Posts

Еве ја тајната како да имате најквалитетно овошје и зеленчук

Процесот на складирање и чување на овошјето и зеленчукот е еден од најважните процеси кои влијаат на квалитетот. Иако, штом го соберете од нивата не можете да го подобрите квалитетот, сепак можете значително да влијаете на тоа какви производи ќе завршат кај крајните купувачи. Џабе сте одиграле добар натпревар доколку на крајот сепак не постигнете добар резултат. Со обезбедување на идеални услови можете значително да го продолжите рокот на траење и квалитетот на овошјето и зеленчукот. А со самото тоа, да им обезбедите на Вашите клиенти поквалитетни производи од тоа што се навикнати да најдат на пазарот. Како да обезбедите идеални услови? Во продолжение прочитајте ја тајната:

Продолжете го животот на овошјето и зеленчукот

Свежото набрано овошје и зеленчук се живи, иако тие веќе не се повеќе на растението. Тие дишат, исто како луѓето, а нивниот состав и физиологија продолжува да се менува и по бербата. Тие продолжуваат да зреат и да изумираат. Клеточното распаѓање и смрт (стареење) се неизбежни, но може да се забаваат со оптимални услови за чување. Свежото овошје и зеленчук бараат ниска температура (0 до 13 °C) и висока релативна влажност (80 до 95 проценти) за да се намали испарувањето и да се забави метаболизмот и  стапката на загуба на вода. Преку забавување на овие процеси се намалува загубата на вода и се одржуваат  хранливата вредност и квалитет на овошјето и зеленчукот.

Кои се идеалните услови?

Температурата и релативната влажност играат најважна улога во обезбедувањето на идеални услови за чување на овошјето и зеленчукот. На висока релативна влажност, овошјето и зеленчукот ја одржува продажната  тежина, изглед, хранливото својство и вкус. Со тоа се намалува омекнувањето и скапувањето на производите. Надворешните фактори кои влијаат на стапката на губење на вода во овошјето и зеленчукот се температурата, релативната влажност на воздухот, брзина на воздухот и атмосферскиот притисок. Високите температури, ниска релативна влажност и високата брзина на движење на воздухот најмногу влијаат на пораст на загубата на вода.

овошјето и зеленчукот

Испарувањето и брзината на метаболизмот се директно поврзани со температура на чување на производот. Повисока стапка на испарување значи побрзо расипување на производите. Пониската температура значи забавување на процесите на испарување, зреење и стареење, со што се  продолжува рокот за складирање на овошје и зеленчук.

Ниските температури, исто така, го забавуваат растот на патогените габи кои предизвикуваат расипување на овошје и зеленчук во коморите. Производителите треба да обрнат  посебна грижа и внимание на соодветни услови за чување на производите со висока до екстремно висока стапки на испарување. Кај овие производи нивното расипување се случува многу побрзо.

Повеќе информации околу тоа која е идеалната температура и релативна влажност за секој производ посебно, можете да прочитате тука.

Мониторинг за задоволни и среќни клиенти

Мониторингот на температурата и влагата е најважен сегмент во обезбедувањето на идеални услови за складирање на овошјето и зеленчукот. Без мониторинг немате никаква контрола над условите во кои ги чувате производите. Мониторингот значи будно следење на она што Ви е навистина важно. Мониторингот значи дека имате контрола над сопствениот бизнис.  Не можете на друг начин да влијаете на условите во кои го чувате овошјето и зеленчукот освен будно мониторирање 24/7. Воспоставете систем за мониторинг кој по електронски пат ќе Ве алармира за состојбата и за било каква промена на амбиенталните вредности во вашите магацини. Што мислите за e-mail и sms известување за сите важни промени на амбиенталните вредности? Не оставајте ништо на случајноста. Можноста за електронски аналитички и графички извештаи и следењето на температурата и влагата во реално време значи квалитетни производи за Вашите клиенти. Доколку Ви се потребни повеќе информации како може да имплементирате систем за мониторинг на температура и влага во Вашиот бизнис, повеќе информации можете да побарате тука.

Зошто е важно да го дигитализирате HACCP системот?

