Под систем за мониторинг се подразбира  автоматизиран систем кој постојано врши евиденција и документирање, на еден или повеќе амбиентални параметри (како што се температурата и релативната влажност) на една или повеќе мерни точки. Системот  за мониторинг се користи за следење и евиденција на условите во различни оддели за складирање а истовремено ја минимизира потребата за рачно мерење и евидентирање на измерените вредности на потребните параметри.

Минимални стандарди кои треба да ги исполнува Систем за мониторирање на температура и релативна влага

Систем за мониторинг на температура

Сензорите за мониторирање на температура треба да бидат инсталирани во сите простории со контролирана температура, комори за ладење, комори за замрзнување, фрижидери и замрзнувачи.  Дигиталните сензори (сонди) треба да бидат со прецизност на мерење до ± 0.5°C.  Сензорите треба да бидат поставени на позиции каде се очекуваат најголеми промени на температурата во просторот за складирање но во исто време треба да се позиционираат на места каде минливи настани (како на пример отворање на врата) имаат минимален ефект.

Систем за мониторинг на релативна влага

Системите за мониторинг на релативна влага треба да се користат во простории со контролирана температура каде се складираат производи кои бараат атмосфера со контролирана релативна влага. Сензорите за релативна влага треба да имаат прецизност до ± 5% RH и да се лоцираат на позиции каде се очекуваат нај непосакувани вредности на релативната влажност  но во исто време да се постават на позиции каде ќе бидат минимални ефектите од минливи настани како што е на пример отворање на врата.

AMBION

Систем за алармирање

Системите за мониторинг на температура и релативна влага треба да вклучуваат систем за алармирање со можност за поставување на највисоки и/или најниски критични вредности на овие параметри. Системот треба да овозможува визуелен аларм и звучен аларм. Во исто време Системот за алармирање треба да овозможува алармирање по СМС пораки и алармирање по електронска пошта до надлежниот персонал во компанијата.

Автоматизирано и континуирано мониторирање

Системот за мониторирање е најдобро да биде автоматизиран и да обезбедува континуирано следење на потребните параметри. Инсталирање на систем за мониторирање во реално време е огромна придобивка за компаниите во споредба со рачното мерење кое зависи од човечки фактор.

Ваков систем е потребен и поради тоа што има потреба од прецизно и континуирано запишување на податоците за нивна подоцнежна анализа.

Автоматскиот систем за мониторирање овозможува голем број на различни аналитички и графички извештаи кој се лесно достапни од повеќе различни уреди (Телефон, компјутер, таблет, …). Системот треба да овозможи генерирање на извештаи филтрирани по  временски периоди, за едно или повеќе мерни места или извештаи генерирани по повеќе различни критериуми. Овие извештаи овозможуваат анализа на измерените вредности за подолги периоди што овозможува анализа на трендовите на измерените вредности во одреден период а во исто време овозможува да се спроведе анализа на можни ризици врз основа на измерените вредности.

АМБИОН – решение за сите Ваши дилеми за избор на соодветен Систем за мониторинг на температура и релативна влажност

АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност преставува Вашиот логичен избор откако ги прочитавте минималните стандарди кои треба да ги поседува еден ваков систем за мониторинг.

АМБИОН – Не само што ги исполнува сите овие минимални стандарди туку во исто време Ви додава и дополнителна вредност во автоматско пополнување на обрасците кои се предвидени со HACCP системот а во исто време тимот кои стои зад ова решение Ви стои на располагање во изработка на сите дополнителни извештаи кои ќе Ви се појават во текот на Вашето работење.

Можноста за мониторинг и на други амбиентални параметри, автоматски бекап, интегрирање со Вашиот ЕРП систем, професионална и брза поддршка од тимот на производителот, се само дел од дополнителните вредности кои ова решение го прават најповолно и најмоќно решение во Македонија споредено со сите странски конкурентски решенија.

За сите дополнителни информации нашиот тим Ви стои на располагање, повикајте нѐ и ќе Ви извршиме детална презентација на АМБИОН.