Температурни Режими

Операторите со храна треба да обезбедат дека по прифаќањето во објектите за преработка:

1) млекото е брзо оладено на температура не повисока од 6 °C и се чува на таа температура се додека не се преработи; и
2) колострумот е брзо оладен на температура не повисока од 6 °C или се одржува смрзнат, и се чува на таа температура се додека не се преработи.

Операторите со храна може да го чуваат млекото и колострумот на повисока температура ако:

1) преработката започнува веднаш по молзењето или во период од четири часа по прифаќањето во објектот за преработка; или
2) Агенцијата за храна и ветеринарство одобрила повисока температура од технолошки причини кои се однесуваат на производство на одредени млечни производи или производи на база на колострум.

Температурни режими и критериуми за термичка обработка на сурово млеко

Критериуми за термичка обработка

При термички третман на суровото млеко, колострум, млечните производи или производи на база на колострум, операторите со храна треба да обезбедат третманот да ги задоволува барањата пропишани со прописите за безбедност на храна, при што, кога се користат следните процеси, истите треба да се во согласност со следното:

1) Пастеризацијата се постигнува со третман кој вклучува:

– висока температура за кратко време (најмалку 72 °C за време од 15 секунди); или – ниска температура за долго време (најмалку 63 °C за време од 30 минути); или
– било која друга комбинација на време и температура за да се постигне еднаков ефект, односно таков што производите покажуваат, онаму каде е применливо, негативна реакција на фосфатаза тест веднаш по таквиот третман.

2) Третман на Екстремно Високи Температури (UHT) се постигнува со:

– континуиран проток на топлина на многу висока температура за кратко време (не пониска од 135 °C во комбинација со соодветно време) со што ќе нема микроорганизми или спори способни за раст и развој во производи кои се третираат кога се чуваат во асептички затворени контејнери на амбиетална температура; и
– третман доволен да се обезбеди дека производите остануваат микробиолошки стабилни по нивнатa инкубација на 30 °C во период од 15 дена, на 55 °C во период од 7 дена во затворени контејнери, или после било кој друг метод со кој се докажува дека бил применет соодветен топлотен третман.

Соодветна евиденција

За просториите каде постојат соодветните температурни режими за чување на суровото млеко и колустромот треба да се се води соодветна евиденција за температурниот режим на чување на овие производи (запис за температура).

Операторот со храна исто така е обврзан да води соодветна евиденција за спроведениот термички третман (запис за температурата и времетрањето на термичкиот третман).

АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влага обезбедува комплетен мониторинг и на двата процеса (чување и термичка обработка), исто така обезбедува евиденција на измерените вредности, автоматско пополнување на сите документи за евиденција кои се потребни за ХАССП.

АМБИОН во исто време дава можност за дополнителни анализи на измерените вредности што преставува моќна алатка за операторите со храна за анализа на нивниот производен процес.