ПРОБЛЕМ !!!

Водечките производители и продавачи на сладоледи губат и до 20% од произведениот сладолед поради проблеми со варирање на  температурата. Кога температурата ќе ги надмине дозволените вредности во еден или повеќе фрижидери или комори, тимот за поддршка праќа техничари за решавање на проблемот. Процесот на идентификација на проблемот и неговото решавање може да трае и повеќе од 5 часа.

Но, после помалку од 1 час веќе сладоледот почнува да се одмрзнува и топи. Растопениот сладолед кој повторно се замрзнува кристализира и овој сладолед преставува загуба за компанијата затоа што ги губи своите изворни својства и го губи својот квалитет.

Поради немање на соодветен мониторинг на варирање на температурата, лицата задолжени за контрола реагираа дури кога ќе приметат почеток на топење на сладоледот и додека лицата задолжени за одржување интервенираат сладоледот поради топењето станува несоодветен за консумирање и се смета за отпад. Во најлошото можно сценарио, кога се е оставено само на човечки фактор може да се случи воопшто или многу касно да се примети варирањето на температурата во коморите или дури и комплетно прекинување на ладењето. На овој начин компаниите кои се занимаваат со производство на сладолед поради варирање на температурите имаат скоро 20% загуби од произведениот сладолед.

sladoled

Решението е АМБИОН – Систем за мониторинг на температурата

За компаниите кои произведуваат и/или продаваат сладолед а сакаат да го решат проблемот со несоодветно мониторирање на температура  и бараат решение кое автоматски ќе ги алармира надлежните лица при појава на несоодветни температури одговорот е еден – АМБИОН Систем за мониторинг на температура.

АМБИОН – Овозможува континуирано мониторирање на температурата на сите локации каде тоа е потребно. Системот вклучува дигитални сензори (сонди) за мерење на температурата кој имаат прецизност од ±0.5оC што овозможува брза реакција при секоја промена на температурата надвор од дозволените вредности.

АМБИОН овозможува поставување на највисока и најниска  критична вредност на температурата секоја поединечна мерна точка. При секое надминување на овие вредности АМБИОН алармира до надлежните вработени и тоа преку звучен и визуелен аларм но и аларми преку СМС и преку електронска порака. Ова им овозможува навремена реакција и намалување на загубите на сладолед на компаниите.

АМБИОН нуди и можности за мониторинг на други амбиентални параметри, автоматски бекап, интегрирање со Вашиот ЕРП систем, професионална и брза поддршка од тимот на производителот, се само дел од дополнителните вредности кои ова решение им ги овозможува на компаниите.

[av_button label=’Побарај понуда’ link=’manually,http://ambionsystem.com/mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8/’ link_target=’_blank’ size=’large’ position=’right’ icon_select=’yes’ icon=’ue859′ font=’entypo-fontello’ color=’theme-color’ custom_bg=’#444444′ custom_font=’#ffffff’ av_uid=’av-a3na5′]