13.3 милиони евра преку новиот повик на ИПАРД!

Владата на Република Северна Македонија и  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавија нов повика за ИПАРД програмата!

Заклучно со 11- ти февруари сите кои сакаат да аплицираат за добивање на средства од ИПАРД 2 Програмата, ќе можат да доставуваат барања за реализација на инвестиции преку мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

Со овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.

Вкупно на располагање на овој јавен повик се ставени 13.352.375,68 милиони евра. Оваа мерка се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за: млеко и млечни производи, месо и производи од месо вклучително јајца и живина, овошје и зеленчук, житарици, мелнички продукти и скроб, растителни производи и маснотии од животни, шира, вино и оцет, производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарната и секундарната биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

На повикот може да аплицираат правни лица регистрирани во Централниот регистар Република Северна Македонија, а се наоѓаат во ранг на микро, мали и средни претпријатија согласно критериумите наведени во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕК.

Критериуми за големина на претпријатие:

Ранг на претпријатие Број на вработени Годишен приход

(обрт)

Биланс на состојба
Микро 10 2 милиони € 2 милиони €
Мало 50 10 милиони € 10 милиони €
Средно 250 50 милиони € 43 милиони €

 

Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

cold chain

Мониторингот на амбиенталните вредности клучен за квалитетни производи!

Една од најважните инвестиции за кои може да ги искористите средствата од ИПАРД програмата е секако имплементацијата на сигурен систем за мониторинг на амбиентални вредности. Следење на температурата е критична операција за многу повеќе индустрии отколку што претпоставувате. Постојат и многу законски регулативи или регулативи поврзани со имплементација на одредени индустриски стандарди, кои имаат потреба за следење на температурата и, исто така, има потреба од доказ (записи) дека сите релевантни барања за следење на температура се исполнети. Податоците за температурата што се собираат мора да бидат анализирани и презентирани во извештаите до соодветните институции и, исто така, се чуваат во досие за измерените температури по објекти за повеќе години.

AMBION SYSTEM преставува примарна алатка за следење на  температура во голем број на индустрии. Производите или средините во  кои треба да се следи температурата, обично се врзани со безбедноста на потрошувачите на еден или друг начин. Без разлика дали тоа е  храна или вакцини, недостатокот од мониторинг на температурата при нивното складирање или манипулација може да биде апсолутно опасно за крајниот потрошувач.

Конечно пред Вас е решение кое ќе Ви обезбеди безбедност и квалитет на Вашите производи! AMBION SYSTEM –  Вашиот чувар на квалитетот! Заборавете веќе на загубите поради расипани производи. Доста ја фрлате Вашата иднина во депонија! AMBION SYSTEM ќе ве алармира за секое пречекорување на потребните маргини по пат на mail или смс! Доста го трошите драгоценото време на непотребни работи. Имате можност извештајот за HACAPP да се пополнува автоматски!

Изборот на AMBION SYSTEM е вистинскиот чекор, затоа што со својата адаптибилност лесно може да се имплементира во  голем број на сектори кои се подржани со ИПАРД 2 програмата и да одговори на сите предизвици за мониторинг на температура и релативна влажност.

AMBION SYSTEM е комплетно македонски производ и поради тоа тој е прифатлив за да го користите при имплементација на Вашите проекти со кои конкурирате во ИПАРД 2 програмата.

Животот и бизнисот е сплет на можности, препреки и одлуки. Единствено се разликуваме по одлуките кои ги носиме! Донесете победничка одлука! За подетални информации како може да ја искористите програмата на ИПАРД Ви стоиме на располагање. Закажете бесплатен консултативен разговор!