Почитувани дами и господа, ни претставува чест да Ве поканиме на вебинарот:

Како да имплементирате систем за управување со безбедност на храна?

Ексклузивен настан на кој ќе зборуваме за безбедноста на храната, имплементација на ISO 22000 и НАССР стандардите, режим на чување и манипулација на храна, системи за управување со безбедност на храна, како да спроведете систем за мониторинг на температура и влага, како до поквалитетни производи, зголемен профит и среќни и задоволни клиенти….

За кого е настанот?

За сите компании или поединци кои работат со расипливи производи (млечна и месна индустрија, овошје и зеленчук… и.т.н.). За сите кои бараат нешто повеќе за себе и за својот бизнис. За сите кои сакаат да произведуваат безбедни и квалитетни производи за своите клиенти. За сите кои сакаат да бидат чекор пред конкуренцијата.

Кои сме ние?

Зонел Софтвер е софтверска компанија која изминативе 30 години помага во развојот на македонските компании преку имплементација на софистицирани софтверски решенија. Нашата мисија е на клиентите да им обезбедиме моќни решенија кои ќе го извлечат најдоброто од нив. Веруваме и сме сведоци дека преку транспарентна, отворена, професионална и искрена соработка, може да се изгради деловна соработка базирана на вистински вредности.

ДЕЛ Солушн Д.О.О. е компанија која на пазарот нуди професионална и квалитетна услуга фокусирана во областа на менаџмент консалтингот, бизнис планирањето и едукацијата. Друштвото е посветено на ефективно и ефикасно работење, применува проактивен пристап кон решавање на проблемите и големо внимание придава на задоволството на клиентите.

Агенда:

19:00 – 19:05                     Вовед

19:05 – 19:25                     Системи за безбедност на храна          

19:25 – 19:35                     Прашања и одговори

19:35 – 19:50                     Како успешно да спроведете мониторинг на температура и влага?

19:50 – 20:00                     Прашања и одговори

20:00 – 20:10                     Завршна дискусија

Водител на настанот ќе биде Марјан Анѓеловски – Маркетинг асистент (Зонел Софтвер). Говорници и специјални гости се Стојадин Стојановиќ – Менаџмент консултант (ДЕЛ Солушн Д.О.О.) и Гоце Џуровски – Менаџер за маркетинг и продажба (Зонел Софтвер).За да се заштитиме сите од Ковид-19, овој настан ќе се одржи преку платформата Zoom.

Резервирајте го Вашето присуство. Не пропуштајте да дознаете моќни информации за оваа ексклузивна деловна можност.

За да се заштитиме сите од Ковид-19, овој настан ќе се одржи преку платформата Zoom. (https://zoom.us/j/97921327571?pwd=YUI5dlZlSmFYSUtkWkJPUnc0djh4QT09 Meeting ID: 979 2132 7571 Passcode: 791318)

Резервирајте го Вашето присуство. Не пропуштајте да дознаете моќни информации за оваа ексклузивна деловна можност.