3 Златни правила за ладен ланец во прехранбената индустрија

Ладен ланец

Ладен ланец се користи од страна на голем број на различни бизниси кои се занимаваат со производство, транспорт, складирање, малопродажба и дистрибуција на оладена и замрзната храна.

За одредена храна, се поставуваат бараните услови во ладниот ланец што се однесуваат на максималните (а понекогаш и минималните) барања за температура и временскиот период за кој може да се дозволи храна да остане неразладувана.

Одржување  на соодветните услови во  ладниот ланец осигурува дека храната е безбедна за јадење кога ќе стигне до потрошувачот, е со соодветен  квалитет и е во рамките на рокот на траење одреден од страна на неговиот производител. Секое нарушување на поставените услови во ладниот ланец може да влијае на квалитетот на храната, должината на рокот на траење или, во најлош случај, да ја направат храната небезбедна за јадење.

Услови во ладниот ланец

Условите во ладниот ланец се утврдени со три правила:

  • “НИКОГАШ ПОВИСОКА ОД“, правило кое се однесува на температурата
  • “МАКСИМАЛЕН ПЕРИОД БЕЗ ЛАДЕЊЕ“, правило кое се однесува на времето
  • “ПРВ ИСТЕКУВА ПРВ ИЗЛЕГУВА“, правило кое се однесува на начинот на ротација на залихата

За да се поддржат овие три правила, развиени  се повеќе упатства за да се објасни како овие правила можат да се применат и за да се идентификуваат прашањата на кои треба да се  внимава, во различни фази на ладниот ланец, како што се производството, складирањето, транспортот, малопродажба, домашна испорака и угостителство.

Амбион

Правило “НИКОГАШ ПОВИСОКА ОД“

Ова правило е поврзано со температурата:  Се наведува максималната температура при која храна треба да се транспортира, чува и ракува. Во случај на изладена храна, во ова правило дополнително се воведува и минималната температура (ДА СЕ ЧУВА НАД)  за да се осигура дека храната не е оштетена од замрзнување.

Упатство

Секој производител може да ги дефинира правилата  “НИКОГАШ ПОВИСОКА ОД“ и  “ДА СЕ ЧУВА НАД“ за температурите што ги смета за неопходни за безбедноста и квалитетот на неговиот производ, општите упатства за ладниот ланец препорачуваат две температури:

  • ИЗЛАДЕНАТА ХРАНА мора да се транспортира, складира и да се ракува на температури НИКОГАШ ПОВИСОКА ОД + 5 °C; и
  • ЗАМРЗНАТАТА ХРАНА (вклучувајќи и сладолед) мора да се транспортира, складира и ракуваат на температура НИКОГАШ ПОВИСОКА ОД -18 °C.

Овие упатства, исто така препорачуваат ИЗЛАДЕНАТА ХРАНА да се складира и да се транспортира според препораката ДА СЕ ЧУВА НАД 0 °C за да не се замрзнат производите и да се оштетат со формирање на кристали од мраз.

Чување на записите

Во секој чекор од ладниот ланец треба да се чуваат следниве податоци:

  • Температурата на храната при прием и како е одредена истата
  • Запис за измерените температури при транспорт, складирање и ракување со храната.
  • Температурата на храната при испорака и како е одредена истата

Амбион Термограф

Правило “МАКСИМАЛЕН ПЕРИОД БЕЗ ЛАДЕЊЕ“

Ова правило е поврзано со временско ограничување: со ова правило се наведува максималниот период кога храната од ладниот ланец може да биде надвор од контролирана околина (на пр. При истовар), без да се прекршат предвидените услови на ладниот ланец.

Упатство

Додека вистинското временско ограничување го одредуваат производители производители, овие упатства препорачуваат некои временски периоди кои се соодветни за одредени производи.

За изладена храна

  • Кога ИЗЛАДЕНАТА ХРАНА се истоварува на собна температура или во климатизирани услови од + 5 °C до + 15 °C, “МАКСИМАЛЕН ПЕРИОД БЕЗ ЛАДЕЊЕ“ е 20 минути.
  • Кога ИЗЛАДЕНАТА ХРАНА се истоварува во ладни простории со температури од + 0 °C до + 5 °C, не е нарушено правилото “НИКОГАШ ПОВИСОКА ОД“ и поради тоа не е потребен временски лимит.

За замрзната храна

  • Кога ЗАМРЗНАТА ХРАНА се истоварува на собна температура, “МАКСИМАЛЕН ПЕРИОД БЕЗ ЛАДЕЊЕ“ е 20 минути.
  • Кога ЗАМРЗНАТА ХРАНА (освен сладолед) се истоварува во климатизирани услови од + 5 °C до + 15 °C, “МАКСИМАЛЕН ПЕРИОД БЕЗ ЛАДЕЊЕ“ е 60 минути.
  • Кога ЗАМРЗНАТА ХРАНА (освен сладолед) се истоварува во ладни простории од + 0 °C до + 5 °C, “МАКСИМАЛЕН ПЕРИОД БЕЗ ЛАДЕЊЕ“ е 90 минути.
  • Сладолед и слични производи реагираат многу побргу од останатата замрзната храна на температури повисоки од -18 °C и најдобро е да се ракуваат од фрижидер во фрижидер секогаш кога е тоа можно. , “МАКСИМАЛЕН ПЕРИОД БЕЗ ЛАДЕЊЕ“ за сладоледот независно од амбиенталните температури е 20 минути

Систем за мониторинг на температурите во ладниот ланец

За ефективно следење на условите на ладниот ланец потребен е соодветен систем за следење на температурите во сите делови на ладниот ланец.

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги задоволува сите претходно спомнати барања. Температурата се мониторира континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на обработка и чување на храната.

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности.

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои е процесирана и чувана храната, анализа на вредностите и преземање на соодветни мерки за да се подобрат безбедносните услови за чување и обработка на храната.

Време е за акција СЕГА!!!

Побарајте не! Тимот кој е одговорен за АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност Ви стои на располагање за презентација на решението и да Ви помогне во неговата имплементација.