Претходна најава за нов ИПАРД повик

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни лица дека во втората половина на месец декември 2019 година се планира да се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и рурален развој на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).

ИПАРД 2 (2014–2020) е проектирана на вкупно 106 милиони евра од кои 60 се наменети за кофинансирање инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија, а останатите 56 за изградба на мали системи за наводнување, за изградба на пристапни патишта до обработливите површини и електрификација на полињата. За разлика од ИПАРД 1 каде соодносот на финансирање беше 50:50, во ИПАРД 2 стапката на кофинансирање инвестиции на земјоделски стопанства ќе изнесува 65% за млади земјоделци и 70% за земјоделски стопанства на над 700 метри надморска висина. Стапката на кофинансирање е зголемена на 65% и за инвестиции за основање и модернизација на мали претпријатија и занаетчиски дејности во руралните средини, како и за инвестирање во капацитети за рурален туризам.

Финансиските средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од ИПАРД Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од декември 2019 година се наменети за финансиска поддршка на следните видови на инвестиции:

Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи:

1. Млеко и млечни производи
2. Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина)
3. Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури)
4. Житарици, мелнички продукти и продукти од скроб
5. Зеленчукови производи и масла и маснотии од животни
6. Шира, вино и оцет
7. Производство на енергија преку погони за преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи .

ИПАРД

Следење на температурата како критериум за воведување на стандарди за производство

Следење на температурата е критична операција за многу повеќе индустрии отколку што претпоставувате. Постојат и многу законски регулативи или регилативи поврзани со имплементација на одредени индустриски стандарди, кои имаат потреба за следење на температурата и, исто така, има потреба од доказ (записи) дека сите релевантни барања за следење на температура се исполнети. Податоците за температурата што се собираат мора да бидат анализирани и презентирани во извештаите до соодветните институции и, исто така, се чуваат во досие за измерените температури по објекти за повеќе години.

АМБИОН преставува примарна алатка за следење на  температура во голем број на индустрии. Производите или средините во  кои треба да се следи температурата, обично се врзани со безбедноста на потрошувачите на еден или друг начин. Без разлика дали тоа е  храна или вакцини, недостатокот од мониторинг на температурата при нивното складирање или манипулација може да биде апсолутно опасно за крајниот потрошувач.

Како што можете да видите, постојат многу различни операции во различни индустрии каде мора да се користи систем  за следење на температурата со многу различни потреби за секоја од нив. Изборот на АМБИОН е вистинскиот чекор, затоа што АМБИОН со својата прилагодливост лесно може да се имплементира во  голем број на сектори кои се подржани со ИПАРД 2 програмата и да одговори на сите предизвици за мониторинг на температура и релативна влажност.

АМБИОН е комплетно македонски производ и поради тоа тој е прифатлив за да го користите при имплементација на Вашите проекти со кои конкурирате во ИПАРД 2 програмата.

Тимот на АМБИОН Ви стои на располагање во имплементација на соодветно решение за мониторинг на температура и релативна влажност 

AMBION System на саем во Тирана

Тимoт нa ZONEL Software е дел oд   Tirana International Fair 2019 кoј зaпoчнa вo сaбoтaтa нa 23 ти нoември и ќе трaе дo втoрник 26ти нoември. Нaшaтa кoмпaнијa на овој саем гo претставувa нашето решение AMBION 2.0.  пред 380 кoмпaнии излoжувaчи oд Турцијa, Бугaријa, Хрватска, Египет, Кoсoвo, Рoмaнијa, Кaтaр, Австријa, Србија, Црнa Гoрa, Кинa, Итaлијa, Грцијa… кaкo и пред гoлем број посетители oд Албaнијa и други земји ширум светoт.

Сaемoт поминува вo одлична, прoдуктивнa и пријaтелскa aтмoсферa кaде имaвме приликa дa зaпoзнaеме гoлем брoј нoви пријaтели и наши потенцијални соработници. Нaшaтa мисијa е дa гo прошириме пазарoт кaкo би им пoмoгнaле нa штo пoгoлем брoј кoмпaнии ширум светoт дa гo oсигурaaт квалитетот нa свoите прoизвoди.

Решението AMBION 2.0. е инoвaтивен прooзвoд зa мoнитoринг нa aмбиентaлни вредности пoддржaн oд Фoндoт зa Иновации и Технoлoшки развој и претстaвувa чувaр нa квaлитетoт нa вaшите производи без рaзликa дaли сте дел oд фaрмaцевтскaтa, прерaбoтувaчкaтa или земјоделската индустријa. Тукa сме дo завршувањето нa сaемoт вo втoрник нa 26 ти нoември. Не јa прoпуштaјте мoжнoстa дa гo пoсетите нaшиoт штaнд.

Стандарди за исклучителен бизнис!!!