Со воведувањето на HACCP системот, прехранбената индустрија изминативе 50 години бележи значителни промени во насока на безбедност и квалитет на прехранбените производи. Но сепак, поразувачки податок е тоа што и денеска во ера на дигитализација и технолошки развој голем број на компании HACCP системот го спроведуваат со помош на хартија и пенкало. Во продолжение прочитајте зошто е важно да го дигитализирате HACCP системот:

Каде потфрлуваат хартијата и пенкалото?

Една од најкомплексните точки во спроведувањето на HACCP системот е мониторингот на амбиенталните вредности и точната евиденција на температурните промени. Токму во овој сегмент најмногу потфрлува стариот добар начин на рачно хартиено евидентирање на податоците. Рачното пополнување на списоците одзема премногу време, ја намалува продуктивноста на вработените и подлежи на факторот човекова грешка. Покрај ова, можеби најголемиот пропуст е во тоа што рачната евиденција им ја ускратува можноста на технолозите и менаџерите во реално време да ја следат промената на температурните вредности.

Следење во реално време значи дека со помош на дигитализацијата имате можност за поставување на критични вредности на температурна промена за кои системот ќе Ве алармира. Ова е многу значајно бидејќи многу производствени компании имаат повеќе комори каде се складира храна, а рачното проверување не секогаш обезбедува можност за навремена реакција.

HACCP системот

Дигитализацијата е одлична можност да ги заштитите податоците. Хартијата не е сигурна бидејќи постои можност да се оштети или изгуби поради различни околности. Дигитализацијата на HACCP системот е сигурен пат за безбедни и квалитетни производи.

Дигитализацијата значи дека се грижите за Вашите клиенти

Одговорноста која ја имаат производителите на храна и лекови е значително поголема од останатите производители. Не постои можност за грешка. Пуштање во промет на расипани производи значи крај за Вашата репутација. За жал, луѓето не простуваат грешки од овој вид. Одговорна компанија сигурно не би си играла со здравјето на своите клиенти. Додека во минатото можеби и постеле можности за изговори, со развојот на технологијата таа привилегија се чини дека е целосно елиминирана. Искористете ја можноста за целосна дигитализација. Технолошкиот развој не би имал никаква поента и смисла доколку не работи во полза на човештвото.

Квалитетен систем за мониторинг на амбиентални вредности е алката која долго време недостасуваше за максимална имплементација на HACCP системот. Автоматското пополнување на HACCP извештаите, темелната електронска документација, извештаите и системот за електронско алармирање по пат на СМС или Е-Маил ќе Ви помогне да останете мирни и да имате контрола над Вашиот бизнис каде и да се наоѓате. Мониторингот значи дека имате целосна контрола над ситуацијата. Останете будни! Само компанија која искрено се грижи за своите клиентите ги оправдува своите цели. Доколку имате повеќе прашања околу тоа како може целосно да го дигитлизирате HACCP системот во Вашата компанија, подготвени сме да Ви пружиме максимална поддршка. Закажете консултативен разговор!

5 Предности од користење на систем за мониторинг на температурата и релативна влага

Постојат неколку начини за следење на амбиенталните услови во простгориите за складирање. Најчесто користен начин е употребата на мали, базични логери на податоци. За одредени апликации, логерот за податоци е доволен, на пример, за следење на  температура и  влага во простории, каде што нема опасност од оштетување на производите и едноставно Ви е потребна евиденција за референтни цели.

Меѓутоа, ако имате производи чувствителни на промена на температура и релативна влага, особено ако нема да бидете во просториите 100%  од времето, системот за мониторинг на амбиентални вредности со вклучен аларм кој континуирано ги следи состојбите ќе ви биде од огромна корист.

Постојат многу предности за користење на систем за следење на температурата и релативна влажност, подолу ние составивме 5 клучни фактори кој овој систем го потврдуваат како ефикасен метод за одржување на стабилни услови во просториите за чување на производи осетливи на промена на температура и релативна влага.

1) Заштедете пари

Користењето на систем за континуирано следење на температурата и релативна влага  ќе ви заштеди пари на долг рок, за потрошените акции, отповикувањата на производите итн. Ако постои потенцијален проблем, веднаш ќе бидете известени, пред да биде предоцна.

2) Ефикасно и соодветно

Сите извештаи автоматски се подготвуваат за вас, Вие не морате да мрднете со прст. Сите извештаи ќе бидат испратени до вас секое утро преку е-пошта.

