Мониторингот на температурата на храната им овозможува на сопствениците на ресторани и другите бизниси со храна, како што се преработката на храна, производителите и големопродажните компании, да имаат прецизно следење на температурата на нивните капацитети за чување храна. Ова може да помогне да се обезбедат соодветни процедури за безбедност на храната. Следењето на соодветната температура на чување на храната е од клучно значење за многу бизниси. Ова решение е потребно за секој бизнис со храна, во индустријата или пак услужните установи како што се: болници, установи за нега, па дури и училишта.

  • Сензорите за следење на температура на храна може да им помогнат на претпријатијата да ги следат насоките за безбедност на храна.
  • Сензорите за следење можат автоматски да ја следат температурата константно и да обезбедат ажурирани и најпрецизни податоци.
  • Сензорите за следење на температурата може да Ви испратат известување на Вашиот паметен телефон доколку температурата е под зададениот праг.

Несоодветното ладење на храната за време на транспортот и складирањето чини милијарди американски долари годишно. Всушност, на годишно ниво приближно една третина од храната произведена во светот за човечка консумација, или околу 1,3 милијарди тони храна, се фрла. Несоодветното складирање на храната доведува до прекумерно количество на отпад од храна и изгубен приход и други ресурси. Дополнително, регулаторните стандарди стануваат построги и потешки. Постои засилување на прописите за секоја фаза на логистика и дистрибуција на храна, вклучувајќи ги и следниве во различни земји: HACCP, хигиенски пакет, EN 12830, FDA и Законот за модернизација на храна (FSMA) во САД.

Покрај изгубениот приход и храна, несоодветните температури на храната за време на транспортот, складирањето и сервирањето претставуваат ризик за јавното здравје на популацијата. Растот на бактериите во исхраната може да доведе до сериозни болести. Всушност, речиси половина милион луѓе ширум светот го губат животот поради труење со храна. Покрај тоа, доколку годишно не фрламе 25 проценти од храната поради неправилно складирање и транспорт, би можеле со истата да се прехранат речиси милијарда луѓе ширум светот. Правилното следење на температурата би можело да помогне да се спречи отпадот од храна, особено поради тоа што рачното следење на температурата подложи на човечки грешки, вклучувајќи го и неуспешното редовно регистрирање на температурата како и неточните мерења или недоволното следење.

АМБИОН – Систем за мониторинг на температура

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги  задоволува сите барања на индустријата за производство на храна и фармацевтската индустрија. Температурата се мониторира континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на обработка и чување на храната.

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности.

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои е процесирана и чувана храната, анализа на вредностите и преземање на соодветни мерки за да се подобрат безбедносните услови за чување и обработка на храната.

Дополнително со АМБИОН ТЕРМОГРАФ кој преставува уред за континуирано мерење на температура во Вашите транспортни возила Вие имате континуиран увид во измерените вредности на температура при транспортот на производите.  Системот ги запишува и чува измерените вредности и овозможува печатење на листа на измерените вредности при транспорто и моменталната вредност на температура.

Време е за акција СЕГА!!!

Побарајте не! Тимот кој е одговорен за АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност Ви стои на располагање за презентација на решението и да Ви помогне во неговата имплементација.