Во индустриите кои работат со расипливи производи, како на пример, храна и лекови, еден од најважните фактори за успешност на бизнисот е правилен производствен и дистрибутивен процес каде се запазени сите стандарди кои гарантираат безбедност и квалитет на производите.

Мониторингот на температура и влага е секако еден од најважните сегменти во целиот процес, доколку сакате да имате секогаш квалитетни и безбедни производи. Покрај мониторингот на температура во Вашиот магацин или производствен погон, многу важно е да обезбедите мониторинг на температура и влага во возилата при целиот дистрибутивен процес.

Зошто мониторинг во возилата?

Ваша должност е да обезбедите идеални амбиентални услови при транспортот на производите. Системите за следење на температура и влага се стандарден дел од спецификациите за транспорт на производи во контролирани услови и истите се законски пропишани. Со мониторингот на температурата и влагата во возилата при транспортот можете да обезбедите доказ дека Вие му ги предавате производите на Вашиот комитент во идеални амбиентални услови. Во случаеви каде можеби, Вашиот комитент, од било какви причини не ги чува производите во пропишаните амбиентални услови, при евентуални проблеми со производите, Вие многу лесно ќе можете да докажете дека Вие сте му ги предале производите во идеални услови, со што би ја заштитиле Вашата компанија од било какви правни и други санкции. Но секако, најважно од се е тоа што со правилен мониторинг секогаш ќе имате квалитетни и безбедни производи за Вашите комитенти и потрошувачи.

Добра дистрибутивна пракса

Добрата дистрибутивна пракса, исто така, ја наведува температурата како битен фактор при транспортот на лекови и истата треба да се одржува во предвидените граници за време на транспортот. При транспортот треба да е обезбеден систем за следење на температурата и евидентирање на измерените вредности.

AMBION Термограф за квалитетни и безбедни производи!

Конечно на пазарот имаме комплетно македонско решение кое ќе Ви ги реши сите предизвици во поглед на мониторингот на амбиенталните вредности во Вашите возила. AMBION ТЕРМОГРАФ преставува уред за континуирано мерење на температура и влага на до две независни мерни точки во Вашите транспортни возила. Системот ги запишува и чува измерените вредности и овозможува печатење на листа на измерените вредности и моменталните вредности на температура и влага. Најважно од сѐ, со AMBION Термограф добивате и комплетна поддршка и систем кој реално беспрекорно функционира. Прочитајте повеќе!

Создадете стабилен систем!

Тука сме за да Ви дадеме поддршка! Да Ви помогнеме како да имплементирате беспрекорен систем за мониторинг на температура! Комплетно решение за мониторинг во Вашиот магацин, производствен погон, транспортно возило и продажно место. За стабилен бизнис! За соработка базирана на вистински вредности! Закажете консултативен разговор!