Пред нас е уште едно долго топло лето. За секој производител или дистрибутер на храна, ова значи дека нема простор за грешка. Секоја грешка во некој од процесите може да значи ризик за Вашите ценети клиенти. Следењето на температурата е најважен сегмент на кој треба да се посветите максимално. Во продолжение прочитајте неколку круцијални совети кои ќе Ви помогнат како да имате секогаш безбедни и квалитетни производи за Вашите клиенти.

Што е важно при транспортот и приемот на робата?

Без разлика дали имате трговија на големо, или пак имате малопродажен објект или ресторан, мора да внимавате на процесот при транспортот и складирање. Мора да внимавате храната при транспортот да биде во безбедната зона. Безбедна зона е 0-5˚С или 60 ˚С и повисока. Доколку правите прием на роба, ако храната е испорачана надвор од безбедната зона, не сте обврзани да ја прифатите. Особено ризично е доколку храната при транспортот патувала повеќе од 2 часа надвор од безбедната температурна зона. Побарајте од Вашиот дистрибутер да Ви достави температурна листа. Доколку сте дистрибутер, Ваша должност и обврска е да ги испорачате производите во идеални услови и за истото да му доставите доказ на Вашиот клиент. За безбедни производи за сите! Транспортот на производите мораа да биде во идеални услови! Доколку Ви се потребни повеќе информации околу тоа како да воспоставите систем за мониторинг на температура во Вашето возило, можеме да Ви помогнеме. Побарајте бесплатен совет!

Како да ја чувате храната во идеални услови?!

Бидејќи станува сè пожешко во текот на летните месеци, бизнисите со храна треба да бидат претпазливи за соодветно да се чува храната во безбедната зона (помеѓу 0-5 ˚C). Потребно е  дневно следење и евидентирање на температурата во фрижидерите за да се осигура дека истите можат да ја одржуваат температурата во идеалните пропишани температурни маргини. Постојат повеќе методи за чување на храната. Потребно е најпрво да обезбедите соодветни услови и да го обучите персоналот правилно да го следи методот што сте го одбрале. Најлесен и најефикасен начин за следење и евидентирање на температурата во фрижидерите е преку систем за автоматско следење на температурата. Прочитајте повеќе!

Доколку се појават проблеми за време на следењето на температурата на фрижидерот, Ве молиме, осигурете се дека ги преземате и запишувате преземените корективни активности за да се осигурете дека храната е безбедна. На пример, доколку е утврдено дека некој од фрижидерите е на 11 ˚С, веднаш преместете ја храната во друг фрижидер со температура од 0-5 ˚C, додека техничките лица не го решат проблемот. Сето ова треба да го евидентирате во извештаите! Системот за мониторинг на температура е најважна алатка во целиот процес! Побарајте повеќе информации како да воспоставите систем за мониторинг на температура на следната форма: Закажете онлајн состанок!

Зготвената храна чувајте ја топла!

Зготвената храна исто така мора да ја чувате во безбедната температурна зона над 60 ˚C. Бизнисите како рестораните кои испорачуваат или сервираат зготвена храна, должни се да имаат контрола на температурата кога храната се држи топла подолго од 2 часа како би биле сигурни дека температурата е над 60 ˚C.

Подобро е храната да се потроши на време отколку да се фрли, или пак, најлошата варијанта да ги доведете Вашите клиенти во ризик. Една од опциите е Вашите вработени да евидентираат на хартија кога храната е извадена од кујната и колку време истата стои пред да биде послужена или испорачана. Но, секако најефикасен начин е спроведување на систем за мониторинг на температура со сензори кои ја мерат и евидентираат температурата.

Забелешка: Ако загреаната храна се најде во опасната зона (помеѓу 5-60 ˚C), може да се загрее на над 75 ˚C и да се сервира во рок од 4 часа, во спротивно истата МОРА да се исфрли.

Соработка за стабилен бизнис!

Тука сме за да Ви дадеме поддршка! Да Ви помогнеме како да имплементирате беспрекорен систем за мониторинг на температура! За стабилен бизнис! За соработка базирана на вистински вредности! Закажете консултативен разговор!