5 Предности од користење на систем за мониторинг на температурата и релативна влага

Постојат неколку начини за следење на амбиенталните услови во простгориите за складирање. Најчесто користен начин е употребата на мали, базични логери на податоци. За одредени апликации, логерот за податоци е доволен, на пример, за следење на  температура и  влага во простории, каде што нема опасност од оштетување на производите и едноставно Ви е потребна евиденција за референтни цели.

Меѓутоа, ако имате производи чувствителни на промена на температура и релативна влага, особено ако нема да бидете во просториите 100%  од времето, системот за мониторинг на амбиентални вредности со вклучен аларм кој континуирано ги следи состојбите ќе ви биде од огромна корист.

Постојат многу предности за користење на систем за следење на температурата и релативна влажност, подолу ние составивме 5 клучни фактори кој овој систем го потврдуваат како ефикасен метод за одржување на стабилни услови во просториите за чување на производи осетливи на промена на температура и релативна влага.

1) Заштедете пари

Користењето на систем за континуирано следење на температурата и релативна влага  ќе ви заштеди пари на долг рок, за потрошените акции, отповикувањата на производите итн. Ако постои потенцијален проблем, веднаш ќе бидете известени, пред да биде предоцна.

2) Ефикасно и соодветно

Сите извештаи автоматски се подготвуваат за вас, Вие не морате да мрднете со прст. Сите извештаи ќе бидат испратени до вас секое утро преку е-пошта.

АМБИОН Систем за следење на температура и релативна влажност

3) Достапно од било каде

Моменталните вредности на амбиенталните параметри можете да ги следите на секој уред (лаптоп, десктоп, мобилен, таблет) и од секоја локација. Извештаите и алармите  може да се праќаат директно до вас преку е-пошта и SMS за да не треба да губите време за проверка на секој одделен сензор во различни простории.

4) Лесен за користење

Некои системи за следење бараат  сложена инсталација и одржување што одземаат многу време, но со АМБИОН системот на Зонел Софтвер се е многу едноставно за поставување а неговото користење е многу едноставно и корисниците брзо се прилагодуваат на неговото користење.

5) Поповолно одошто мислите

AMBION Системот е достапен веќе од 490 евра и со големиот број на можни прилагодувања  е достапен за најразлични бизниси од мини маркети со неколку  фрижидери до големи производствени капацитети со голем број на ладилни комори и магацини каде има 100-тина мерни точки.

АМБИОН Системот за следење на температура и релативна влажност нудат пристапна цена, но сигурно решение за оние кои треба постојано да ги следат амбиенталните вредности во сите простории. Се надеваме дека 5 предности што се наведени погоре ќе ви помогнат да го одберете решението кое најдобро ќе одговори на вашите барања.

Ви требаат дополнителни информации?

Ако сакате повеќе информации за АМБИОН системот за мониторинг или имате дополнителни барања за кои сакате да разговарате, Ве молиме слободно контактирајте со нас. Можете да ни испратите порака, да оставите коментар, или да ни повикате на 075/356-233, нашиот тим ќе биде среќен ако може да Ви помогне.

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение.