1. Фокусирајте се на работите на кои можете да влијаете
Земјоделската и сточарската индустрија бележи голема нестабилност на цените во последната деценија. Големите промени и во цените на суровините кои се потребни за производство на млечните производи резултираа со значителни промени во профитабилноста од година во година. Природна грижа за сопствениците и менаџерите е да се фокусираат на начините за управување со овој ризик. Сепак, предвидувањето каде би можеле да одат цените во реално време е предизвик, а управувањето со ценовниот ризик е тешко.
Поради тоа, за сопствениците и менаџерите на млечни производи, многу е поважно да се фокусираат на факторите над кои имате контрола и да се стремат кон постојано подобрување во овие области. Односно, фокусирање на производство на млеко по најниска цена/единица на производство за долгорочна одржливост на бизнисот.
2. Зголемување на маргиналниот приход наспроти маргиналниот трошок
Добра анализа на податоците и носење на одлуки базирани на реални податоци од работењето на компанијата е есенцијално за напредок на компанијата. Важно правило за одлучување за максимизирање на профитот е да се произведува млеко каде маргиналниот приход е поголем од маргиналниот трошок. Со анализа на историјатот на просечни приноси од млекарниците наспроти просеците од млекарниците со врвни перформанси, успешните млекарници се фокусираат на постигнување поголем маргинален приход над маргиналните трошоци.
3. Зголемете ја вредноста на пазарот на Вашите производи
Како производител на млечни производи, сигурно веќе знаете дека контролата на трошоците е важна за млекарницата, но крајната цел е секако профитот. Во повеќето случаи, со зголемување на производствените капацитети, ќе добиете поголем профит. Многу производители претпоставуваат дека зголеменото производство ќе донесе повеќе трошоци за добиточна храна и останати суровини, капацитети и работна сила а со самото тоа и ризик од финансиски загуби на компанијата. Иако, ова изгледа сосема очигледно, сепак, постојат повеќе техники со кои можете да ја зголемите вредноста на пазарот на Вашите производи, а со самото тоа да создадете и природен и стабилен раст на производствените капацитети. Најсигурен начин на зголемување на вредноста на пазарот на производите е подобрување на квалитетот на производите и задоволството на комитентите.
4. Мониторинг на температура и влага
Мониторингот е клуч за успех на секој бизнис! Тоа значи дека ја имате контролата во свои раце. А во индустриите кои се занимаваат со производство и продажба на расипливи производи, мониторингот на температура и влага во производствениот и дистрибутивниот процес има непроценливо значење.
Системите за ладење не можат да спроведат соодветен мониторинг. Токму поради тоа HACCP системот налага системот за мониторинг да биде одвоен од системот за ладење. Но сепак, токму на овој сегмент потфрлуваат најмногу компании. Немањето целосна контрола над сите процеси од производство до складирање и дистрибуција на храната е горка мака која значи тивка стагнација на бизнисот. Рачното пополнување на HACCP извештаите одзема премногу време, ја намалува продуктивноста на вработените и подлежи на факторот човекова грешка. Покрај ова, можеби најголемиот пропуст е во тоа што рачната евиденција им ја ускратува можноста на технолозите и менаџерите во реално време да ја следат промената на температурните вредности. Прочитајте тука како брзо и едноставно да го дигитализирате HACCP системот и како да воведете комплетен мониторинг во Вашата компанија.
5. Соработка
Постои решение кое Ви помага да ја имате контролата над бизнисот во свои раце. Никогаш повеќе нема да зависите од факторот човекова грешка. Никогаш повеќе нема да имате страв од инспекции. Постои начин како до идеален бизнис! Ви стоиме на располагање во спроведување на целиот процес. Закажете консултативен разговор.