Чувар на Вашите производи!

Расипани производи! Фрлена храна! Фрлени пари! Загубен углед! Загубени клиенти! Загубени нерви! Криза! Не постои ниту еден производител или трговец со прехранбени производи или лекови над чија глава не лебди страв од овие проблеми. Ова се и главните причини за згаснување на многу производствени компании. Храната е одговорност. Храната е здравје! Како до безбедни производи? Како да го задржите квалитетот на Вашите производи? Како да внесете сигурност кај Вашите клиенти? Како до зголемена продажба? Како до стабилен производствен бизнис? Имаме одговор за сите Ваши прашања:

Мониторингот значи дека се грижите

Работите кои ни се Важни ги чуваме. Мониторингот значи дека сте будни! Мониторингот значи дека се грижите. Мониторингот на производите е грижа за она што е суштина на Вашиот бизнис. Како да обезбедите идеален мониторинг за Вашите производи? Многу производители долго време немаа алатка која ќе им обезбеди комплетен мониторинг. Колку и да имате квалитетен систем за ладење, одржувањето на идеална температура е голем проблем бидејќи за истата влијаат премногу фактори. Без разлика дали промената на температурата е поради предолго оставање на вратата на фрижидерите отворена, проблем со системот за ладење или грешка на вработените, најголем проблем е навремено откривање на проблемот. Рачното евидентирање на температурите остава можност за грешки. Немањето можност на технолозите и менаџментот да имаат увид во реално време на температурите е немоќ кој дополнително го отежнува менаџирањето. Токму затоа, инвестиравме во нов, современ пристап во мониторирањето на производите. Останете будни! Закажете бесплатен консултативен разговор!

храната

Што значи Ambion за Вашиот бизнис?

Проблемите се кои се соочуваат производителите и трговците со расипливи производи, многу често знаат да ги оттргнат од работите кои им се навистина важни. Немањето целосна контрола над сите процеси од производство до складирање и дистрибуција на храната е горка мака која значи тивка стагнација на бизнисот. Ambion е решение кое Ви помага да ја имате контролата над бизнисот во свои раце. Никогаш повеќе нема да зависите од факторот човекова грешка. Никогаш повеќе нема да имате страв од инспекции. Ambion не е систем за мониторинг кој само ќе Ви го продадат, па Вие да му ја мислите како ќе го инсталирате, дали ќе функционира и да се чудите што да правите кога ќе се појават првите проблеми. Конечно имате можност да соработувате со компанија која искрено се грижи за Вашиот бизнис. Позади Ambion стои тим на луѓе кои се грижат сè да биде во најдобар ред. Конечно имате беспрекорен чувар на Вашите производи:

  • Ги чуваме Вашите призводи во најдобар квалитет.
  • Ги чуваме Вашите клиенти од секаков ризик на труење од расипани производи.
  • Го чуваме Вашиот углед.
  • Го чуваме Вашето реноме.
  • Ги чуваме Вашите соништа.

Напредокот не е резултат на укажани можности туку на одлука за промена. Можностите без вистинска одлука не значат ништо. Донесете одлука за безбедни производи. Донесете одлука за стабилен и просперитетен бизнис! Побарајте повеќе информации!