Целта на чувањето на зеленчукот и овошјето е тоа да се користи или консумира во свежа состојба во што подолг временски период. Подолгото зачувување во свежа состојба на овошјето и зеленчукот овозможува поголема конкурентност на пазарот во текот на целата година и го намалува сезонскиот карактер на производство и продажба. Затоа е многу важно да се намалат загубите уште во текот на бербата, правилно да се пакува зеленчукот и да се складира во најоптимални услови, така што во текот на чувањето промените врз самиот плод да се сведени на минимум, а со тоа ќе се остварат поголеми добивки.

КОМПИР – Оптималната температура за чување на компирот за меркантилна употреба е околу 10°C, а за семенска употреба е 2-4°C и влажност околу 90%. Овие услови се постигнуваат во разладни комори во кои температурата варира во зависност од тоа кој производ се чува: ако е луковичест зеленчук, потребна е температура од 0°C, за лиснат зеленчук, зелка, коренест зеленчук 8-10°C, за пиперка, домат, модар патлиџан 10-15°C, исто како и за краставица, лубеница. Зеленчукот главно е сместен на палети, а помеѓу нив се остава простор за слободна циркулација на ладниот воздух.

Зеленчук

ЦВЕКЛОТО – се одгледува најмногу во источна и централна Европа. Се дели на сорти: рани – до 100 дена, средностасани – од 100 до 130 дена и доцни – над 130 дена. За да се одржи во свежа состојба, се чува на многу ниска температура (0-5°C) и висока релативна влажност (90-95%). Значи, најповолни се условите кога температурата е 0°C, а влажноста на воздухот 95-100%. Се чува 3-5 месеци, но може и 6-8 месеци ако условите во складиштето се оптимални.

МОРКОВ –  Морковот може да се чува во ладилници при висока релативна влажност од 96 до 100% на температура 0-1°C во текот на 4-5 месеци. Млад и недоволно зрел морков може да се чува 4-6 недели на температура од 0°C, ако претходно е извршено предладење. Морков во везаници со листови се чува три недели на 0°C или во текот на 10 дена на температура од 5°C.

Една од обврските при имплементација на HACCP е и постоење на систем за следење на температурата. Обврска за следење на температурата постои секаде во просториите каде се пакува, преработува или складира зеленчукот осетлив на температура.

AMBION Ви овозможува автоматско пополнување на Дневник на температура за HACCP. AMBION ослободува најмалку еден Ваш вработен од обврската од мануелно пополнување на Дневникот на температура а во исто време не дозволува грешки настанати поради човечки фактор при мануелно читање на температурата.

За сите информации нашиот тим Ви стои на располагање:  Контакт информации.