Во услови на пандемија и економска криза производството и дистрибуцијата на храна и лекови е еден од најважните процеси за секоја држава и општество. Безбедноста и квалитетот на овие производи е основна цел на сите производствени и трговски компании. Еден од најважните сегменти во производствениот и дистрибутивниот процес е обезбедување на идеални амбиентални услови на производите во целиот овој процес. Без прецизно и точно евидентирано мониторирање на амбиенталните вредности производителите и трговците не можат да бидат сигурни и да гарантираат за безбедноста на своите производи. Во продолжение прочитајте зошто мониторингот на температура е од витално значење во време на пандемија:

Отежната дистрибуција на храна и лекови

Поради рестрикциите за движење, намаленото работно време и капацитет на компаниите, целиот дистрибутивен процес за време на пандемија се одвива во отежнати услови. Сето ова ја зголемува потребата производите да бидат чувани и дистрибуирани во идеални услови, како би го продолжиле рокот на траење и квалитетот на производите во услови кога и малопродажните компании и потрошувачите прават поголема залиха на храна и лекови.

Храната мора да се чува на точно определена температура за време на транспортот за да се спречи растот на бактериите кои предизвикуваат труење со храна.

  • храната што треба да се лади мора да се чува под 5 ° C
  • топлата храна мора да се чува над 63 ° C
  • замрзнатата храна мора да се чува на -18 ° C

Доколку имате прашања како да креирате беспрекорен систем за мониторинг на температура во Вашиот производствен погон, магацин или дистрибутивно возило, повеќе совети можете да побарате тука.

пандемија

Регулативи на Светска здравствена организација (СЗО)

Светската здравствена организација (СЗО), исто така, има конкретни упатства за добра пракса за складирање на лекови, каде се наведени посебни услови за чување на производите (на пример, температура и релативна влажност), кои треба да бидат обезбедени и да се следат и евидентираат. Се препорачува лековите да се чуваат во амбиентални услови на суви и добро проветрени простории на температура од 15-25 ° C.

СЗО опфаќа насоки и за транспортот и препорачува користење на уреди за следење на температурата да се користат и при транспорт на лековите.

СЗО препорачува дека податоците кои се евидентирани за време на  мониторингот на  температурата треба да биде достапни за разгледување и дополнителни анализи. Европската добра дистрибутивна пракса препорачува температурно мапирање и редовна калибрација на опремата за следење.

Во криза не смеете да си дозволите загуби на стоката

Несомнено пандемијата ќе предизвика економска криза која ќе го доведе во опасност опстојувањето на многу микро и мали компании. Исто така, во услови на економска криза, проблемот со расипување на поголем број на производи може да значи крај за многу мали и микро бизниси. Покрај обезбедувањето на протокот на пари и средства за нормално функционирање на бизнисот, производствениот и дистрибутивниот процес е многу важен, од проста причина што не смеете да си дозволите да фрлите поголема количина на стока поради расипување. Мониторингот на температурата ја игра една од најважните улоги во безбедноста и квалитетот на Вашите производи.

Моќно решение за безбедни производи

Три карактеристики се најважни кои мора да ги поседува Вашиот систем за мониторинг на амбиентални вредности:

  • Навремено алармирање за промената на температурата
  • Темелна документација и извештаи
  • Исполнување на сите стандарди и автоматско пополнување на HACCAP извештаите

Креиравме моќно решение кое ја гарантира безбедноста и квалитетот на Вашите производи. Не мора повеќе да се грижите дали Вашите вработени ќе потфрлат во контролата на производствениот процес. Ја елиминиравме секоја можност за човечка грешка. Отсега ќе имате комплетна контрола на Вашиот бизнис и од Вашиот дом со помош на интелигентно решение кое ќе Ве алармира по пат на SMS или e-mail доколку има било каква промена на температурите во вашиот производствен погон или магацин. Одберете безбедни и квалитетни производи за стабилен бизнис! Закажете бесплатен консултативен разговор!