АМБИОН Систем за следење на температура и релативна влажност

3) Достапно од било каде

Моменталните вредности на амбиенталните параметри можете да ги следите на секој уред (лаптоп, десктоп, мобилен, таблет) и од секоја локација. Извештаите и алармите  може да се праќаат директно до вас преку е-пошта и SMS за да не треба да губите време за проверка на секој одделен сензор во различни простории.

4) Лесен за користење

Некои системи за следење бараат  сложена инсталација и одржување што одземаат многу време, но со АМБИОН системот на Зонел Софтвер се е многу едноставно за поставување а неговото користење е многу едноставно и корисниците брзо се прилагодуваат на неговото користење.

5) Поповолно одошто мислите

AMBION Системот е достапен веќе од 490 евра и со големиот број на можни прилагодувања  е достапен за најразлични бизниси од мини маркети со неколку  фрижидери до големи производствени капацитети со голем број на ладилни комори и магацини каде има 100-тина мерни точки.

АМБИОН Системот за следење на температура и релативна влажност нудат пристапна цена, но сигурно решение за оние кои треба постојано да ги следат амбиенталните вредности во сите простории. Се надеваме дека 5 предности што се наведени погоре ќе ви помогнат да го одберете решението кое најдобро ќе одговори на вашите барања.

Ви требаат дополнителни информации?

Ако сакате повеќе информации за АМБИОН системот за мониторинг или имате дополнителни барања за кои сакате да разговарате, Ве молиме слободно контактирајте со нас. Можете да ни испратите порака, да оставите коментар, или да ни повикате на 075/356-233, нашиот тим ќе биде среќен ако може да Ви помогне.

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение. 

Услови за чување на овошје и зеленчук

Соодветни услови за чување на овошјето и зеленчукот, температура на складирање и влажност, се потребни за продолжување на рокот на траење и одржување на квалитетот на земјоделските производи. 

Откако земјоделскиот производот е веќе собран  невозможно е да се подобри неговиот квалитет. Загубите на градинарски култури поради неправилното складирање и ракување може да се движат од 10 до 40 проценти. 

Свежото набрано овошје и зеленчук се живи, иако тие веќе не се повеќе на растението. Тие дишат, исто како што луѓето го прават, а нивниот состав и физиологија продолжува да се менува и по бербата. Тие продолжуваат да зреат и, конечно, тие почнуваат да изумираат. Клеточното распаѓање и смрт (стареење) се неизбежни, но може да се забаваат со оптимални услови за чување. Свежото овошје и зеленчук бараат ниска температура (0 до 13 °C) и висока релативна влажност (80 до 95 проценти) за да се намали испарувањето и да се забави метаболизмот и  стапката на загуба на вода. Преку забавување на овие процеси се намалува загубата на вода и се одржуваат  хранливата вредност и квалитет на овошјето и зеленчукот. 

Релативна влажност 

Стапката на транспирација (загубата на вода од производот) се утврдува преку содржината на влага на воздухот, кои обично се изразува како релативната влажност. На висока релативна влажност, производство ја одржува продажната  тежина, изглед, хранливото својство и вкус, додека пропаѓањето, омекнување и скапувањето се намалуваат. Зеленчукот со висок сооднос на површина  во однос на волумен; повредените производи; и недоволно зрелото овошје и зеленчук имаат повисоки стапки на транспирација. Надворешните фактори кои влијаат на стапката на  транспирација се температурата, релативната влажност на воздухот, брзина на воздухот и атмосферскиот притисок. Високите температури, ниска релативна влажност и високата брзина на движење на воздухот влијаат на пораст  на загубата на вода. 

Релативната влажност треба да биде следена во коморите.  Систем за мониторинг на релативна влажност е вистинското решение наместо обичен влагометар или пак проценка спрема изгледот на производот.   

Контролата на влагата може да се постигне преку повеќе методи: 

  • Користење на овлажнувачи на воздухот 
  • Регулирање на движењето на воздухот и вентилација во коморите.  
  • Користење на бариери за влага за изолација на просторот за складирање и просторот за превоз 
  • Влажнење на подот во коморите за чување на овошје и зеленчук. 
  • Користење на дробен мраз за пакување на производите при транспорт 
  • Прскање на листовите на одредени типови на зеленчук со вода. 

Во следната табела можете да ги погледнете оптималните влажност за чување на различни видови на овошје и зеленчук. 

