Еден од почетните услови за функционирање на НАССР е  ладен ланец. Одржувањето на ладен ланец во текот на сите фази на работата со храна треба да се сфати многу сериозно.

Одржувањето на ладен ланец се однесува на сите субјекти кои се вклучени во манипулацијата со храна.

Од производството до потрошувачката, оладената и смрзната храна треба континуирано да се чува на исправна температура. Ваквата постапка е позната како ладен ланец.

Контрола на температурата:

Заради почитување на ладниот ланец потребно е секој ден да се следи температурата на подрачјето за разладување. Според прописите потребно е евидентирање на таквите контроли во текот на целата година. Идеалното решение вклучува централизирано забележување поврзано со систем за аларм.

Важно е да се одреди каде, кој, кога ја мери и надгледува температурата, која е препорачаната температура, и она што често се заборава, што се превзема во случај на отстапување.

Обврска за следење на температурата постои секаде во просториите каде се пакуваат, преработуваат или складираат производи осетливи на температура.

Laden Lanec HACCP

За сите овие локации компанијата е обврзана да води дневници за температура или документирани отпечатоци од термометар за следење кои секојдневно треба да бидат потпишани од страна на надзорникот. Доколку мерењата се евидентираат мануелно, во дневникот треба да се забележи временскиот интервал кога биле направени отчитувањата. Временскиот интервал е различен за различни типови на индустрии и се движи од потреба на запишување на температурата на секои 2 часа до 3 пати дневно за помалите продавници и ресторани.

Сакаме да Ве информираме дека со AMBION ги избегнувате сите проблеми со овој закон.

AMBION – Интелигентен систем за мониторинг на температура и релативна влажност е решение кое Ви овозможува комплетно автоматско регулирање на Вашата законска обврска за следење и евидентирање на температурата.

AMBION Ви овозможува автоматско пополнување на Дневник на температура за HACCP. AMBION ослободува најмалку еден Ваш вработен од обврската од мануелно пополнување на Дневникот на температура а во исто време не дозволува грешки настанати поради човечки фактор при мануелно читање на температурата.

За сите информации нашиот тим Ви стои на располагање.