Со воведувањето на HACCP системот, прехранбената индустрија изминативе 50 години бележи значителни промени во насока на безбедност и квалитет на прехранбените производи. Но сепак, поразувачки податок е тоа што и денеска во ера на дигитализација и технолошки развој голем број на компании HACCP системот го спроведуваат со помош на хартија и пенкало. Во продолжение прочитајте зошто е важно да го дигитализирате HACCP системот:
Каде потфрлуваат хартијата и пенкалото?
Една од најкомплексните точки во спроведувањето на HACCP системот е мониторингот на амбиенталните вредности и точната евиденција на температурните промени. Токму во овој сегмент најмногу потфрлува стариот добар начин на рачно хартиено евидентирање на податоците. Рачното пополнување на списоците одзема премногу време, ја намалува продуктивноста на вработените и подлежи на факторот човекова грешка. Покрај ова, можеби најголемиот пропуст е во тоа што рачната евиденција им ја ускратува можноста на технолозите и менаџерите во реално време да ја следат промената на температурните вредности.
Следење во реално време значи дека со помош на дигитализацијата имате можност за поставување на критични вредности на температурна промена за кои системот ќе Ве алармира. Ова е многу значајно бидејќи многу производствени компании имаат повеќе комори каде се складира храна, а рачното проверување не секогаш обезбедува можност за навремена реакција.
Дигитализацијата е одлична можност да ги заштитите податоците. Хартијата не е сигурна бидејќи постои можност да се оштети или изгуби поради различни околности. Дигитализацијата на HACCP системот е сигурен пат за безбедни и квалитетни производи.
Дигитализацијата значи дека се грижите за Вашите клиенти
Одговорноста која ја имаат производителите на храна и лекови е значително поголема од останатите производители. Не постои можност за грешка. Пуштање во промет на расипани производи значи крај за Вашата репутација. За жал, луѓето не простуваат грешки од овој вид. Одговорна компанија сигурно не би си играла со здравјето на своите клиенти. Додека во минатото можеби и постеле можности за изговори, со развојот на технологијата таа привилегија се чини дека е целосно елиминирана. Искористете ја можноста за целосна дигитализација. Технолошкиот развој не би имал никаква поента и смисла доколку не работи во полза на човештвото.
Квалитетен систем за мониторинг на амбиентални вредности е алката која долго време недостасуваше за максимална имплементација на HACCP системот. Автоматското пополнување на HACCP извештаите, темелната електронска документација, извештаите и системот за електронско алармирање по пат на СМС или Е-Маил ќе Ви помогне да останете мирни и да имате контрола над Вашиот бизнис каде и да се наоѓате. Мониторингот значи дека имате целосна контрола над ситуацијата. Останете будни! Само компанија која искрено се грижи за своите клиентите ги оправдува своите цели. Доколку имате повеќе прашања околу тоа како може целосно да го дигитлизирате HACCP системот во Вашата компанија, подготвени сме да Ви пружиме максимална поддршка. Закажете консултативен разговор!