чување на овошјето и зеленчукот

Температура 

Испарувањето и брзината на метаболизмот се директно поврзани со температура на чување на производот. Повисока стапка на испарување значи побрзо расипување на производите. Пониската температура значи забавување на процесите на испарување, зреење и стареење, со што се  продолжува рокот за складирање на овошје и зеленчук. 

Ниските температури, исто така, го забавуваат растот на патогените габи кои предизвикуваат расипување на овошје и зеленчук во коморите. Производителите треба да обрнат  посебна грижа и внимание на соодветни услови за чување на производите со висока до екстремно висока стапки на испарување. Кај овие производи нивното расипување се случува многу побрзо. 

Невозможно е да се даде една препорака за складирање на сите овошје и зеленчук. Климата во областа каде што потекнува култура, локацијата на производните капацитети, времето на берба, зрелоста на производот  се важни фактори во одредувањето на оптимална температура. Во табелата можете да ги погледнете општите препораки за чување во ладилни комори на различни видови на овошје и зеленчук.  

Комори за складирање 

Различните култури  бараат различни услови на чување, поради ова разликуваме три различни  типови на капацитети за чување на овошје и зеленчук: 

  • Ладилници (температура 0 до 2 °C). 
  • Ладно складирање (температура 4 до 13 °C). 
  • Топло складирање (температури од 13 до 16 °C)   

Следење на температурите со помош на Систем за мониторинг на температура е корисен во одредување дали во просториите за складирање се одржуваат соодветни услови за чување на овошјето и зеленчукот. Користењето на Систем за континуирано следење на температура и релативна влажност ќе Ви овозможи оптимални услови за максимална должина на чување на производите и минимизирање на оштетувањата на производот во текот на неговото складирање. Ова ќе влијае врз задоволството на Вашите корисници, помалку расипани производи и можност за флексибилност во чување на производите на подолг рок додека се чекаат соодветни пазарни услови за негова продажба.  

 АМБИОН – Систем за мониторинг на температура 

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги задоволува сите претходно спомнати барања. Температурата и влагата се следат  континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на чување на овошјето и зеленчукот. 

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата и влага. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности. 

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои се чувани производите, анализа на измерените вредности и преземање на соодветни мерки за да се подобрат услови за чување на овошје и зеленчук. 

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение. 

Решенија за управување со ладен ланец за снабдување

Управувањето со ладниот ланец за снабдување е комбинација од многу активности за да се осигура дека различни производи чувствителни на промена на температурата како што се храна, зеленчук и овошје,  вакцини, сладолед итн се складираат и транспортираат на соодветна температура од производителот преку транспортот се  додека производот не стигне до крајниот корисник или потрошувач преку дистрибутивни канали. Ако ланецот е нарушен во било која точка, производот станува неупотреблив во однос на неговиот квалитет и безбедност за користење од крајните корисници.

Нашиот тим и производите  од палетата на АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност се тука да Ви помогне со  различните процеси кој се дел од управувањето со ладниот ланец за снабдување.

Мониторинг на температурата и релативната влажност

АМБИОН Системот за мониторинг на температура и релативна влажност континуирано ги следи вредностите на температурата и влагата на онолку локации колку што е потребно во Вашите простории за складирање на производите и во производните погони. Преку посебниот производ АМБИОН Термограф се овозможува следење, запишување и печатење на измерените вредности на температура и релативна влажност при транспорт на производите.

АМБИОН Ви овозможува и аналитички и графички извештаи за измерените вредности на секоја мерна точка во одреден временски период. Во случај на надминување на однапред зададените вредности на температура и релативна влажност АМБИОН Ви овозможува аларми кој преку СМС, електронска пошта, визуелно и преку звучен аларм ќе Ве информираат веднаш за проблематичните вредности  и ќе бидете во можност да навремено реагирате и да спречите нарушување на квалитетот и безбедноста на Вашите производи.  

Студии за  температурно мапирање, валидација  и квалификација

Нашиот тим е тука да Ви помогне во процесот на мапирање на Вашите простории за да се одредат соодветните точки каде ќе се постават сензорите за мерење на температура и релативна влажност во Вашите простории за складирање на производите. Во исто време можеме да Ви понудиме и услуги на валидација и квалификација на Вашите простории за складирање за да потврдите дека Вашите простории се соодветно опремени за чување на производи осетливи на промена на температурата и влагата.

