Без разлика дали сте вработени, невработени, имате сопствен бизнис или сте трговец поединец, на секој од нас добро ќе ни дојде дополнителен месечен приход. Особено во овие турбулентни времиња. Дополнителен приход може да бидат токму оние средства кои ни недостасуваат секој месец за да имаме комотен живот. Почнете да заработувате екстра профит уште овој месец!

Препорачај го Ambion и заработи дополнителен месечен приход

Иако можеби сте зафатени и немате време за дополнителна работа, тоа не е причина за да не заработувате. Што мислите за заработка за која практично и не Ви е потребно дополнителна работа? Сте заработиле некогаш од препорака? Сите ние препорачуваме. Некогаш препорачуваме книги, филмови, храна, ресторани… Препорачуваме работи за кои сме сигурни дека ќе бидат задоволни нашите пријатели. Препорачајте им на Вашите клиенти, пријатели или деловни соработници одличен систем за мониторинг на температура и влага и заработете дополнителен приход!

Одлична можност за компании кои работат со системи за ладење и климатизација

Оваа деловна можност е супер прилика за компании кои работат со системи за ладење и климатизација. Со додавањето на Ambion во Вашето портфолио на производи, ќе можете на Вашите комитенти да им понудите комплетно решение со кое покрај системот за ладење и климатизација ќе добијат и одлично решение за мониторинг на температура и влага. Со ова Вашите комитенти ќе имаат систем кој ги задоволува сите стандарди на HACCP, кој налага системот за климатизација да биде одвоен од системот за мониторинг на температура, односно да биде сосема различен и независен систем. Ова е супер прилика да ги зголемите приходите на Вашата компанија без да инвестирате во развој, одржување, поддршка и сервис. Како наш партнер ќе добиете комплетна поддршка околу инсталација, сервис и одржување на системот кај Вашите комитенти. Не ја пропуштајте оваа можност! Регистрирајте се како деловен партнер на Амбион Систем!

Зошто е Амбион најдобро решение за Вашите комитенти?

Ambion е решение кое Ви помага да ја имате контролата над бизнисот во свои раце. Никогаш повеќе нема да зависите од факторот човекова грешка. Никогаш повеќе нема да имате страв од инспекции. Ambion не е систем за мониторинг кој само ќе Ви го продадат, па Вие да му ја мислите како ќе го инсталирате, дали ќе функционира и да се чудите што да правите кога ќе се појават првите проблеми. Конечно имате можност да соработувате со компанија која искрено се грижи за Вашиот бизнис. Позади Ambion стои тим на луѓе кои се грижат сè да биде во најдобар ред. Конечно имате беспрекорен чувар на Вашите производи! 

Прочитајте тука: Зошто е Амбион најдобро решение за Вашите комитенти?

Ефикасно спроведување на HACCP системот!

Квалитетен систем за мониторинг на амбиентални вредности е алката која долго време недостасуваше за максимална имплементација на HACCP системот. Автоматското пополнување на HACCP извештаите, темелната електронска документација, извештаите и системот за електронско алармирање по пат на СМС или e-mail ќе Ви помогне да останете мирни и да имате контрола над Вашиот бизнис каде и да се наоѓате. Мониторингот значи дека имате целосна контрола над ситуацијата.

Заедница фокусирана на успех!

Станете дел од заедница која е фокусирана на успех! Во животот, кога нешто даваме, добиваме повеќекратно! Помогнете им на Вашите клиенти да ги остварат своите цели. Бидете главна поддршка во сите нивни предизвици. Тоа е единствен сигурен пат до остварување и на Вашите цели!

Регистрирајте се како деловен партнер на Амбион Систем!