Системот за следење на температура и влажност во фармацијата дава детални информации за температурата и нивото на влажност на складирање на медицински производи. Веднаш ќе бидете известени доколку некој од контролираните параметри е надвор од дозволените граници.

Што добивате со воведување на ваков систем:

Намалете ја можноста за расипувањето на Вашите производи

Клучниот персонал прима предупредувања во реално време преку е-пошта или СМС, ако влажноста или температурата во Вашите складишта се надвор од дозволениот опсег.

Следете ги амбиенталните вредности од каде било

Пристап до системот за следење 24/7 преку Интернет.

Целосна усогласеност со законските регулативи

Следењето на температурите помага да се усогласите со Добрите практики за складирање кои преставуваат обврска во повеќето земји.

Спречете дефект на опремата

Добивате навремени информации за можните знаци за рано предупредување што можат да помогнат да се спречи дефект на медицинската опрема за ладење.

Заштедете време и ресурси

Системот за следење автоматски ги следи температурата и влажноста, така што нема потреба од рачна проверка.

Опис на системот за следење на температурата за веледрогерии, аптеки  и лаборатории

AMBION System   преставува паметен систем за следење на температурата за аптеките, медицинските складишта и лаборатории, кој обезбедува ефикасен начин да се знае дали не работи опремата за ладење и со тоа да се заштедат пари за да се избегне расипување на производот. Фармацевтските производи многу често подлежат на законодавство кое бара складирање или транспорт на производи на претходно дефинирана температура. Системот за следење испраќа предупредувања преку е-пошта или СМС до персоналот доколку фармацевтските производи се изложени на температури надвор од опсегот пропишан за нивно складирање или транспорт.

Системот за следење на температурата е соодветен за фармацевтски складишта со комплексна инфраструктура со мешавина од области за складирање,  комори, фрижидери и замрзнувачи. Системот за мониторинг работи добро во болници, аптеки, лаборатории, банки за крв и ткива. Компактниот дизајн на дигиталните безжични сензори за температура овозможува нивна употреба дури и во мали капацитети за складирање како мала просторија за ладење, како и во ладилници, фрижидери и замрзнувачи.

Веб базиран софтвер за следење на температурата и влажноста

Статистички податоци од сензорите обработени во софтверот со избор на интервал од 5 минути до 1 час. Можете да ги проверите моменталните  отчитувања на секој сензор, како и историските податоци за секој период за секој сензор. Постои опција за праќање на информација по  е-пошта или СМС-известувања доколку температурата или влажноста излегуваат од дефинираниот опсег. Софтверот овозможува дневно и неделно известување за измерените вредности. Иако системот за следење на температурата за аптеките, веледрогериите и лабораториите извршува сложени операции, тој е едноставен за употреба и лесен за инсталирање.