Консултации за управување со ладниот ланец за снабдување

ЗОНЕЛ Софтвер со својот тим е на Ваше располагање со консултации за соодветно складирање и дистрибуција на производи осетливи на промена на температура и релативна влажност. Ова вклучува препораки за соодветно дизајнирање на просториите за складирање на производите, препорака за соодветна опрема, начин на користење на возилата итн.

Време е за акција СЕГА.

Побарајте не! Тимот кој е одговорен за АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност Ви стои на располагање за презентација на решението и да Ви помогне во неговата имплементација.

Колку е важна температурата на која се чуваат вакцините?

Складирање на  вакцините не е сложено, само треба да се обезбеди температура на складирање на вакцините е од 2° C до 8° C, или тие ќе бидат оштетени или уништени. Еве зошто:

Над 8°C

Над 8°C  вакцините почнуваат да се расипуваат и нивниот рок на траење почнува драстично да се намалува. Колку е повисока температурата толку побргу се расипуваат вакцините.

Се стремиме за 5°C

5°C е идеална температура за складирање на вакцините … точно во средината на сигурната зона помеѓу 8°C и 2°C.

Под 2°C

Ако вакцините замрзнат тие се веќе неупотребливи. Еднаш замрзнатите вакцини се комплетно неефикасни. 2°  е долната граница на сигурната зона за складирање на вакцините.

Зошто да се користат специјални услови за складирање на вакцините?

Вентилатори

Обезбедуваат соодветна дистрибуција на температурата во целиот простор за складирање и оневозможуваат постоење на точки со многу ниска или многу висока температура.

Компјутерска контрола

Попаметна контрола на температурата на која се чуваат вакцините обезбедува да условите за чување бидат цело време соодветни. На многу места и на многу локации сеуште се користат решенија со тајмери кои се далеку по неефикасни и дозволуваат потенцијално расипување на вакцините.

Аларми

Звучните аларми овозможуваат брза реакција на вработените. Ова е добра дополнителна заштита во случај на проблеми со температурата.

Надворешен екран

Надворешниот екран овозможува да вработените имаат информации што се случува во просториите за складирање без да влегуваат внатре и со тоа ги нарушуваат условите во магацинот.

vakcini

Сакате да бидете мирни?

Избегнете стрес и грижи околу тоа дали Вашите вакцини се сигурни. Со користење на АМБИОН системот за мониторинг на температура, ги заштитувате Вашите вакцини но и Вашата репутација.

Дефект на системот за ладење

Ако имате проблеми со Вашиот систем за ладење, информацијата ќе ја добиете навремено за да не дозволите да се случат поголеми проблеми.

Прекин на електрична енергија

Вашиот систем за ладење нема да може да Ве извести дека нема електрична енергија, АМБИОН системот за мониторинг ќе добиете информација ситуација кога ќе има прекин со снабдување на електрична енергија.

Двоен мониторинг

Најголем проблем е секогаш дали системот за ладење ја прикажува всушност точната температура во складот? Наједноставен начин е да го воведете АМБИОН системот за мониторинг на температура кој ќе Ви овозможи независен мониторинг на температурата во просториите каде ги чувате Вашите вакцини.

Дали сакате врвна заштита?

 
Далечински мониторинг

АМБИОН Ви овозможува мониторинг на вашите локации од Вашиот мобилен телефон во секое време и од секоја локација – додека сте дома, на работа или на плажа.

Аларми

Кога има проблеми со температурите во просториите каде ги чувате вакцините АМБИОН Ви испраќа аларми преку СМС и преку e-mail. Ова Ви овозможува навремено да реагирате и да го остраните проблемот

Потполно автоматизиран систем

Заштедете време и човечки ресурси. АМБИОН автоматски ги мониторира Вашите простории каде ги чувате вакцините.

Дејствувајте сега!

Немојте никогаш повеќе да запишувате температури рачно. Поставете го АМБИОН системот и оставете го да тој ја врши работата за Вас. Не чекајте да Ви се случи хаварија и да изгубите илјадници евра.

Време е за акција СЕГА.

Побарајте не! Тимот кој е одговорен за АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност Ви стои на располагање за презентација на решението и да Ви помогне во неговата имплементација.