ИСО 22000 – Систем за управување со безбедност на храна

ИСО 22000 е  систем за управување со безбедност на храната. ИСО 22000 системот е така дизајниран за да обезбеди на компаниите во прехранбената индустрија  ИСО-базиран систем за сертификација за управување со безбедноста на храната, кој е признаен од страна на Иницијативата за глобална безбедност на храната (GFSI). Признавањето од страна на GFSI обезбедува признавање и прифаќање од страна на производителите на храна и трговците на мало во целиот свет.

ИСО 22000 како систем за управување со безбедност на храна во себе вклучува анализа за опасности и критични контролни точки (HACCP). Но, исто така вклучува и други управувачки процеси кои допринесуваат за безбедноста на храната. Поедноставно кажано  HACCP е дел од ISO 22000.

Системот за управување со безбедност на храна се интегрира едноставно со другите системи за управување, како што се ISO 9001 и ISO 14001. ИСО 22000  стандардот бара адекватната контрола во постапките на подготовка, производство и испораката на храната. Овие контроли се суштински по безбедноста на храната со цел да се елиминираат или намалат опасностите на прифатливо ниво. Постојат различни барања во зависност од вашата индустрија:

  • ISO / TS 22002-1: Преработка на храна
  • ISO / TS 22002-3: Земјоделство
  • ISO / TS 22002-4 Производство и пакување на храната

Предности за компанијата која поседува ИСО 22000

 

Управување со ризици

Прво и основно, воведувањето на ИСО 22000 системот ќе и обезбеди на вашата компанија  ефикасно управување на ризиците по безбедноста на храната со создавање на средина способна за производство на безбеден производ и систем за управување  кои континуирано овозможува управување, следење, потврдување и подобрување на системот на функционирање на компанијата.

Задржување  на постојните клиенти

Статистичките податоци покажуваат дека 1 од 4 сертифицирани компании бараат нивните добавувачи исто така да имаат сертификација. Шансите се огромни  дека ако се уште не ви побарале сертификација дека ќе биде побарана од Вас во блиска иднина. Вашата сертификација може да ви помогне да останете конкурентни и квалификувани за да продолжите да соработувате со вашите актуелни клиенти, како и да добиете пристап до нови можни клиенти.

 

Зголемен пазарен потенцијал

Големи трговците на мало и мултинационални производители или преработувачи, исто така бараат потврда за сертификација од своите добавувачи. Имајќи ИСО 22000 сертификација значи дека ќе се квалификувате за снабдување на овие компании со што си овозможувате отворање на нов голем пазар за вашите производи.

Подгответе се за идните законски промени

Земји низ целиот свет континуирано прават промени на прописите за безбедност на храна, вклучувајќи ги и  модернизација на  законите за безбедност на храната. ИСО 22000 ја подготвува вашата организација да се исполнат многу или повеќето од барањата  кои ги носат новите промени.

ИСО 22000 Мониторинг на температура и релативна влага

Мониторинг на температура

Во управувањето со системот на безбедноста на храната одредени процеси се идентификувани како критични и за нив е потребна континуирано следење и контрола. Што ќе се случува и што ќе се следи зависи од критични граници кои ќе се воспостават.  Еден од параметрите за кој е неопходно постојано следење е и температурата во повеќе чекори од производствениот процес во компанијата.

Утврдување на системот за следење на температура е важен фактор во развојот на системот за менаџирање на безбедноста на храната. Ако сте избрале опрема за следење на една специфична критична контролна точка, треба да се обезбедите дека таа е точна и рутински калибрирана за да осигурате дека ќе бидат исполнети критичните граници. 

При одлучувањето колку често ќе вршите мониторинг, треба да се осигура дека интервалот на мониторингот ќе биде соодветен за да се обезбеди контрола на опасностите. Вашата постапката за мониторинг треба да биде едноставна и лесно следлива.

АМБИОН – Систем за мониторинг на температура

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги задоволува сите претходно спомнати барања. Температурата се мониторира континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на обработка и чување на храната.

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности.

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои е процесирана и чувана храната, анализа на вредностите и преземање на соодветни мерки за да се подобрат безбедносните услови за чување и обработка на храната.

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение.

 

1 reply

Trackbacks & Pingbacks

  1. […] со стандардите за производство на храна ( HACCP, ISO 22000, […]

Comments are closed.