Колку можеме да бидеме сигурни дали се безбедни лековите и вакцините во Македонија? Што е добра дистрибутивна пракса? Како влијае на безбедноста на лековите и вакцините? Дали имаме кај нас безбедни лекови и вакцини? Дали македонските фармацевтски компании имаат можност да ја спроведат добрата дистрибутивна пракса? Како најлесно може да ја спроведете истата во Вашата компанија? Ви одговараме на сите овие прашања:
Што е добра дистрибутивна пракса?
Сите активности и начела на добрата дистрибутивна пракса во Европската економска област се координирани од Европската агенција за лекови и се насочени кон обезбедување на квалитетни лекови. Добрата дистрибутивна пракса гарантира дека лековите треба да одржат одредено ниво, така што истите мора да се чуваат и дистрибуираат без никакви промени во квалитетот. Се други зборови, лекот не смее да има никаква промена во квалитетот од самото производство па до крајниот корисник. Обезбедување на идеални амбиентални параметри во просториите каде се складираат лековите е основа на добрата дистрибутивна пракса. Исто така, истите амбиентални вредности мора да останата идеални и при транспортот.
На што треба да се внимава?
Доброто мапирање на просторот и соодветно поставување на системите за ладење и мониторинг на температурата се едни од првите работи кои треба да ги направите ако сакате мирен сон. Особено мора да се внимава на оние места каде може да се очекува промени на температурата поради отворање на врати или некои други надворешни влијанија. Тука главна улога игра системот за мониторинг чија цел е навремено алармирање за промената на температурата. До сега не е пронајден друг начин како може да ја гарантирате безбедноста и квалитетот на лековите освен со соодветен мониторинг.
Кои се регулативите на Светската здравствена организација?
Светската здравствена организација (СЗО), исто така, има конкретни упатства за добра дистрибутивна пракса за складирање на лекови. Овие упатства побаруваат и соодветни извештаи за температурата во одредени временски интервали. Се препорачува лековите да се чуваат во амбиентални услови на суви и добро проветрени простории на температура од 15-25 ° C. Истите овие услови мора да се задржат и при транспортот на лековите каде се препорачуваат уреди за следење на температурата. Сите овие извештаи мора да бидат достапни за разгледување и дополнителна анализа.
Каква е ситуацијата во Македонија?
Долго време македонските компании кои сакаа да постават решение за мониторинг на температура и влага, мораа да набавуваат странски решенија кои воопшто не се евтини. Денес ситуацијата е сосема поинаква. Барем во поглед на можноста која ја имаат фармацевтските компании околу обезбедување на мониторинг на производите. Една од нашите главни цели е подигање на свеста за безбедни лекови и храна. Токму затоа инвестиравме во решение со кое ќе бидете секогаш сигурни за квалитетот и безбедноста на Вашите призводи. Нема потреба повеќе да купувате странски решенија за мониторинг кои чинат вистинско богатство. И не зборуваме само за производ кој ќе Ви го продадат па потоа мака да мачите околу инсталација, или пак да си ја удирате главата од ѕид кога ќе се пријават првите проблеми. Зборувам за деловна соработка со која ќе бидете сигурни дека сè е во најдобар ред со Вашите производи! Доколку Ви се потребни повеќе информации околу добрата дистрибутивна пракса и системот за мониторинг, закажете консултативен разговор тука.