Топлината е непријател број еден во сервер собите. Во случаеви кога температурата е под препорачаното ниво, опремата е изложена на ризик од дефект. Во најлош случај може да дојде до трајно уништување на системот. Покрај тоа, со зголемување на температурата во сервер собата, се зголемува и енергијата потребна за да се излади, што значи повисоки трошоци за електрична енергија. Најважен момент во регулирањето на температурата и влагата во сервер собите е воведување на систем за мониторинг со кој ќе бидете сигурни дека опремата е во идеални амбиентални услови.
Како системот за мониторинг може да Ви заштеди пари?
Следењето на температурата му помага на менаџментот правилно да ги регулира системите за ладење со што компанијата би добила значителна заштеда. Ладењето на сервер собата троши многу електрична енергија.
Постојат меѓународни стандарди кои препорачуваат температурата во сервер собите помеѓу 22°C и 26°C. Со оваа температура може да се постигне максимална ефикасност заштедувајќи до четири или пет проценти во трошоците за енергија.
Зошто е важно да ја следите влажноста на воздухот?
Следењето на влажноста е исто толку важно како и следењето на температурата. Стандардните нивоа на релативна влажност треба да бидат помеѓу 40% и 60%.
Сè што е надвор од тој опсег ќе доведе или до акумулација на статички електрицитет или до почеток на корозија. И двете подеднакво можат да ја оштетат опремата. Затоа, многу важно, покрај температурата, да ја следите и влажноста на воздухот во сервер собите.
Придобивките од следењето на температурата во сервер собите
- Го намалува ризикот од чест прекин на интернетот поради проблеми со опремата
- Штеди електрична енергија
- Го намалува ризикот од оштетување на компјутерската опрема
- Заштеда на трошоци кои настануваат поради честа промена или сервисирање на компјутерската опрема
- Ја подобрува ефикасноста и ја зголемува долготрајноста на опремата
- Помага во планирање и менаџирање на ресурсите
Можеме да Ви помогнеме да воспоставите беспрекорен систем за мониторинг
Квалитетниот систем за мониторинг на амбиентални вредности е многу важна алка за безбедноста на компјутерската опрема во сервер собите. Темелната електронска документација, извештаите и системот за електронско алармирање по пат на СМС или Е-Маил ќе Ви помогне да останете мирни. Мониторингот значи дека имате целосна контрола над ситуацијата. Доколку имате повеќе прашања околу тоа како може да воспоставите беспрекорен систем за мониторинг, подготвени сме да Ви пружиме максимална поддршка. Закажете консултативен разговор!