По дефиниција стандард е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признато тело, со кој, заради општа и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определни активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување оптимален степен на уреденост во определно подрачје. Сепак, во суштина стандардот значи дека сте се обврзале да креирате квалитет. Сопствениците на компании од прехрамбената индустрија често се во спрега со исполнување на строгите стандарди и своите соништа. Во продолжение прочитајте како стандардите може да работат за Вас. Дознајте како да креирате исклучителен бизнис!

Зошто е важен ИСО 22000?!

ИСО 22000 е систем за управување со безбедност на храната. Овој стандард во себе вклучува анализа за опасности и критични контролни точки (HACCP). Но, исто така вклучува и други управувачки процеси кои допринесуваат за безбедноста на храната. Поедноставно кажано HACCP е дел од ИСО 22000. Правилната имплементација на ИСО 22000 е Ваша обврска кон клиентите како секогаш би имале безбедни и квалитетни производи. Покрај тоа, ИСО 22000 ќе влијае позитивно во повеќе сегменти од Вашиот бизнис. Една од главните придобивки, покрај управувањето си ризиците, е зголемената ретенција на постоечките клиенти. Тоа секогаш е и здрава препорака и можност за нови клиенти. Тоа значи дека автоматски имате поголем пазарен потенцијал. Повеќе за ИСО 22000 стандардот да прочитате тука. Вашите клиенти го заслужуваат најдоброто! Создавајте квалитет!

Како правилно да вршите мониторинг?!

Грижете се за Вашиот бизнис како мајка што се грижи за своите деца! Не можете ниту да размислувате дека имате сериозен бизнис доколку немате целосен мониторинг буквално на секој сегмент од Вашиот бизнис. Еден од најважните сегменти во имплементацијата на ИСО 22000 е мониторингот на температури и релативна влажност. Во управувањето со системот на безбедноста на храната одредени процеси се идентификувани како критични и за нив е потребна континуирано следење и контрола. Што ќе се случува и што ќе се следи зависи од критични граници кои ќе се воспостават. Мониторингот на температури и релативна влажност е основна точка за безбедноста на храната. Мониторингот на подразбира само мерење на температури, туку и систем кој ќе Ве алармира за евентуалните промени на температурите. Можеме да ви помогнеме како да воспоставите беспрекорен систем за мониторинг. Закажете консултативен разговор! 

Ambion System за исклучителен бизнис!

Правилниот мониторинг на температура и релативна влажност е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваа македонските компании во мисијата за исполнување на сите стандарди. Конечно пред Вас е решение кое ќе Ви обезбеди безбедност и квалитет на Вашите производи! Ambion System –  Вашиот чувар на квалитетот! Заборавете веќе на загубите поради расипани производи. Доста ја фрлате Вашата иднина во депонија! Ambion System ќе ве алармира за секое пречекорување на потребните маргини по пат на mail или смс! Доста го трошите драгоценото време на непотребни работи. Имате можност извештајот за HACAPP да се пополнува автоматски! Со помош на Ambion Термограф можете да бидете сигурни дека Вашите производи ќе останат безбедни и со најдобар квалитет и при транспортот. И сето ова ќе можете да го докажете во било кое време. Животот и бизнисот е сплет на можности, препреки и одлуки. Единствено се разликуваме по одлуките кои ги носиме! Донесете победничка одлука!

Создадете Ваши стандарди!

Најважниот стандард сте Вие и Вашата визија за сопствениот бизнис! Креирајте стандард препознатлив само за Вашата компанија! Имаме решение како да создадете исклучителен бизнис! Закажете консултативен разговор!

Како да ја гарантирате безбедноста на лековите?!

Фармацевтскиот бизнис, покрај сите предизвици со кои се соочуваат и останатите бизниси има и дополнителна одговорност – да се грижи за безбедноста на своите пациенти. Човековиот живот е вредност за која вреди да се вложиме максимално. Во продолжение прочитајте како да ја гарантирате сигурноста на Вашите лекови и безбедноста и здравјето на Вашите пациенти.

Два клучни сегменти!

Со цел да се гарантира безбедноста на пациентите, фармацевтските куќи мора да обезбедат лековите и вакцините да се складираат на точно определени температури. Колку и да Ви изгледаат апстрактни и сложени стандардите за чување и складирање на лекови и вакцини, постојат два клучни сегменти кои се основа и на кои мора да обрнете најмногу внимание –  правилно следење на температурите и документирање на истите.

Запазувањето на овие стандарди ќе овозможи максимална ефикасност на Вашите лекови и задржување на својствата на лекот до истекот на рокот на траење. Откако ревизијата и контролата во веледрогериите станува се поригорозна, мониторингот на температурата и евиденцијата за истата стана витален процес за успешноста во фармацевтскиот бизнис. Успешноста на бизнисот зависи само од моќта за препознавање на квалитетните работи. Имаме решение кое ќе Ви помогне еднаш засекогаш да го решите проблемот со безбедноста на лековите!

Побарајте термин за бесплатен консултативен разговор тука

Ефективниот мониторинг на температурата е апсолутна потреба за модерни веледрогерии

Каде настануваат главните проблеми?

Главниот проблем веројатно е мешање на термините, а со тоа и системите. Мора да направиме разграничување дека едно е систем за контрола на температури а друго е систем за  мониторинг и алармирање! Системот за мониторинг мора да биде независен и одвоен од системот за контрола на температури. Немањето на автоматизиран систем за алармирање и електронска следливост на   температурите е главниот причина за намалувањето на ефикасноста на лековите, а со тоа и безбедноста и здравјето на пациентите. Голем број фармацевтски куќи единствено што прават е дневна проверка на фрижидерите за да ја контролираат температурата. Главниот проблем со ова е тоа што, не само што не успеваат да откријат било какви промени на температурата, на пример, кога вратата на фрижидерот е отворена премногу долго, туку што е  уште поважно, тоа не Ви дава можност брзо да реагирате доколку има некаков проблем или промена на температурата.

Ова може да има многу негативен ефект врз репутацијата на веледрогеријата, а да не зборуваме дека губењето на скапи лекови значи огромен финансиски удар за компанијата. Но најзагрижувачки е ризикот да се променат  својствата на лекот, поради тоа што самиот производител го губи својот углед доведувајќи го здравјето на пациентите во ризик. Здравјето нема цена!

Одберете сигурно решение!

Како може да го решите проблемот?

Што можете да направите? Како да го решите проблемот? Во минатото, целосно интегрираните системи за следење на температурата беа комплицирани за инсталирање и многу скапи. Конечно е пронајдено решение! AMBION SYSTEM – вашиот чувар на квалитетот! Овозможете си континуиран 24/7 часовен мониторинг на температура и влага со наједноставното безжично решение кое може да го имплементирате уште денес без никакви потешкотии. Заштедете си време и нерви!

Зошто AMBION SYSTEM?

  • Бидејќи заслужувате да бидете сигурни дека лековите секогаш се чуваат во правилни услови!
  • Бидејќи заслужувате автоматско известување преку е-пошта или SMS и електронска следливост на температурите!
  • Бидејќи AMBION SYSTEM функционира преку бежична радио комуникација. Предноста на оваа врска е тоа што самиот уред функционира на поголема оддалеченост од останатите решенија базирани на Wi-fi мрежа.
  • Бидејќи знаеме дека Ви е важен секој денар и не треба да ги фрлате парите на скапи и комплицирани системи за мониторинг на температури!
  • Бидејќи угледот се гради со години а се руши преку ноќ!
  • Бидејќи Вашите клиенти заслужуваат сигурен пријател!
  • Бидејќи здравјето нема цена!
  • Бидејќи одлучивме да инвестираме во Вашиот бизнис.

Договорете термин за бесплатна консултација тука !

Не ја фрлајте Вашата иднина во депонија!!!

Според статистиките, во Македонија годишно се фрла над 12000 тони храна! Тоа значи дека околу 30 проценти од произведената или увезена храна завршува во депонија. Во голема мера, дел од Вашите цели и планови за иднината може да завршат во депонија, само поради мали грешки во работењето. Еве што може да направите, за да ја подобрите ситуацијата:

HACCP системот не е лоша вештерка!

Бидете секогаш точни и максимално прецизни во исполнувањето на сите HACCP стандарди, не поради стравот од инспекции, туку поради Вас и здравјето на Вашите клиенти. HACCP стандардите се така креирани за да Вашата компанија секогаш произведува квалитетна, здрава и безбедна храна. Прецизноста во пополнувањето на HACCP дневникот кажува многу за Вашиот став, сериозност и општествена одговорност. Најдобар совет што можеме да Ви го дадеме е што помалку безбедноста на храната и здравјето на Вашите клиенти да ги оставате на факторот човечка грешка. Несериозно е во денешно време, извештајот за HACCP Вашите вработени да го пополнуваат со пенкало. Постои начин како дневникот на HACCP системот да се пополнува автоматски, без никаква можност за грешка или отстапка.

Договорете Ваш термин за консултативен разговор!

Што е правилно мерење на температури?!

Денеска, скоро сите компании кои произведуваат или складираат храна имаат некаков систем кој мери и покажува температури. Колку ова и да личи на среќна вест, треба да се запрашаме дали е доволно? Како ова, ќе ни помогне доколку се случи некаква грешка во системот, и температурите падната под потребната маргина? Токму ова е една од најголемите причини за расипување на храната. Мерењето на температури без соодветен систем за алармирање е меч со две острици! Тоа е како да се надевате дека ќе погледнете во будилникот токму тогаш кога сте планирале да станете од спиење. Доколку сеуште немате воспоставено систем за алармирање и мониторинг сторете го тоа уште денеска. Земете ја контролата на Вашиот бизнис во Ваши раце!

