Само неколку факти за предизвиците во ладниот синџир во прехрамбената и фармацевтската индустрија

Лошото следење на температурата во ладниот синџир води кон значителни загуби на производи и до зголемување на ризикот по здравјето на клиентите.

НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА ЛАДНИОТ СИНЏИР ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ХРАНА

  • 30% до 50% од храната произведена во целиот свет завршува како отпад секоја година.
  • Околу 75% од целиот отпад од храна се јавува во фазата на производство и дистрибуција: во синџирот на снабдување.
  • Во САД годишно се јавуваат 48.000.000 заболувања поврзани со храна, што доведува до 128.000 престои во болница и повеќе од 3.000 смртни случаи годишно.
  • До 1,9 милиони смртни случаи годишно се должат на прашањата поврзани со безбедноста на храната во земјите во развој.
  • До 2000 година, две третини од сите болести предизвикани од храна се должат на чување и производство на несоодветни  температури.
  • Инфекциите се првенствено резултат на брзо растење на бактериите во процесите на транспорт во синџирот на снабдување
  • 20% од домашните и комерцијалните фрижидери работат на температура> 10 °C. Но прописите за храна бараат ладење на 5 °C или помалку за да се спречи болеста.

Ладен синџир

 

НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА ЛАДНИОТ СИНЏИР ВО ФАРМАЦЕВТСКАТА ИНДУСТРИЈА

  • До 2015 година, 8 од 10 глобални фармацевтски производи  бараат складирање и ракување во ладен синџир од 2 °C – 8 °C
  • Студијата на УНИЦЕФ во Индија откри дека 18% од вакцините се наоѓаат надвор од потребниот температурен опсег од 2 °C – 8 °C за време на дистрибуцијата.
  • Фармацевтска индустрија на светско ниво потроши 8,4 милијарди долари за логистиката на ладниот синџир во 2014 година.

ЕФЕКТИВНО СЛЕДЕЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА ВО ЛАДНИОТ СИНЏИР СПРЕЧУВА ГУБЕЊЕ НА ПАРИ, ГУБЕЊЕ НА РЕПУТАЦИЈАТА НА КОМПАНИЈАТА И ГУБЕЊЕ НА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ!!

АМБИОН – Систем за мониторинг на температура

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги задоволува сите барња на индустријата за производство на храна и фармацевтската индустрија. Температурата се мониторира континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на обработка и чување на храната.

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности.

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои е процесирана и чувана храната, анализа на вредностите и преземање на соодветни мерки за да се подобрат безбедносните услови за чување и обработка на храната.

Дополнително со АМБИОН ТЕРМОГРАФ кој преставува уред за континуирано мерење на температура во Вашите транспортни возила Вие имате континуиран увид во измерените вредности на температура при транспортот на производите.  Системот ги запишува и чува измерените вредности и овозможува печатење на листа на измерените вредности при транспорто и моменталната вредност на температура.

Време е за акција СЕГА!!!

Побарајте не! Тимот кој е одговорен за АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност Ви стои на располагање за презентација на решението и да Ви помогне во неговата имплементација.