај Вашите вработени,
  • Ракувањето со СО2 станува многу побезбедно,
  • Среќни и задоволни клиенти,
  • Стабилен раст на Вашиот бизнис.

Доколку Ви се потребни повеќе информации околу тоа како да воспоставите систем за мониторинг на CO2, или температура и релативна влажност, Ви стоиме на располагање. Побарајте повеќе информации!