За многу медицински производи складирањето и нивниот транспорт на соодветни температури е значаен фактор во зачувувањето на соодветен квалитет на медицинските производи за време на нивната дистрибуција.

На самите етикети на медицинските производи може да се најдат препорачани различни услови за температурата на складирање на производот:

  • Да не се чува на температура над 25°C
  • Да се чува во фрижидер (2°C – 8°C)
  • Да се чува во замрзнувач (тука има најразличен опсег на температури од 0°C to -20°C или дури и под -20°C
  • Да не се замрзнува и слично.

Препораките за температурата на складирање се за да се обезбеди оптимален квалитет на производот во целиот процес на складирање и продажба. Мониторингот на температурата во просториите за складирање со користење на специјални решенија за мониторинг на температурата е неопходно за да се обезбеди сигурноста дека производите се соодветно чувани.

Голем број на медицински производи бараат складирање во контролирани услови на температура помеѓу 2ºC и 8ºC. Некои од овие производи, на пример вакцините или инсулинот мора да бидат заштитени и од повисоки но и од пониски температури надвор од овој опсег. Дури и многу краток период на температура под 0°C може неповратно да придонесе во губење на нивните својства и нивната ефикасност.

Чување на лекови

Условите за чување може драстично да варираат во различни периоди на годината. Студијата за валидација на системот за складирање на медицинските производи треба да обезбеди сигурност дека се тестирани сите можни услови за да се обезбеди квалитетно складирање на медицинските производи.

Кога се одредува системот за мониторирање на температурата во просториите за складирање на медицинските производи треба да се земат во предвид многу фактори. Посебно треба да е внимава на следниве фактори:

  • Типот на опремата за мониторирање на температурата треба да одговара соодветно на ризикот од температурни промени на производот кој сер складира
  • Сензорите за мерење во системот за мониторинг треба да бидат независни од сензорите на системот за контрола на ладењето или греењето.
  • Сензорите/сондите треба да бидат поставени на позиции со најрепрезентативни температурни вредности кои се одредуваат со студија за температурно мапирање на просторијата за складирање.
  • Системот за мониторинг треба да се валидира во моментот на неговото поставување а да се калибрира и проверува неговата комплетна функционалност најмалку еднаш годишно.
  • Системот за мониторинг на температурата мора да содржи во себе и систем за алармирање во случај на нарушување на предвидените температурни услови за складирање на медицинските производи.

Ова се само дел од барањата на ЕУ регулативите за Добра Дистрибутивна Практика на медицински производи кои имаат за цел да обезбедат соодветни услови за да корисниците добијат секогаш квалитетни медицински производи.

AMBION – Систем за мониторинг на температура и релативна влажност е македонски производ кој Ви овозможува на квалитетен и безбеден начин за мониторинг на температурата и релативната влажност во просториите за складирање на медицински производи. AMBION преставува Самостоен уред за прецизно и навремено мерење на температурата на повеќе мерни точки, со големи можности за подесување според Вашите потреби. Овој систем во себе содржи можност за алармирање за надминати критични вредности преку СМС или електронска пошта.

Ако сакате да дознаете повеќе за можностите на AMBION, слободно контактирајте не и закажете презентација на која детално ќе слушнете за можностите на нашето решение за мониторинг на температура и релативна влажност.

AMBION

Ул. “Васил Ѓоргов” бр. 34/1-3, 1000 Скопје
02/2401-204, 2401-205 и 2402-274
mail to: info@ambionsystem.com