Со AMBION TermoPlus ја следиме секоја температура од 0°C до +1000°C

Мониторинг на температурата во индустриското производство

Следењето на температурата е од суштинско значење при индустриското производство за да се намали производната загуба, да се ублажи намаленото производство или да се минимизира појавата на оштетени производи.

Ние во Зонел Софтвер знаеме дека може да се појават голем број фактори кои можат да придонесат за  изложување на вашата опрема или производи на температури што би можеле да предизвикаат многу високи загуби за Вашата компанија. Ние соработуваме со експерти во индустријата за да развиеме соодветни решенија за мониторинг на температура посебно за индустрискиот пазар.

Мониторинг на температура на хемикалии

Ние знаеме дека хемикалиите се многу чувствителни на температура. Одржувањето на безбеден температурен опсег при работењето, складирањето или транспортирањето на хемикалиите е од клучно значење и за безбедноста и за ефикасноста на самите производи.

Во Зонел Софтвер развивме решение за следење на температура со кое ќе се  обезбеди безбедноста на Вашите вработени и производите. Со AMBION TermoPlus  системот за следење на температурата  брзо ќе знаете дали вашите производи се изложени на потенцијално опасни температури.

Мониторинг на температура во автомобилската индустрија

Стабилно решение за следење на температурата е врвен приоритет за автомобилската индустрија. Техничкиот тим на Зонел Софтвер работеше на развивање на решенија за следење на температурата кои обезбедуваат долгорочна стабилност и прецизни мерења на температурата, дури и при екстремни температури.

Од производни процеси до складирање и дистрибуција, AMBION TermoPlus e  решение кое на автомобилската индустрија и помага за да се осигури безбедноста  и квалитетот на производите.

AMBION TermoPlus

Мониторинг на температурата во индустријата каде се користат Бои, Премази и Лепила

Карактеристиките на  процесите во кои се користат бои, премази и лепила се такви да тие се природно чувствителни на температура. Ако овие производи се изложени на температури надвор од одреден опсег, тие може да станат нестабилни, неправилно дејствуваат и генерално да резултираат со компромитирани перформанси на производите.

Многу бои, премази и лепила, исто така, содржат потенцијално запалив и отровен материјал. Одржувањето на овие производи во одреден температурен опсег е од суштинско значење за безбедноста.

AMBION TermoPlus е решение за следење на температурата за да Ве предупреди ако нешто е изложено на екстремни услови кои можат да влијаат врз безбедноста, квалитетот или интегритетот на Вашиот производ.

AMBION TermoPlus

Што преставува AMBION TermoPlus

Напредно решение за следење, евиденција и анализа на температурата во различни индустрии каде се изведува индустриска термичка обработка и каде се чуваат производи осетливи на промена на температурата.

Мерење на температура во реално време до 5 мерни точки. Графички и аналитички извештаи за измерените температури. Анализа на измерените температури во одреден период за одреден сензор (сонда) со можност за филтрирање на податоците по различни критериуми.

Алармирање по пат на електронска порака (e-mail)  или СМС при надминување на предефинирани
критични вредностина температурата.

Време е за акција СЕГА!!!

Побарајте не! 

075/356-233

Тимот кој е одговорен за АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност Ви стои на располагање за презентација на решението и да Ви помогне во неговата имплементација.