Фондот за иновации и технолошки развој објави нов одличен повик преку кој малите и средните бизниси можат да добијат грантови за дигитализација на своите работни процеси. Преку поддршката за дигитална трансформација во рамките на овој повик, претпријатијата од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор ќе можат:

  • да ги дигитализираат процесите и услугите со што ќе обезбедат подобро планирање, донесување на бизнис одлуки на основ на анализа на податоци и подобрување на целокупното работење;
  • да го овозможат или забрзаат воведувањето на иновативни производи, услуги и процеси;
  • да го оптимизираат производниот процес и со тоа да ја зголемат економијата на обем;
  • да ги намалат трошоците за производство и со тоа да креираат поконкурентна цена;
  • да го унапредат откупот на суровини и со тоа да влијаат на синџирот на добавувачи;
  • да создадат услови и можности за креирање нови работни места.

Фондот за иновации и технолошки развој овој предизвик го реализира во партнерство со Програмата за зголемување на пазарната можност за вработување (Increasing Market Employability (IME) Program) на Швајцарската агенција за развој и соработка и ИНОФЕИТ ДИХ.

ИМЕ ќе учествува во вкупниот буџет на предизвикот со финансиски средства од 6.150.000 (шест милиони и сто и педесет илјади) денари.

Целиот повик со сите детални информации можете да го прочитате тука: Со дигитална трансформација до иновација.

Ваш сигурен партнер во дигиталната трансформација

Како компанија која има 30 годишно искуство во дигитализација на работните процеси можеме да Ви помогнеме во процесот на дигитализација на Вашата компанија. Доколку се одлучите да направите промена и одлучите да конкурирате на повикот за грант од ФИТР, тука сме за да Ви помогнеме за да креирате реален проект кој со наша помош можете ефикасно и брзо да го реализирате. Имаме голем број на комитенти од земјоделско-прехранбениот сектор, кои со наша соработка успешно работат веќе со години.

Зошто е важно да го дигитализирате HACCP системот?

Со воведувањето на HACCP системот, прехранбената индустрија изминативе 50 години бележи значителни промени во насока на безбедност и квалитет на прехранбените производи.

Една од најкомплексните точки во спроведувањето на HACCP системот е мониторингот на амбиенталните вредности и точната евиденција на температурните промени. Токму во овој сегмент најмногу потфрлува стариот добар начин на рачно хартиено евидентирање на податоците.

Квалитетен систем за мониторинг на амбиентални вредности е алката која долго време недостасуваше за максимална имплементација на HACCP системот. Автоматското пополнување на HACCP извештаите, темелната електронска документација, извештаите и системот за електронско алармирање по пат на СМС или Е-Маил ќе Ви помогне да останете мирни и да имате контрола над Вашиот бизнис каде и да се наоѓате. Мониторингот значи дека имате целосна контрола над ситуацијата. 

Одберете стабилен партнер! Сѐ што треба да направите е да го пополните овој краток формулар и веднаш ќе Ве контактираме, за да направиме заеднички план за повикот за дигитализација на ФИТР.