Одржување на идеални амбиентални услови е единствен начин како да имате константно квалитетни и безбедни производи. Имплементирање на системот на добра дистрибутивна пракса е најдобар начин со кој ќе бидете сигурни дека производите постојано се произведуваат и чуваат според стандардите за квалитет. Ако температурите и влажноста на магацинот не се чуваат под контрола, тие би можеле да го нарушат хемискиот баланс на складираната стока. Хемиските промени често тешко се забележуваат и можат да создадат опасност, особено кај стоките наменети за човечка исхрана. Ова се 5 правила кои ќе Ви помогнат:

1. Мапирајте ја областа подложна на ризик

Прв и многу важен чекор е да се пронајдат точките во магацинот кои се склони кон температурни промени. Треба да дознаете кои области имаат флуктуирачка температура врз основа на времето од денот, близината до влезовите или излезите и вентилацијата. Температурата влијае и на релативната влажност, па затоа вреди да се обрне внимание и на тоа. Откако ќе ги идентификувате овие области и ќе ги документирате, истите треба да бидат основа за поставување на систем за мониторинг и температура и влага, кој е секако најважен сегмент во процесот на обезбедување на идеални амбиентални услови. Мапирањето треба да ги земе предвид сите фактори кои можат да придонесат за варијабилноста на температурата, како што се големината на просторот, локацијата на опремата за климатизација, ѕидовите свртени кон сонце, ниските тавани или покривите, географската локација на областа што се мапира, протокот на воздух во складиштето, температурната варијабилност надвор од локацијата за складирање, варијација на работниот тек и движење на опремата (ден на недела наспроти викенд), шеми на полнење или складирање на производот, можности на опремата (на пр., режим на одмрзнување, режим на циклус) и оперативни процедури.

2. Спречете создавање на мувла

Во текот на денот, нивото на влажност може да се движи околу 30 %, но во текот на ноќта, влажноста може да се зголеми и до 80%. Една од најкритичните последици од несоодветната температура и влажност во вашиот магацин е појавата на мувла. Мувлата е еден вид габа што живее од распаѓање на биолошката материја. Вдишувањето и постојаното изложување на спори на мувла во затворени простори или области кои немаат соодветна вентилација може да резултираат со сериозни респираторни заболувања. Мувлата расте преку ослободување на спорите, кои се микроскопски и практично невозможни да се искоренат. Овие спори патуваат низ воздухот, а потоа се таложат на површината и почнуваат да растат. За спорите да напредуваат, тие треба да имаат доволно храна за да ја одржат габата. Како и да е, лесно им е да најдат храна како и секоја органска материја. Храна за мувлата во магацинот може да бидат материјалите за пакување како картонски кутии, дрвени гајби и други органски елементи што се чуваат таму. Правилниот мониторинг на температурата и влагата е најдобар начин за спречување на создавање на мувла.

3. Минимизирајте ја инфилтрацијата на воздухот

Една од најчестите причини за губење на енергијата се температурните флуктуации. Еден од проблемите е отворањето на вратите на подолг период во случаеви на прием и складирање на роба во магацинот или коморите. Одличен начин за решавање на овој начин е да се користат завеси со винилни ленти на вратите за да се намали загубата на ладен воздух.

Користењето ЛЕД осветлување исто така, може значително да помогне. Иако ЛЕД светилките можеби се поскапи, тие се постабилни и помалку се загреваат. Автоматизирање на осветлувањето со помош на сензори може да помогне од непотребно загревање на просториите, во ситуации кога не е потребно осветлување.

Поставување на вентилација на таванот може значително да помогне. Поради помалата густина, топлиот воздух се концентрира на највисоките области од вашиот магацин. Ова може да го наруши температурниот баланс во вашиот магацин. Користењето вентилатори може да му помогне на воздухот да циркулира и да ја прераспредели топлината.

4. Правилно складирање на прехранбените производи

Прехранбените производи складирајте ги најмалку 15 сантиметри над подот и најмалку 50 сантиметри подалеку од надворешните ѕидови за да ги намалите шансите за кондензација предизвикана од температурните разлики помеѓу производот и површината на која лежи. Исто така, поради температурните разлики, обрнете внимание производите да се минимум 15 сантиметри под таванот. Оваа навидум безначајна процедура многу помага во спречувањето на расипување на производите.

5. Имплементирајте систем за мониторинг на температура и влага

Системите за ладење не можат да спроведат соодветен мониторинг. Токму поради тоа HACCP системот налага системот за мониторинг да биде одвоен од системот за ладење. Но сепак, токму на овој сегмент потфрлуваат најмногу компании. Немањето целосна контрола над сите процеси од производство до складирање и дистрибуција на храната е горка мака која значи тивка стагнација на бизнисот. Рачното пополнување на HACCP извештаите одзема премногу време, ја намалува продуктивноста на вработените и подлежи на факторот човекова грешка. Покрај ова, можеби најголемиот пропуст е во тоа што рачната евиденција им ја ускратува можноста на технолозите и менаџерите во реално време да ја следат промената на температурните вредности. Прочитајте тука како брзо и едноставно да го дигитализирате HACCP системот и како да воведете комплетен мониторинг во Вашата компанија.

Постои решение кое Ви помага да ја имате контролата над бизнисот во свои раце. Никогаш повеќе нема да зависите од факторот човекова грешка. Никогаш повеќе нема да имате страв од инспекции. Постои начин како до идеален бизнис! Ви стоиме на располагање во спроведување на целиот процес. Закажете консултативен разговор.