Складирање

Со векови, пештерите (кои обично се ладни и имаат постојана влажност) преставуваа одличен избор за зреење и чување на кашкавалот. Пештерите се уште се користат и  денес. Roquefort кашкавалот, на пример, се зрее во природните пештери Combalou во Франција.

Во повеќето случаи, складирање  на кашкавалот се одвива во простории со контролирани услови на температура и релативна влажност. Процесот на зреење на кашкавалот е од огромно значење затоа што токму во овој процес се дефинира неговиот вкус.

Целта на складирањето е да се создадат соодветни услови кои се неопходни за регулирање на процесот на зреење на кашкавалот.  Секој тип на кашкавал има потреба од  специфична комбинација на температура и релативна влажност и треба да се одржува во различни простории за складирање во текот на различните фази на зреење.

Условите на складирањето се од критична важност за процесот на созревање, губењето на тежината, формирањето на кората и развој на флора на површината на кашкавалот. Овие карактеристики се она што всушност ја прават разликата меѓу одредени типови на кашкавал.

Кашкавал

Оптимални услови за зреење

Еве неколку примери на потребните услови за зреење на одредени врсти на кашкавал:

Кашкавалот од типот  Cheddar бара ниска температура помеѓу 4 и 8 °C и релативна влажност помалa од 80%. Кашкавалот  често се зрее  завиткан во пластична фолија за да се спречи прекумерна загуба на вода. Времето на зреење може да варира помеѓу неколку месеци и до 8 или 10 месеци.

Кашкавалите како Emmental, имаат покомплексен процес на зреење;
3 до 4 недели се чуваат на температрурапомеѓу 8 и 12 °C, потоа следните  6 до 7 недели  на температура од 22 до 25 °C. Завршна фаза на созревање е неколку месеци на температура помеѓу 8 и 12 °C. Релативната влажност на воздухот останува секогаш помеѓу 85 и 90%.

Полутешките кашкавали како Tilsiter или Havarti најпрвин 2 недели во процесот на ферментација се чуваат на температура од 14 до 16 °C и релативна влажност од околу 90%. Во текот на процесот на ферментација, кашкавалот е покриен со посебен микс од култури во солен раствор. По 2 недели, кашкавалот се префрлува на созревање  во друга просторија уште 3 недели, на 10 до 12 °C и 90% RH. Во завршна фаза се чуваат во ладна просторија на 6 до 10 ° C до 70 до 75% RH.

Други тешки и полутешки кашкавали како Гауда се чуваат на температура од  10 до 12 ° C во период од неколку недели  а влагата во овој период изнесува 75% RH, по што следи процес на на чување на температура од 12 до 18 ° C и 80% RH. Последната фаза или созревањето се случува во посебни простории со следните услови: 10 до 12 ° C и релативна влажност од  75% RH каде што се дефинираат финалните карактеристики на овие типови на кашкавали.

АМБИОН – Вистински избор за производителите на кашкавал

Сите претходно изнесени информации покажуваат колку е важен мониторингот на температурата и релативната влажност во процесот на зреење на кашкавалот. АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност им овозможува на производителите на кашкавал непрекинат мониторинг на температурата и релативната влажност, аларми во случај на надминување на предвидените критични вредности, детални извештаи по сите мерни точки, и други дополнителни можности што ова решение го прави идеална алатка за производителите на кашкавал.

Одличната цена, различните извештаи, регулирање на законските обврски за HACCP, можности за модификации по барање на корисниците се само дел од причините зошто набавката на АМБИОН е Вашата вистинска бизнис одлука.

За повеќе информации и детална презентација на АМБИОН нашиот тим  Ви стои на располагање.