„Ќути, добро е, не се расипаа производите!“

Храната или е чувана под идеални услови или не е. Нема нешто измеѓу! Времето на аматеризмот одамна е завршено. И храната која сеуште не е расипана не значи дека е квалитетна. Задржете го Вашиот квалитет константно! Сигурно дека производот во кој сте го вложиле сето Ваше време, нерви и сите можни ресурси заслужува подобар третман. Константниот квалитет значи стабилна компанија и среќни и задоволни клиенти!

Ambion System Вашиот чувар на квалитетот!

Не мора повеќе да висите цело време пред контролните мерачи и да проверувате каква е температурата! Без разлика дали сте на состанок, на вечера со пријателите, на пат… Ambion системот ги чува квалитетот и безбедноста на Вашите производи.  Добијте смс или е маил известување за било каква промена на температурите! Конечно пред Вас е идеално решение за сигурен квалитет! Ослободете ги Вашите вработени од досадните обврски рачно да ги евидентираат температурите во дневникот за HACCP! Нека ја работат работата за која навистина ги плаќате! Заслужувате прецизен систем без можност за грешка! Останете најдобри! Одберете сигурно решение! Договорете термин за консултативен разговор!

Подобра безбедност на храната

Мониторингот на температурата на храната им овозможува на сопствениците на ресторани и другите бизниси со храна, како што се преработката на храна, производителите и големопродажните компании, да имаат прецизно следење на температурата на нивните капацитети за чување храна. Ова може да помогне да се обезбедат соодветни процедури за безбедност на храната. Следењето на соодветната температура на чување на храната е од клучно значење за многу бизниси. Ова решение е потребно за секој бизнис со храна, во индустријата или пак услужните установи како што се: болници, установи за нега, па дури и училишта.

  • Сензорите за следење на температура на храна може да им помогнат на претпријатијата да ги следат насоките за безбедност на храна.
  • Сензорите за следење можат автоматски да ја следат температурата константно и да обезбедат ажурирани и најпрецизни податоци.
  • Сензорите за следење на температурата може да Ви испратат известување на Вашиот паметен телефон доколку температурата е под зададениот праг.

Несоодветното ладење на храната за време на транспортот и складирањето чини милијарди американски долари годишно. Всушност, на годишно ниво приближно една третина од храната произведена во светот за човечка консумација, или околу 1,3 милијарди тони храна, се фрла. Несоодветното складирање на храната доведува до прекумерно количество на отпад од храна и изгубен приход и други ресурси. Дополнително, регулаторните стандарди стануваат построги и потешки. Постои засилување на прописите за секоја фаза на логистика и дистрибуција на храна, вклучувајќи ги и следниве во различни земји: HACCP, хигиенски пакет, EN 12830, FDA и Законот за модернизација на храна (FSMA) во САД.

Покрај изгубениот приход и храна, несоодветните температури на храната за време на транспортот, складирањето и сервирањето претставуваат ризик за јавното здравје на популацијата. Растот на бактериите во исхраната може да доведе до сериозни болести. Всушност, речиси половина милион луѓе ширум светот го губат животот поради труење со храна. Покрај тоа, доколку годишно не фрламе 25 проценти од храната поради неправилно складирање и транспорт, би можеле со истата да се прехранат речиси милијарда луѓе ширум светот. Правилното следење на температурата би можело да помогне да се спречи отпадот од храна, особено поради тоа што рачното следење на температурата подложи на човечки грешки, вклучувајќи го и неуспешното редовно регистрирање на температурата како и неточните мерења или недоволното следење.

АМБИОН – Систем за мониторинг на температура

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги  задоволува сите барања на индустријата за производство на храна и фармацевтската индустрија. Температурата се мониторира континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на обработка и чување на храната.

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности.

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои е процесирана и чувана храната, анализа на вредностите и преземање на соодветни мерки за да се подобрат безбедносните услови за чување и обработка на храната.

Дополнително со АМБИОН ТЕРМОГРАФ кој преставува уред за континуирано мерење на температура во Вашите транспортни возила Вие имате континуиран увид во измерените вредности на температура при транспортот на производите.  Системот ги запишува и чува измерените вредности и овозможува печатење на листа на измерените вредности при транспорто и моменталната вредност на температура.

Време е за акција СЕГА!!!

Побарајте не! Тимот кој е одговорен за АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност Ви стои на располагање за презентација на решението и да Ви помогне во неговата имплементација.