Согласно Законот за Безбедност на храна сите оператори со храна (месна и млечна индустрија, ресторани, производство на сладолед и др.) треба да имплементираат HACCP. Една од обврските при имплементација на HACCP е и постоење на систем за мониторинг на температура.

Обврска за следење на температурата постои секаде во просториите каде се пакуваат, преработуваат или складираат производи осетливи на температура.

За сите овие локации компанијата е обврзана да води дневници за температура или документирани отпечатоци од термометар за следење кои секојдневно треба да бидат потпишани од страна на надзорникот. Доколку мерењата се евидентираат мануелно, во дневникот треба да се забележи временскиот интервал кога биле направени отчитувањата. Временскиот интервал е различен за различни типови на индустрии и се движи од потреба на запишување на температурата на секои 2 часа до 3 пати дневно за помалите продавници и ресторани.

Сакаме да Ве информираме дека со AMBION – систем за мониторинг на температура ги избегнувате сите проблеми со овој закон.

AMBION – Интелигентен систем за мониторинг на температура и релативна влажност е решение кое Ви овозможува комплетно автоматско регулирање на Вашата законска обврска за следење и евидентирање на температурата.

AMBION Ви овозможува автоматско пополнување на Дневник на температура за HACCP. AMBION ослободува најмалку еден Ваш вработен од обврската од мануелно пополнување на Дневникот на температура а во исто време не дозволува грешки настанати поради човечки фактор при мануелно читање на температурата.

систем за мониторинг на температура

Со AMBION имате можност за мерење и на други амбиентални параметри: прашина, CO2, бучава, светлина … според Вашите потреби.

За сите потребни информации нашиот тим Ви стои на располагање.