Кога станува збор за ефикасно и успешно управување со магацинот, треба да се земат во предвид повеќе фактори. Од управување со залихите до логистика, секој аспект игра суштинска улога во обезбедувањето ефикасно работење.
Иако често се занемарува, мониторингот на амбиенталните вредности е од огромно значење, особено во магацините каде се складира храна, лекови и останати расипливи производи.
За успешно менаџирање на магацинот важно е компаниите да воспостават систем за автоматското следење на амбиенталните вредности кој му овозможува на менаџментот и вработените да бидат информирани за какви било промени на амбиенталните вредности во реално време, без оглед на нивната локација или времето од денот.
Зошто мониторингот на амбиентални вредности е клучен за успешно управување со магацинот?
- Заштита на квалитетот на производот
Прекумерната топлина може да предизвика расипување на производите, додека прекумерната влага може да доведе до раст на мувла.
Со проактивен пристап и следење на температурата и влагата можете да ги одржувате производите постојано складирани во идеални амбиентални услови, минимизирајќи го ризикот од расипување и загуба на залихите. Со тоа Вашиот магацин ќе работи ефикасно, а истовремено ќе ги намалите евентуалните финансиски загуби и негативно влијание кај потрошувачите.
- Усогласеност со прописите
Усогласеноста со регулаторните правила и стандарди е неопходна за магацините. Здравството и фармацевтската индустрија, на пример, имаат многу строги правила и прописи за тоа како треба да се чуваат лековите и вакцините. Прекршувањето на регулаторните барања може да има сериозни последици, вклучувајќи и казни за компаниите.
Следењето на температурата и влагата не само што го чуваат квалитетот на производите, туку ја гарантираат и безбедноста и на работниците и на клиентите.
Во прехранбената индустрија компаниите имаат обврска да ги средат строгите HACCP стандарди. Ваквите мерки не само што ја поттикнуваат културата на одговорност, туку и воспоставуваат доверба и кредибилитет во индустријата.
- Зголемена оперативна ефикасност
Непредвидените дефекти на опремата поради екстремни услови на температура или влажност може да доведат до прекини и зголемени трошоци за одржување. Со автоматизирани уреди за следење на температурата и влажноста, магацините можат проактивно да ги идентификуваат и да ги решаваат сите проблеми што може да се појават. Мониторингот во реално време овозможува моментално откривање на промената на температурата или влажноста, овозможувајќи брза акција за да се поправи ситуацијата.
Оптималните услови на амбиентални вредности, исто така, имаат директно влијание врз работниот тек и продуктивноста во складиштето. Екстремните температури или нивоа на влажност, исто така, може да доведат до нарушување на безбедноста и здравјето на вработените.
- Подобрено задоволство на клиентите
Со правилен мониторинг на амбиенталните вредности клиентите добиваат производи кои ги исполнуваат нивните очекувања, ослободени од каква било потенцијална штета или расипување предизвикано од неповолни фактори. Постојаното доставување производи со висок квалитет го подобрува задоволството на клиентите и ја гради довербата во Вашиот бренд. Системите за следење на температурата и влажноста им овозможуваат на компаниите да избегнуваат доцнења и грешки, да ги минимизираат човечките грешки и да обезбедат навремена испорака на производите.
Доколку Ви треба повеќе информации како може во Вашата компанија да воспоставите систем за мониторинг на амбиентални вредности, слободно пишете ни. Закажете консултативен разговор!